Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Политика
12.02.2012, 20:27

Поглед

Арифи, Бесими и Попоски

Љупчо Поповски

Кога ќе го прочитате соопштението на Кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од петокот, за неговата средба со американскиот амбасадор Пол Волерс, може да се зачудите од неговата содржина. Ахмети отишол кај Волерс да му се заблагодари на придонесот на амбасадата за посетата на вицепремиерката Теута Арифи и министерот за одбрана, Фатмир Бесими, на САД. Не е тоа лошо, но е лошо што главниот коалиционен партнер заборавил да го спомене и шефот на дипломатијата, Никола Попоски, кој, исто така, беше во Вашингтон и таму се сретна со повеќе луѓе од врвната политика, меѓу кои и заменик-државен секретар Вилијам Барнс.

Тоа изгледа дека е неважно за дел од владата, важно е да се потенцира само средбата на своите министри. Некој ќе рече – ова е вистинска слика на поделбата. Друг ќе спомне дека секој си ја гледа својата агенда во владата што треба да биде единствена. Трет – дека Ахмети сака да покаже дека е во некоја рака дистанциран од премиерот. Четврт дека тоа е ненамерна грешка. Што и да е, не е убаво.

Ахмети се среќава со Волерс многу често, веќе не можат да се избројат тие разговори. Се разбира, тоа е добро. Прашање е за каква агенда Ахмети сака да зборува. Реченицата од соопштението: „Претседателот Ахмети високо го оцени американскиот придонес во долгорочните политики во регионот и, поради тоа, Албанците се засекогаш благодарни“, е обид да се внесе диференцијација во состојбите. Американската политика секогаш, буквално секогаш, гледала на Македонија како на единствена држава. Пол Волерс експлицитно го нагласува тоа неколку пати. Затоа нема потреба од ваков речник во партиски соопштенија кои се важни поради тензичниот момент во кој се наоѓа Македонија и очекувањата од Чикаго.


Статијата е прочитана 1814 пати.


Испрати коментар



Со бор машина против евроинтеграцијата
Партијата на Петровски премина во ВМРО-ДПМНЕ
„Тигрите“ и „волците“ спасија 60-годишен човек
Македонија завеана



seirdzija, 13.02.2012 01:19:44
Ispadjas neozbilen novinar koga nemas sogledano deka tie za celo vreme si rabotat sekoj za svoj esap.Koga ke se slucat raboti kako Kale i sega Struga i Vevcani,e togas i samo togas ke izlezat so soopstenie deka nekoj drug e kriv,a vo realnosta si udrile vo interesite.Mene mi e jasno za kakva agenda moze da raboti Ahmeti,ama ne mi e jasno koga Makedonskiot glasac ke sfati deka so vakvi polupismeni vladeteli postoi moznost i drzavata da ja izgubime!!!
Ljubotan Trade Name, 13.02.2012 06:29:53
Jas neznam,sto vo ovoj tekst ,ima nesto novo. Moze poarno ce bese ,zosto od Gjorce Petrov pa se do Debar nema Makedonski Znamina-Bajraci???Toa prasane ce bese poaktuelno,nego li Ahmeti il Taci se so Amerikanskite Ambasadori. Makedonija deneska obstojuva na pozajmeni godini i meseci od SAD , kako Republika Makedonija De Jure,a Republika Makedonija De Fakto ,vece odamna ja nema! Makedonija e de Fakto :Federativna Republika Slavo ilirida,il Federativna Albano Slavia!
milan, 13.02.2012 08:53:29
Ispagame naivni koga vakvi raboti ni se desavat.Nie sfativme,no dali portokaloviot glasac ke sfati deka ima nesposobno rakovodstvo.Vakvi raboti vo diplomatijata se nedopustivi.Se se dvizi kon raspaganje na drzavata,a nie so vakva vlast da cekame bozja pomos.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C

Петок
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Попрво ќе го поздравам Тито отколку што ќе заврши оставинската постапка
Јованка Броз лута на државата и на судот 33 години по смртта на Тито...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |