Општински асфалт
Аеродром
Фекална канализација во Долно Лисиче Во Долно Лисиче се гради секундарна фекална мрежа во должина од три километри. Проектот опфаќа изградба на канализација на седум крака што ќе се приклучат на главниот канализациски вод. Канализацијата се гради со средства од буџетот на Општина Аеродром. Оттаму велат дека ова е еден од проектите за надминување на проблемот со прифаќањето на отпадните води од домаќинствата.
Пролетно чистење на јавните површини Сто сезонски работници на подрачјето на Аеродром вршат пролетно чистење на јавните површини. Покрај тековното одржување на јавната хигиена, периодов активно работат и на косење на тревата и на поткастрување на гранките. Хигиената, освен рачно, ја одржуваат и со помош на механизација. Работите истовремено се вршат во сите населби, а работниците се распоредени во осум реони.
Санирани седум фонтани Привршува санацијата на седумте украсни фонтани во населбите Мичурин, Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче. Саниран е водоводниот, а моментално привршува чистењето околу објектите. За обновата на фонтаните беше задолжена фирмата „Промонтинг“, која наскоро ќе продолжи со санација и ставање во функција на сите чешми за пиење на подрачјето на општината.
|