27.08.2013, 10:36 Мадона е најплатена позната личност
Минатата година, познатата пејачка заработила 125 милиони американски долари
Поп дивата Мадона е најплатената позната личност според листата на Форбс. Минатата година таа заработи 125 милиони американски долари.
Пејачката го надмина второпласираниот Стивен Спилберг (100 милиони долари) откако нејзината турнеја МДНА заработи повеќе од 300 милиони долари.
Спилберг, кој го имаше големиот хит минатата година „Линколн“, поголемиот дел од приходите ги заработи од своите поранешни хитови како „Е.Т.“ и „Паркот Јура“.
- Успехот на Мадона на 55 години само ја покажува неверојатна моќ на успешна музичка кариера, изјави репортерката на Форбс, Дороти Померантз.
Форб прави годишен список на заработувачки на познатите, така што користи податоци за приходите од нивните агенти, менаџери и продуценти.
Не ги земаат предвид даноците, надоместоците за агентите или другите трошоци за живот на познатите личнсоти.
Успехот на Мадона се споредува со оној од 2009 година, кога заработи 110 милиони долари.
Но, падна на второ место минатата година кога Опра Винфри го презеде водството, пишува Форбс. Опра оваа година заработила многу пари, но падна на 13 место со 77 милиони долари.
Лејди Гага е на 10 место со 80 милиони. На списокот се наоѓаат и Глен Бек, режисерот Мајкл Беј, книжевникот Џејмс Патерсон...
Патерсон е најпродаваниот автор во сите времиња, нагласува Форбс.
|