Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Само една странска фирма заинтересирана за Луна-паркот

Консултантот ќе треба да најде приватен партнер што ќе вложи во нови реквизити

Само една странска фирма досега се јавила на повикот на Град Скопје за избор на консултант кој ќе треба да најде приватен партнер за обнова на Луна-паркот. До отворањето на понудите останува уште кратко време, по што, дефинитивно, ќе се знае дали обновата на скопскиот забавен парк ќе тргне од мртва точка. Консултантот, според замислата на градоначалникот Коце Трајановски, ќе треба да направи студија за приватно-јавно партнерство и да најде заинтересирана компанија која би вложила во обнова на Луна-паркот.

Концесионерот ќе може да стопанисува со целиот забавен парк на површина од 25.000 квадратни метри, простор во кој ќе влезат и сегашните дискотеки. Приватниот партнер ќе треба да ги замени старите реквизити со нови, да постави нови инсталации и целосна подземна инфраструктура. Ќе се гради и нова трафостаница за напојување на новите реквизити. Во план е просторот да биде модерно хортикултурно уреден. Според процените, за целиот проект би биле потребни околу 5 милиони евра.

„За новиот Луна-парк во тек е постапка за избор на консултант, кој ќе изработи техничка документација за приватно-јавно партнерство. Работите се одвиваат според предвидената динамика и до крајот на оваа година би требало да се отвори постапка за избор на партнер за уредување на новиот изглед“, информираат од Градот Скопје.

Според замислата на градските власти, новиот Луна-парк, освен забава, ќе треба да им понуди на најмладите и едукативни содржини преку кои тие ќе се запознаат со законите на физиката, планетарниот систем и сценските перформанси. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 1092 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 03.05.2010 08:06:56
Dosta be ima li kraj. Ovaa vlada sve izgradi ostavete malce i za drugata vlada sto ke dojdi na vlast.
Од: јас
Датум: 03.05.2010 12:31:01
Алооо Кимчо , дали прво го прочита текстот???
Од: До: Kimov
Датум: 03.05.2010 13:08:41
Не е лошо и ти малку да се приклучиш кон Градбата! Недостасуваш уште само ти, за да може да се догради Забавниот Парк!

Најди! во Утрински
Скопје
Почна изградбата на жичарницата на Водно
Гоце и Даме инкогнито дојаваа на плоштадот
Аеродром