Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Гоце и Даме инкогнито дојаваа на плоштадот

Ова се првите од дваесетината скулптури што е предвидено да се постават во централното градско подрачје

Деспина Трајковска

Без никаква најава, буквално, преку ноќ, вчера изутрината пред Камениот мост осамнаа коњаничките скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев. Поставувањето на скулптурите, високи пет метри траело шест часа, а го извршиле леари од Фиренца и екипи на „Бетон“ под надзор на нивниот автор - скулпторот Жарко Башевски. Пред поставувањето на скулптурите, околу три часот по полноќ, коњаниците, наводно, ги разгледал и премиерот Никола Груевски.

Минувачите на плоштадот вчера беа изненадени од новиот декор оти никој од надлежните не најави дека војсководците ќе се монтираат викендов. Генерално коментираа оти поставувањето на скулптурите е извршено недолично, ако се има предвид ликот и делото на Гоце и на Даме. Беа збунети од мистериозниот чин извршен доцна во ноќта. Се' уште под импресии од изгледот на скулптурите, граѓаните не сакаа да коментираат дали им се допаѓаат или не. Меѓу љубопитните граѓани вчера на плоштадот беа и министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милеска, и нејзиниот колега, Антонио Милошоски. Очигледно беше и присуство на полицијата.

Од Општина Центар вчера тврдеа дека поставувањето на скулптурите не било извршено тајно, иако до пред три дена изјавуваа дека леарите од Фиренца, кои треба да ги склопуваат скулптурите, не се пристигнати ниту, пак, имаа најави кога ќе стасаат. „Монтирањето се изврши како што беше предвидено, на самото место од страна на леарите и од екипите на ‘Бетон‘. Ноќта беше избрана како термин за монтирање единствено затоа што тогаш има помала фреквенција на луѓе на плоштадот, како и во сообраќајот, а такви услови беа неопходни поради големината на камионите со кои се транспортираа скулптурите“ изјави вчера Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар. Тој потврди дека на скулптурите деновиве на самото место ќе им се доработуваат постаментите. Најави дека спомениците и официјално ќе бидат промовирани на свечен начин, но не можеше да потврди дали тоа ќе се случи токму утре кога се навршува годишнина од загинувањето на Гоце Делчев.

Инаку, коњаничките скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев се првите од вкупно дваесетината што ќе го красат централното градско подрачје. Само за нивно лиење во Фиренца, Општина Центар плати 850.000 евра. Според најавите, следни на листата за поставување се двата од четирите лава на мостот „Гоце Делчев“ и скулптурата на Методија Андонов-Ченто пред кафулето „Тренд“.

Од СДСМ поставувањето на спомениците го оценија како кукавички чин н а владеачката власт која далеку од очите на јавноста продолжува со реализација на мегаломанскиот проект.


#
Статијата е прочитана 5136 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 03.05.2010 00:12:50
На Груевски очигледно му се брзаше да ги постави коњаниците, па затоа алувал во сред ноќ. Побрзал човекот, бил известен дека идниот ден јавноста треба да дознае дека неговата политичка кратковидост сигурно води во уште еден конфликт како оној во 2001 година. Мораше со нешто друго да ја занесува јавноста. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: fani
Датум: 03.05.2010 00:17:10
a zosto opozicijata dosega ne go napravi toa sto sega vladata go pravi?takvi sme makedoncite,oci ke si izvadime,namesto da se raduvame na sekoe nesto sto ja krasi makedonija.pa zarem sdsm saka i ponatamu skopje da ostane takov kako e,bez lice,duh i kultura???????????alooooooo,vo koj vek ziveeme
Од: Трпе
Датум: 03.05.2010 00:21:45
Нашиот ни племиел бил многу бистро момче.Џабе што опозицијата го напаѓа.Тој ги има читано книгите за Гоце,како ноќе се движел извршувајки ги своите мисии низ населените места.Морал секогаш лажно да се претставува за одбегнување на турските стапици.А би му препорачал и еден совет,за не кочење на собракајот, да се движи само ноке низ Скопје или кога ги посетува другите општини.
Од: МК
Датум: 03.05.2010 00:44:11
Навистина прекрасно иэгледаат и во иэработка и во естетика но најважно е тоа што го креваат националниот морал на Македонецот кој со децении бил поробуван и потчинуван. Некои мои сограѓани можеби не се согласуваат целесно со трошење пари и поставување на спомен обележја эа време на светска рецесија но најпрвин треба тие сами да се эапрашаат дали эа време на оваа глобална рецесија купуваат нова бренд облека, обувки, парфем, бижутерија, мобилен телефон, прдукти эа домаќинство итн. Луѓе кои ги има илијадници секој ден во Рамстор, ГТЦ, П.Македонија идр шопинг места ниэ Скопје. Значи пропагандата на СДСМ против СЕМАКЕДОНСКО неэапира и крајно е раэочарувачки кога на предавнички прес иэјавуваат дека било кукавички чин што се поставило споменици на Гоце Делчев и Даме Груев, а эа поставувањето на скендербег во 2004 во нивно време, тоа било херојски чин?? Лицемирие невидено а патем процедурите эа спомениците на Скопје се отпочнати уште од 2007, эа време на најголемиот економски раст од 1991.
Од: Gox
Датум: 03.05.2010 00:47:28
Glupost e ako opozicijata ceka za sekoj spomenik (se nadevam deka ke gi ima mnogu) da dobivaat izvestuvanje od vlasta..Toa e i najmalce bitno,bitno e deka se sraboteni,postaveni,ne se vetar i magla...Nekoj mozda ke kaze,uzalud potroseni pari,ama parite podobro vaka,otkolku nikako da se potrosat (citaj-ukradat)..A ako opozicijata ima zabeleski deka parite mozele da idat za zdravstvo,socijalci i ostanati,neka imaat u predvid deka bea prvi koi sto imaa prilika da doprinesat za toa..sega neka sedat,neka kutat i neka ucat,ionaka nisto dr.ne im preostanuva !!!
Од: vasko
Датум: 03.05.2010 01:17:12
pa so toa treba dase gordeete ane da ste protiv .
Од: kumanovac
Датум: 03.05.2010 01:19:05
bi sakal nekoj da mi kaze kade i vo koja istoriska citanka procital ili videl deka goce delcev JAVAL KONJ.e sega zosto na grujo mu se bendisalo da go stavat goceta na konj valjda samo na nego mu e jasno ama nasiot najgolem revolucioner navistina nikogas ne javal konj.najcesto patuval pes i so voz ama so konj nikogas.ama koga moze vo skopje da imalo triumfalna kapija zosto pa goce ne bi mozel da bide na konj.vakva glupost mozel da napravi samo -KONJ.
Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 03.05.2010 02:55:12
Е сега ми олесна.Штом ги поставија сега помирно ќе спијам.Од утре очекувам илјадници туристи да пристигнат за да се сликаат пред нив.Исто така со нив и преговарачката позиција во спорот со името ни е значително зајакната.Економијата од утре оди на подобро.Не очекуваат денови исполнети со радост.Збогум сиромаштија!!!
Од: kulturen
Датум: 03.05.2010 03:16:55
Vo sekoja drzava shto sum bil a sum bil vo mnogu vakvi spomenici gi ima segde, narodot treba da gi slavi nivnite predsi shto go reskirale nivniot zivot za podobro za drugi neznam shto e problemot,
Од: Alek
Датум: 03.05.2010 03:40:30
Spored SDSM trebase da se postavat spomenicite sred raboten den, po moznost od 8h sabajle, da se zatvori utrinski soobrakjaj, pa do kaj pladne, koga e sonceto najjako taman bronzata kje se vzesti da ne moze da se pipne a kamoli da se postavi. A za hrabrost odnosno kukavicluk, kje ucime od postavuvanjeto na Skenderbeg vo 2004 vo tek na nivmata posledna vlada. Dosta vekje od SDSM, aman vekje.
Од: Fani 2
Датум: 03.05.2010 04:28:21
Alooo Fani, ti ocigledno zivees nekade daleku od centarot na Skopje, pa sega ti se dopaga idejata za spomenicite. Da vo red se soglasuvam, no zosto gi napagas SDSM, deka ne bile Makedonci, kakvi sme nie Makedoncite, alo Fani vrati se vo realnosta, sto mu falese na plostadot vo poslednite 30-40 godini, pa toa e slika na Skopje, na grad vo koj jas sum go pominal detstvoto i ne mi smetalo sto imal kako sto nekoi sakaat da kazat komunisticki izgled, ne znam kade ste ziveele Vie gospogo i gospogice Fani, ama teska VMRO-vka ste bidete malku realni, i povtorno ke Vi kazam vratete se malku vo realnosta ne letajte, ne pogotovo vo ova vreme koga na nekoj mu treba pokriv na glava i leb da prezivee a ne da se trosat miloni evra za skulpturi i da se postavuvaat na vakov nacin, kade ziveeme Fani, ako e taka VMRO bese na vlast so Ljupco pa ne napravija nisto, zatoa brkaj rabota i ne se mesaj tamu kade sto ne ti e mesto, neveruvam da ste skopjanka, od provincija i toa teska ste, aj sega pozdrav
Од: N.
Датум: 03.05.2010 04:37:55
Ubavo napisan tekst. Mi se dopaga - nepristrasno! Iako stilski moze da se doraboti...
Од: Vangel
Датум: 03.05.2010 05:01:14
Najbitno e sto opozicijata samo kuka i nisto ne pravi. Neverovatno !!!
Од: Ljubotan
Датум: 03.05.2010 05:11:47
A be ovie Konjanici ne go ni videle ni stapnale Skopje.Se prasuvam kade se oviee Skopski Monumenti! Car Dusan,Kralj Milutin, Kraljevic Marko-Dinastija Mrnacevici i Nemanici,Jovan Babunski, Cene Markovic,Urdarevic, Familija Kajevic,Petrovic ,Petko Nagoricanski,Atanasije Petrovic! Ima Edna ubava poslovica ; ,,Koj na drug mu kopa grob samiot ce vleze vo neja".Znam Tesko e ,da se pobegne od vistinata i posle Seeset Godini`per5ene na mozakot
Од: Avstraljance
Датум: 03.05.2010 05:27:31
Abe Kuman 'Ovac' - pa Goce ne mozel da vozi Mercedes vo toa vreme, zatoa 'konj' poveke mu prilega...Sega i skopjani ke si velat " Ajde da se sretneme KAJ KONJOT' hahaha...Sto poveke spomenici toa poveke dokazi za Makedonskiot identitet...Grujo, alal da tie toa Makedonsko mleko sto si go cical...Samo so tebe Makedonija ke bide i ostane Makedonija.!!!!
Од: Goce i Dame so skrsena kicma
Датум: 03.05.2010 05:32:44
Covek koj ja pocituva svojata istorija i se gordee so nea, covek koj si gi saka i si gi pocituva svojte najgolemi revolucioneri na svojot narod i svojata Drzava, i covek koj go pocituva likot i deloto na Goce Delcev i Dame Gruev, NIKOGAS NE BI DOZVOLIL takvo sramno i ponizuvacko odnesuvanje odnosno postavuvanje na nivnite spomenici na taka ponizuvacki nacin, preku nok, dodeka spie celata nacija, cel Makedonski narod. TIE TOA NE GO ZASLUZIJA. Ne zasluzija da bidat prenesuvani kako kriminalci i postaveni vo crna i gluva nok bez prisustvo na svojot narod i dodeka narodot za kogo se borea im spie. Spomenikot na Skender-beg od Albanija bese ispraten so mediumska pompa, narod i aplauz, i celo vreme dodeka patuvase po patot go precekuvaa Albancite, a poseben precek mu bese prireden pri pristignuvanjeto i postavuvanjeto na spomenikot pred "Mavrovka". Nasata Vlada ne gi udostoi nasite najgolemi REVOLUCIONERI ni kolku eden Skender-beg!!! SRAM I BEDA ZA CELA MAKEDONSKA NACIJA!!!!
Од: george sydney
Датум: 03.05.2010 05:43:37
Do kumanovac.........Goce patival so voz,i so sega trebase mozebi i voz da izleat mesto konj, KONJ ???
Од: Brian, Canada
Датум: 03.05.2010 05:52:07
Nema inkognito moi neuki asogragjani. Bidejki ocite malku vi videle, a ocebijno i nesakaat da vidata podaleku od nosot, praktikata vo site zemji e da postavuvanjeto na gabaritni monumenti se izveduva vo casovite na najmal soobrakaen promet. na 4 ti maj ke bide proslavata zlonamernici.
Од: Krt
Датум: 03.05.2010 07:11:16
Koga ce se setam kako nasite Albanci go donesoa Skender-beg,sigurno vo grobot se prevrtuvaat i Delcev i Karev i site nasi znajni i neznaeni junaci.Tie toa ne go zasluzija.A za tajmingot vo nekoja druga prilika.Sega ziveenjeto so ovie spomenici sigurno ce ni bide ,,pokvalitetno,,.Da ne veruvas!
Од: Љубчо Бељанов
Датум: 03.05.2010 07:15:39
Bravos, браво, бравоо, ашколсум! Во мајското утро ни го приредивте најубаво и најпријатно изненадување! Ама... зошто не кажавте порано; цала вечер немаше да спијам, седејќи на плоштадот, ќе се насладував на глетката, како им се оддолжуваме на оние кои не задолжиле, со генерации да ги почитуваме. Сеедно... ми се наполни срцето со убавина до таа мера, да им простувам на сите и сега не се лутам што за ова ни требаше повише од еден век. Нека ни се вечни и вековити спомените на нашите великани и да даде Бог да можиме да ги величаме со уште поголени споменици.
Од: баба Бота
Датум: 03.05.2010 07:32:22
Дали премиерот и неговите истомисленици знаат колку села во Македонија сеуште немаат елементарна инфраструктура, во 21-ви век во нив живеат по неколку сиромашни старци и 2-3 кучиња. Но тоа е далеку од очите на јавноста и веројатно смета дека нема да добие толку поени како со коњите среде плоштад. Наместо да се градат патишта и водоводи, скапо се плаќаат квази патриотските хирови на фамилијата. Изгледа ним им е доволно тоа што баба Ратка ваќа Boom-TV.
Од: Mила Македонијо
Датум: 03.05.2010 07:48:46
Мила Македонијо со среќа. Само уште европската демократија барем една плоча да дозволи за Гоце во родниот Кукуш. Гоце твојот народ ќе живее во регионот Македонија.
Од: Kimov
Датум: 03.05.2010 07:54:49
Zosto ne pregovorivte za Albanskiot spomenik koga se postavuvase. Sega koga nekoj se setil Makedonec da izgradi Makedonski spomenik vie ste protiv Makedonskiot borec. Naogate 390 maani ? Pa zosto bil transportiran noke a ne denski toa bilo kukavici sto ti ne. Pa segde niz svetot takvite raboti se prevezuvaat noke a ne denski.
Од: ane
Датум: 03.05.2010 07:55:46
Ne samo sto nikade ne se postavuvaat spomenici preku nok tuku toa e praznik, vrpci, prigodna programa, govor. Dali Grujo seplasi od narodot ili od bednite studenti od arhitektura??? Mene mi preci eklektikata ovde nekakvi monomenti nalik na spomenici od XIX vek kopija na srpskiot spomenik koj stoel nekogas (za nostalgija li se raboti) a nekolku cekora ponatamu smizli , ribi-luge... Kic i nevkus na opsta osnova. Do kade ke odi gusenjeto na Skopje potocno na centar? Moze sledno e carsijata da se pretvori vo barokna ili renesansna?
Од: miro von wien
Датум: 03.05.2010 07:58:17
Za avtorot "MK" Spored vasiot zaklucot Makedonija=Skopje ., dali vie se dvizite i vo ostanatite predeli niz Makedonija ? Za koja blagosostojba stanuva tuka zbor ? Vo vreme na recesija koja tesko ja podnesuvaat mnogu drugi zemji so mocna ekonomija , nie krevame spomenici . Mozan samo da vi preporacam prosetajte ja malku povece Makedonija i ce bidete sokirani za cel zivot. Da zivee MAKEDONIJA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: mitko znae istorija
Датум: 03.05.2010 08:07:14
Lazni idoli na VMRO. I Goce i Dame se borele Makedonija da bide del od Bugarija, I dvajcata se izjasnuvale kako Bugari. Poveke da citate Makedonci, posebno ustavot na BMORK kogj go napisal Goce
Од: stojan
Датум: 03.05.2010 08:12:35
Vremeto mu e sega so spomenici da se cestvuva Makedonija. Sega koga ne' negiraat i ni menuvaat ime na zemjata. Sega be sdsmovci, a ne utre. Goce prenesuval i oruzje. Ne na grb, ami na konj.
Од: tim
Датум: 03.05.2010 08:33:40
браво на Македонците, го прават споменик на најголемите Бугари
Од: Ivan
Датум: 03.05.2010 08:45:58
Do chovekot koj ne go razbira znachenjeto na konjot: Drag prijatele, postavuvanjeto na konj vo heraldikata oznavhuva vodach. Dali Goce javal na konj ili patuval na mazga ili pesh e irelevantno. Ova e simbol, ne istoriski isechok. Problemot e shto ti seto ova oznachuvanje go mrazish, i za toa nema objasnuvanje...
Од: bobims123
Датум: 03.05.2010 08:50:00
Zarem nesto demokratski ovaa vlada moze da donese ? Se e vo mrak pa i spomenicite vo mrak se postavuvaat .
Од: percak
Датум: 03.05.2010 08:52:39
ova trebase uste pred 20 god. da se napravi.
Од: mene
Датум: 03.05.2010 08:53:40
Добро бе kumanovac Гоце кога одел во шума во 1900 во џип сигурно не се возел :-) мора да било на коњ P.S. А кога треба да се постават спомениците мислам во колку часот окулу 12h напладне?Па сигурно тоа ќе биде наутро кога нема гужва
Од: Mite
Датум: 03.05.2010 08:53:51
Zalno e i sramno - spomenik na Goce Delcev i na Dame Gruev da se postavuva skrisno, nokje, so policiska zastita. Zastita od kogo - od narodot? Vo toa e kukaviclukot. Kako i site drugi aktivnosti na plostadot - skrisno, tajno i nasilno. Ocigledno e - samite se svesni deka nivnite aktivnosti ne naiduvaat na odobruvanje kaj narodot. Ako bea navistina za sozivot i zbratimuvanje togas trebase javno i otvoreno - da gi pokanat i tie od opozicijata. Vaka navistina e kukavicluk i nasilstvo. Goce, Dame i ostanatite ne se na vmro tuku na narodot vo Makedonija. A i spomenicite gi platil narodot a ne vmro. Uste eden nepromislen diletantski potez koj doprinesuva za podelbi i razedinuvanje na narodot vo Makedonija.
Од: Gragjanin od Karpos
Датум: 03.05.2010 09:08:58
Goce so kniga vo raka-OK.Goce so podignata raka i pogled zad ridot...podaleku...kon EU...OK. Ama Goce na konj!!!???
Од: Zoki
Датум: 03.05.2010 09:10:49
Е...и патриотизмот со празни џебови.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 03.05.2010 09:22:55
Ne znam sto da recam za postavenite spomenici.Abre lugje,zar ova mala Drzava nema drugi,pogolemi problemi;neli mozeme da citame skoro sekoj den za grabezi sred bel den i toa vo Skopje(!);ili ne ste svesni deka vo MK ziveat sloevi koi,pogotovo deca,koi nemat dovolno glas za nivnite prava i vo posledno vreme se zrtvi na kidnaperi i niza drugi otvoreni prasanja,kako zastojot vo evroatlanstkite integracii,bez koi nema podignuvanje na vasiot zivoten standard?Zar na gladnite,koi sekoj den se poeke stanuvaat,ke im se polni stomakot ako gi gledat spomenicite?Odamna zakluciv deka vie ziveete vo "drug svet" cekajki pravdina "od nadvor",kako za identitetot taka i za zivotniot standard,kako da se "papokot na svetot" i se se vrtel okolu vas.Epa,da ve uveruvam,deka ne e taka!Se se vrti okolu Grcija i cel svet se diga na noze da i pomagat;MK ne postoj vo nivna agenda.Se dodeka ne go svatite toa,megjusebe ke se vadite oci i na narodnite izbranici im ovozmozuvate "deli,pa vladej".Zalosno,no taka e!
Од: Karokan-gambit
Датум: 03.05.2010 09:45:07
До Кумановец= Како тоа не си ги видел Гоце и Даме на коњ??????? Па прашај ги коментаторите пред тебе,КМ и Кох !! Тие ги виделе и тоа од близу. Според коментарите што ни ги преставуваат подалеку и не гледаат!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Да се постават спомен обележја на истакнати историски личности со кои емотивно сме поврзани и преставуваат историски кунтинуитет,во нивна природна позиција ,е чин за поздравување,но тоа да се прави во неприродна позиција и од лукративни побуди, во најмала рака е скрнавење на нивното дело.
Од: UK
Датум: 03.05.2010 10:19:04
Bravo za vladata. Vie samo go napravivte toa sto trebase da se napravi odamna. Vo sekoja normalna drzava, bez razlika kolku siromastija ima, spomenici od ovoj tip se gradat i postavuvaat, posebno drzavi koi imaat bogata istorija. Odvaj cekam da dojdam i da gi vidam vo zivo, da gi donesam i prijatelite da napravime sliki.
Од: nekoj od EU
Датум: 03.05.2010 10:19:45
Aj sto pravite spomenici na BUGARI, tuku skoro ke imate i spomenici na GRCI! Radosta ke trae 3 dena i Balkanot e najgrdiot del od Evropa, bil i ke si ostane.
Од: Gordana
Датум: 03.05.2010 10:36:22
Бугарите се вратиjа на конje:) Браво на Македонците, го прават споменик на најголемите Бугари:)
Од: do site koi se protiv
Датум: 03.05.2010 10:37:18
Od site vas koi ste protiv postavuvawe na spomenici na plostadot neprokomentiravte deka malce podaleku se gradi Arasta dzamija bez dozvola i dali toa nee kukavicki cin, izgleda vi smeta samo nesto sto e postaveno od politickiot protivnik pa makar i da e nesto dobro.
Од: Sok za psihijatrijata
Датум: 03.05.2010 10:43:51
Mislam deka so kampanjata " spomenicarenje" treba da se prodolzi i istata da se intenzivira. pa Zarem ne gi slusnavte " naucnite elaboriranja" na g-dinot Bozinovski na A1. Gradejci spomenici se zapoznavame so naseto minato i pokasno toa imalo pozitivni efekti vrz zdravjeto, odnosno ce se namelela podloznosta kon dusevnite bolesti.Toa bila naucna vistina, koja Bozinovski negde ja procital ili pak mozebi sam ja definiral. Znaci vo borba i prevenicija na Shizofrenijata, , depresijata, nevrozite i psihozite najefikasen lek e gradenje na spomenici i sekodnevni seansi na stoenje pred niv ( tri pati dnevno po 15 minuti , na gladno) i dusevnite bolesti vo Mkd ce bidat samo minato. Kade go procita ziti majka ova g-dine Bozinovski. Ako e tvoe otkritie Nobelovata nagrada ne ti bega,A vie psihijatri barajte si druga rabota ili prekvalifikuvajte se za nesto drugo.Navistina gluposta e neizmeriva kategorija..
Од: Aleksandar
Датум: 03.05.2010 10:44:32
Јас сум македонец и сум член на СДСМ.Никогаш нема да бидам против проекти кој и макар малку ја дигаат националната свест, НО во ова време на невработеност кога освен партиските полтрони , другите граѓани на РМ се мислат како да го поминат месецот , Груевски заради свој личен хир да поставува споменици кои чинат многу (дали 80 дали 200000милиони секако се многу) НЕ Е ВО РЕД.И ЗАТОА ОВАА ВЛАДА ТРЕБА ДА ПАДНЕ, ЗАТОА ШТО ГО ЗАБОРАВИ НАРОДОТ...)))
Од: martin prilep
Датум: 03.05.2010 11:03:21
vistinski poteg na vladata.navistina sega se custvuvam kako makedonec.dosta go slavevme tito i drugite si imame zasluzni lujge koi ni ovozmozija da ziveeme vo slobodna i samostojna makedonija.ne sakam da komentiram na drugite bidejci sekoj si ima pravo na svoe mislejne sakam samo da gi potsetam bliskite na SDSM deka navistina se dobri oratori-govornici ama za dela kako nivniot lider nikade gi nema.E toa vreme mina .pozdrav do vas navistina ste najrealni ocenuvaci na ona sto se slucuva kaj nas.prodolzete taka
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.05.2010 11:05:50
Пак некако не им оди математиката на виножитниве,самите велат да премиерот бил некаде околу 3 часот пред поставување на коњаниците,па потоа пишувате да поставувањето траело 6 часа,значи неде околу 9 часот утрината биле поставени целосно. Изгледа на виножтните кога ги виделе дојаваните им се смрачило пред очи па така највероватно им се разденило дури денеска,сиромашките дури и на излет не биле мислеле уште е мрак.Можам да замислам кога ќе дојаваат и останатите,тогаш ,,delirium tremens,,ќе им излегуваат бели глувци пред очи.
Од: TRETA SILA-GARDIJAN
Датум: 03.05.2010 11:08:20
Zajcite ja dobija bitkata vo 1994 godina no ja izgubija vojnata. A bidejki pobednicite ja pisuvaat istorijata ete na plostadot Makedonija konjanici oslobodeni od zajci. No taka e toa so trkite na dolgi pateki. A koj gubi ima pravo da se luti,neli?
Од: марга
Датум: 03.05.2010 11:18:24
Навистина импозантно делуваат, а сеуште во фаза на изработка со монтажни скелиња и работници на нив, а по комплетната финална обработка, може само да те направат горд на потеклото на великаните - визионери и патриоти кои се исправени пред нас со целата нивна големина како човек-македонец
Од: srebre
Датум: 03.05.2010 11:29:27
vmro go ottrgnuva vnimanieto od siromastijata i beda vrsi propaganda na nacionalen plan demek sme zagrozeni.......bolnici nula se raspadjat vo edna demir kap nemaa 500evra za popravka na lift a vidi 200mil evra za spomenici i jasno koga ima spomenici na kraj ce treba i crkva grujo pravi grobista od plostad...pa vo moskva nema nitu eden spomenik na crven plostad ima eden na vlez marsal zukov i lenin malku podole........
Од: od mene
Датум: 03.05.2010 11:32:36
znaci na nekoi luge ne im se pogoduva nikako.... ako gi postavuvaa u 10 saato sabajle ke im smetase so ne mozele na rabota da odat, guzva imalo nogu... a ako gi postavat kako sega so gi postavija vecerta koga nema nikoj po ulicite , zaso gi postavile togaj a ne sabajleto za da i oni gledale... BRUKA sme nema so.. samo da se najde pricina da se pluka po nesto.. MIZERIJA
Од: rob
Датум: 03.05.2010 11:39:40
Дека се револуционери,борци,патриоти и што уште не се за нашата Македонија, сепак денешната власт најверојатно поради некои интереси или сввои лични ставови не сака да признае дека зачетоци на денешна самостојна Македонија се сосема други ХЕРОИ борци и патриоти кои во интерес на Македонија дадоа свои животи а ги запставуват и со сила остануват заборавени.
Од: "konjoslav"
Датум: 03.05.2010 11:59:14
kako odi rabotava plostadot ke ni zalici se konj ...do konj...a Za toj sto ni dade DRZAVA ..ni prizna nacija pismo.. .jazik i taka nataka TITO nema za nego nitu KOPITA....e Makedonce Makedonce..zatoa TESKOTO oro vecen spomen ke go imas i igras....!!.
Од: carrie
Датум: 03.05.2010 12:02:26
koe e toa postavuvanje u 3 sabajle?? od sto se plasi vlasta?? ccccccc prost narod silna drzava ..toa e
Од: CENTAR
Датум: 03.05.2010 12:06:41
A P E L Site na slikanje na Plostad pred konjanicite slikanjeto pocnuva vo 2 casot nautro site po pizami
Од: Александар
Датум: 03.05.2010 12:13:52
Супер се скулптурите само што јавноста е прелажана и ДПМНЕ прават лукав потег и се покажуваат во светло на патриоти а од овој проект тие заработуват голема сума на пари. Тука е проблемот и затоа не знам како ќе паднат маските за тоа да може народот да го види дека тие скулптури вредат многу помалку од 850.000 илјади евра колку чинеше вчерашното поставување.
Од: Mitko ne ja znae istorijata
Датум: 03.05.2010 12:38:56
Do "Mitko znae istorija". Ako ja znaete istorija ke znaete deka vasite omileni Bugari poteknuvaat od Tatarstan i tie se Tatari. Nasite Makedonski dejci Delcev, Gruev, Aleksandar, itn. nemaat ni edna kapka Tatarska krv. Da znaete "qvaziistoricarot"!
Од: јас
Датум: 03.05.2010 12:44:38
Само криминалци и нечесни луѓе „работат“ среде ноќ.А чесниот свет тоа го прави дење!! Така и со ова поставување на споменициве среде ноќ.Не му „стискаше “ на овчарот ова да го направи среде бел дена , па мораше кукавички , среде ноќ и никој да не види , никој да не разбере! А затоа дали ни се потребни споменици или патишта ,опремување на нашите болници и училишта , САМИТЕ коментатори си кажаа : поголемиот дел ќе се восхитува на спомениците и ќе јаде корења !! Наздравје нека ви се !!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.05.2010 12:49:35
Желба да се живее во Минатото-Патологија,народна катарза, или делиријум тременс?!Да се биде,она што никогаш не се било!Разубавувањето,преку Големината на спомениците,наликува на тоните шминка,која се обидува да ги стави Грдата Баба во обид да го сокрие сопствениот примитивизам,безуспешно истакнувајќи го своето„аристократско“педигре!Токму како и пропорционалноста на височините на Кичот со Приземниот Мизерен псеудопатриотизам!Освен „Партизанот“кој се запалил по Бугарскиот „Солун е наш“,недостасува Плејада од вистински Ослободители и Создавачи на Македонија!Од Христијан Т.Карпош,Мирче Ацев,Страшо Пинџур..,преку Конески,Рацин,Папрадишки,Мартиноски,Прокопиев,Прошев,Џувалековски,Прличко...Тоа се Нашите Вистински Градители - Вечни Недостижни Височини за инфантилниве Портокалчиња!Бескоренити,упорно се обидуваат да го остварат своето лажно потекло,прогласувајќи ја туѓата историја за „наша“!Естетика,потполно изгубена во Лудата желба, „големината“на „лековитиот“Кич да се воспее како Уметност!
Од: Камен
Датум: 03.05.2010 12:58:17
Дали некој се сеќава колку години се реновираше КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ! Лесно да се критикува, многу потешко да се направи...
Од: Бато
Датум: 03.05.2010 13:08:39
Споменици на нашите Великани како Гоце и Даме треба да бидат наша гордост,.но и со почит да бидат поставени на плоштадот ,со општонародна веселба а не по свадба тапани.Не ми е јасно зошто толку мистерија ,ајде заради сообраќајот, но зошто да не се објави во медиумите дека доваѓаат и поради причини со сообраќајот ќе се поставуваат во време кога нема или сосема малку има сообраќај .Вака се` изгледа некако мистериозно и наместо да се радуваме ние слушаме разни шпекулации и вистини. На крај синоќешната медиумска „терапија„ на г-дин. Вангел, дека градење споменици ќе биде како ПСИХИЧКА СТАБИЛНОСТ на луѓето. На крај ќе излезе дека навистина комплет, како нација сме забегани!
Од: bale
Датум: 03.05.2010 14:15:45
Велат дека ВМРО ДПМНЕ ТРОШЕЛ МНОГУ ПАРИ.Точное,ДПМНЕ троши пари,прави улици,плоштади,фонтани; стално нешто прави и тоа се гледа.СДСМ не трошеше пари,ништо не работеше- каде се парите што ги заштедија ? На никого платата не му ја зголемија,ниедна улица не направија ги преспаа тие четири години од 2002 до 2006 година,сиромашно живеевме и тогаш како и сега,ама сега од владеењето на ГРУЕВСКИ нешто се гледа и НЕШТО ЌЕ ОСТАНЕ ЗА ВЕК И АМИН. Пари пак нема да има ,и да се направеше ова и да не се направеше,но добро е што се направи.Затоа СДСМ нека сфати дека кога ќе се добие власта треба да се работи,работи ............
Од: valerija
Датум: 03.05.2010 14:35:18
toa sto se postavija na sred nok bez javnosta da znae nemoze da se opravda so griza za soobrakajot tie mozea pak noke da gi postavat ama narodot da bide informiran samo sto se gleda deka na premierot ama bas ic ne mu e griza za narodot, toa ti e isto nekoj na sred nok da ti dojde doma i da ti postavi masa bez ti da znaes i sto ke se sluci ako slucajno stanes i se sopnes od nea?Na vakvi makedonski heroi ne dolikuva nekoi da go krie postavuvanjeto na nivnite spomenici
Од: неопределен
Датум: 03.05.2010 14:37:32
Никако не може да ни се угоди.Ако спомениците се транспотрираа денско време,ќе требаше да се стопира сообраќајот и пак ќе прашувавме зошто.Да се навратам неколку години наназад.Во времето на СДСМ се подигна споменик на Скендер бег.Тогаш ВМРО го негираше тоа.По некоја случајност бев во Скопје и отидов да го видам.Три пати се свртев околу него.И што да кажам.Што е убаво,убаво е.Не знам сега зошто толку прашина се дига околу тоа.Спомениците се прекрасни.Може во оваа криза не време но што е тукае.
Од: todor
Датум: 03.05.2010 14:54:35
Кога ти е празен стомакот нема батка морал, морал има само кај ситите, напиените и гордите луѓе.
Од: Blue fighter: Ilegalata kako vechna ljubov i trajna navika
Датум: 03.05.2010 15:37:52
Taa karakteristika kje gi sledi i ponatamu vmrovskite kvazi-patrioti,prekrojuvachi na istorijata i nejzino chitanje po nivna potreba, zashto ne se otkazuvaat od ilegalnosta za sekoja aktivnost shto e teshko prifatliva od narodot. Shto e toa vo lugjeto od vlasta koi se prikraduvaat nokje dodeka site spijat da gi postavuvaat zamislenite i preplateni so narodni pari spomenici ? Kakov e toj poriv vo nivnite mrachni dushi shto gi tera da odat kontra razumot,svesta,sovesta i vistinskata istorija,a ne kopiranata i kroena od nivnite mentori i poddrzuvaci na se sto go deli makedonskoto nacionalno tkivo? Se sto e kazano za finansiskiot kriminal povrzan so seuste nepoznatite sumi za ogromnite kolicini izleana bronza,e tema za drugo,idno vreme koga kje odgovaraat za pustosot sto kje go ostavat zad sebe.No,ovaa zabeganost i lovenje poeni(spored niv) e dopolnitelna okolnost,pridodadena na ilegalniot pristap za aktivnostite sto gi pravat nokje ,no i denje.Toa im stana trajna navika od osnovanjeto.
Од: Natasha
Датум: 03.05.2010 15:49:49
E sega stecajcite i site gladni i nevraboteni vo Makedonija mozat da otidat i da postojat pred spomenicite i da si go podignat odnosno povratat izgubeniot patriotizam i moral pa i da griznat od spomenicite za da si gi smirat gladnite dusi i konecno da zaboravat deka nekoj vo drzavata voopsto misli na niv i na nivnite semejstva, bez bilo kakva perspektiva ili idnina. Kakva ogranicenost, sebicnost i neviden talent da se napravi nesto pogresno, sprotivno na vistinskite potrebi na obicniot covek. Dobra sreka Makedonci. Na dobar pat ste kon sopstvenata propast. pozdrav, natasha

Најди! во Утрински
Скопје
Почна изградбата на жичарницата на Водно
Само една странска фирма заинтересирана за Луна-паркот
Аеродром