26.08.2013, 15:11 ЛП бара да се повлече законот за медиуми
Либералната партија на Македонија смета дека по потпишувањето на Извештајот на ад-хок Комисијата сите сили треба да се насочат кон добивање на Извештај од ЕК кој ќе нотира дека политичката криза останува зад нас, а оти институциите имаат политички капацитет низ конструктивен дијалог да произведат политички процес што ја води државата и граѓаните кон интеграциите.
"За таа цел, ЛП ја повикува ВМРО-ДПМНЕ први придобивки од ваквиот нов пристап кон манифестирање суштинска политичка зрелост веќе од денес да се манифестираат низ три чекори. Прво да се повлечат законите за аудио и аудио-визуелни услуги и за медиумите, второ да се достават Основи на буџетските проекции од страна на Министерството за финансии и Владата до Собранието до септември 2013 со кои ќе се претстават финансиските проекции на државата согласно кои ќе се пристапи кон евентуален ребаланс во текот на 2013 година, како и оние на кои ќе биде заснован Буџетот за 2014 година. Трето да се утврди Платформата за македонските ЕУ и НАТО интеграции и решавање на спорот за името од страна на Собранието, предложена од ЛП", изјави во Собранието претседателот на ЛП и пратеник Ивон Величковски.
|