26.08.2013, 14:44 Aндријана Будимир стана македонска снаа
Поранешната ракометарка се омажи со Јован, угостител од Скопје, со кого беше во врска неколку години
Андријана Будимир и официјално стана македонска снаа! Познатата ракометарка завчеравечер го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, познатиот скопски угостител Јован, со кого е во врска неколку години.
Андријана и Јован ги собраа своите најблиски на свадбена прослава во летниот клуб „Колосеум“. Меѓу гостите имаше и многу познати фаци, а на честитање дојдоа и пријателите на Будимир од шоуто „Танц со ѕвездите“. Кум на младоженците беше ракометарот на „Металург“, Наумче Мојсоски, а за старосватица Будимир ја избра својата некогашна соиграчка, ракометарката Мими Чупиќ.
Андријана неодамна во интервју за „Утрински весник“ изјави дека ова е најубавиот период од нејзиниот живот. „Сега сум најсреќна. Исполнета. И работно и приватно, во секој поглед. Мислам дека дојдов во некои години кога малку поинаку гледам на работите и кога многу помали работи ме прават среќна“, изјави Будимир. Таа додаде дека многу сака деца и дека е време да стане мајка.
|