Секој граѓанин има на располагање по 54, 9 денари месечно за лекови од позитивната листа. Ова го покажале математиките на д-р Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ, кој вели дека во регионот Македонците имаат најмалку пари за лекови на товар на државата во споредба со Србите и со Хрватите. Со намалувањето на квотите на аптеките, односно парите, за тоа колку може да се издаваат лекови со сини картони во аптеките, граѓаните без лекови остануваат уште пред да истече првата половина од месецот.
„Во Македонија лани од буџетот на Фондот за здравствено осигурување за лековите со сино картонче биле издвоени 9,69 отсто, а годинава е 6,9 проценти. За разлика од кај нас, во Хрватска се издвојуваат 16,7 проценти, а во Србија 12,09 отсто“, вели Петров. Затоа, Петров смета дека не држи тврдењето на Фондот дека и годинава има ист буџет за лековите од позитивната листа како и лани.
Во Фондот за здравство велат дека не сакаат да разговараат за проценти, зашто буџетот за лекови бил ист како и лани. „Месечно се трошат по 83 денари за лекови на жител“ вели Дејан Гацов, портпарол на Фондот. (Ј.Ј.)
Na Fondot za zdravstveno osiguruvanje im pozeluvam da zemaat lekovi so sino kartonche ama da imaat penzija od 6000 denari. osoebno insulin, lekovi za Parkinsonova bolest, osteoporoza i dr.
Од: mene
Датум: 28.04.2010 08:50:51
da se ukine fondot za zdravstvo i osiguruvanjata da odat preku osiguritelni kompanii
Од: забеган
Датум: 28.04.2010 09:04:10
Па доволно е по едно ипол табличе АНАЛГИН.
Од: nekoj
Датум: 28.04.2010 09:37:34
Kaj ste "patrioti? Kaj ste da zboruvate za "dostoinstvo"? 55 denari? edno kafe e 4 evra tuka... Dostoinstvo, dostoinstvo...
Од: vaga957
Датум: 28.04.2010 10:05:53
Грешката е во бруто платата.Таа треба целосно да им се исплатува на работниците како бруто плата, а не државата да си ги наплаќа придонесите а нетото им го дава на работниците.Колку сакам да платам за пензиско осигурување толкава пензија ќе имам, а кога треба да се лечам сама ке си ја плаќам услугата, а не секој месец плаќам придонес за здравтсво и со сини картони да не можам лек да си земам.Е па господине Петров зошто спие опозицијата ами?
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 28.04.2010 11:08:45
Eve eden GOLEM PATRIOT ,da ne dade GOLEMIOT GOSPOD da se razboluvate i da ne vi trbaat ti 55 denara na nikoj vo RM ,misla zqa lekovi ,site da mi bidete kako prvo zdravi i zivi ,a za drugoto ,dostoinsvoto poleka ke si dojde ,ke si pijete domasno kafe prafeno so mikser kako Frape i ke si pijete sokn od protokal po moznos i toj da e priroden ,za se ima resemije .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA-PATRIOT ZA PRIRODATA I GOLE POCITUVAC
Од: јас
Датум: 28.04.2010 12:09:39
Ајде Среќко , ајде Кимов и национални патриоти ?! Како ви втасуваат овие 55 денари за лекарства??Што , дури и ви преостануваат ?? Значи , може и тие да се намалат? Ај едно 10 денари доста му е на овој народ , па не ќе вечера апчина.( секако за друго нема пари )...