27.08.2013, 13:26 ЕК бара да се исполнат сите точки од мартовскиот договор
Ова денеска во Брисел го потврди Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе
Европската комисија очекува да бидат исполнети сите точки од договорот од 1 март, со кој беше разрешена политичката кр��за во Република Македонија, па и во однос на можноста за одржување на предвремени парламентарни избори во нашата земја. Ова во изјава за дописникот на МИА од Брисел, денеска го потврди Петер Стано портпарол на комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.
Прашан да го коментира одбивањето на опозициската СДСМ есенва да се одржат предвремени избори, што го понуди премиерот Никола Груевски, а беше нивно цврсто барање и се најде во договорот што го посредуваше и Филе, заедно со европратениците Ричард Ховит и Јержи Бузек, гласноговорникот на првиот човек за проширување на Унијата со одговор: „ Договорот од 1 март, каде посредуваше и Европската комисија заедно со Европскиот парламент е важен и ние очекуваме истиот да се имплементира во однос на сите точки. Ние потсетуваме дека е важно и Владата и опозицијата да осигураат сите точки од овој договор да бидат имплементирани што е можно побрзо, конкретен е Стано.
Портпаролот на Филе исто така ја повтори вчерашната изјава на еврокомесарот за резултататот од работата на Комисијата за истраги на собраниските настани, потенцирајќи дека ЕК е јасна и ги очекува следните акции и имплементацијата на заклучоците и препораките од овој извештај.
|