Број 3269  среда, 28 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Site Meter
Втора страница

Во пензија со 67 години?

Јасмина Јовановска

Во пензија жените ќе заминуваат со навршување на 65 години, а мажите со 67 години старост. Вакви информации се' повеќе кружат во јавноста, а особено во судски и професорски кругови, од каде што велат дека Владата се' повеќе размислува за порестриктивни услови за пензионирање на вработените, поради тоа што пензиската каса е се' попразна.

Се зборува дека се прават анализи колку лица би се пензионирале доколку се зголеми старосната граница за пензионирање и колку со пролонгирање на пензионирањето ќе заштеди државата, но и пензискиот фонд. Надлежните пак, категорички негираат дека Министерството за труд и социјална политика подготвува измени во единствениот старосен услов за пензионирање, иако потврдуваат дека во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) се прават калкулации колку лица би се пензионирале со 65 години старост за жени и 67 години за мажи.

„Вакви анализи се прават редовно секоја година“, тврди заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристески, кој демантира дека Владата подготвува какви било измени кај условите за пензионирање. „Точно е дека се прави анализа во ПИОМ, но тие се дел од редовните анализи што ги бара и Светска банка и со кои се мери успешноста на реформите во пензискиот систем“, објаснува Ристески. Покрај редовни анализи за процена и прогноза колку вработени би заминале во пензија со актуелниот услов за пензионирање: 62 години за жените и 64 за мажи и колку новите пензионери ќе ја чинат државата, заменик-министерот Ристески објаснува дека се изработуваат анализи со повисока возраст за пензионирање од законски утврдената за да се прават споредби со другите земји од ЕУ и да се согледа колку се
успешни и каде треба да се движат вториот и третиот пензиски столб.

И од пензискиот сектор на Министерството за труд и социјална политика демантираат дека подготвуваат анализи за воведување поинаков услов за остварување на старосна пензија преку зголемување на старосната граница за пензионирање.

Во ПИОМ работи единица, која преку актуарски модел прави краткорочни и долгорочни проекции на приходите и расходите на Фондот врз основа на очекуваните демографски и економски развојни трендови и нивни варијации, во зависност од различните претпоставки за политиката на пензии, објаснуваат од пензискиот сектор. „Актуарскиот модел за предвидување го проектира идното функционирање на задолжителниот пензиски систем. Моделот ги табелира ставките од буџетот на годишно ниво (приходи, расходи, дефицит или суфицит), како и различни други статистики, вклучувајќи проектирање на бројот на осигуреници и пензионери, просечна пензија и просечна заменска стапка. Со моделот може да се следи и развојот на вториот столб (капитализираната компонента на пензискиот систем) и ги табелира проектираните средства во вториот столб, придонеси и ануитети за новите пензионери“, додаваат креаторите на пензиската политика.

Од ПИОМ, пак, не може да се добие никаква информација дали и зошто се прави ваква анализа, како да станува збор за државна тајна.

„Доколу има таква анализа, тие се прават наменски“, смета ексминистерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков. „Секогаш кога немало пари во пензиската каса, решение се барало во порестриктивни мерки за пензионирање“, укажува Мешков, кој, сепак, не знаеше дали и овој пат е така.

Доколку се измени условот за пензионирање, вработените ќе умираат без да стасаат да се пензионираат. Најмногу ќе бидат погодени работниците од текстилната и од другите индустрии и оние што работат во производство и во смени. Поголемиот број од нив работат од своето полнолетство, па со зголемување на старосната граница за пензионирање ќе бидат принудени на работа да одат со бастуни. Со пролонгирањето на пензионирањето, ќе се зголемува и бројот на невработени, сметаат стручњаците и додаваат дека пребрзо се' оди со реформите во зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

Според актуелниот закон, пензија може да добијат вработени што ќе навршат 62 години старост за жени и 64 години за мажи. Претходно, освен старосниот услов, во пензија можеше да се оди и со работен стаж, и тоа 35 години за жени и 40 години за мажи, но сега тие се укинати. Укината е и предвремена пензија, и тоа 30 години работен стаж и 50 години старост за жени и 35 години работен стаж и 55 години старост за мажи.

Во Европската унија, најчесто во пензија се заминува со наполнети 65 години старост. Исклучок е Франција, каде што мажите и жените се пензионираат со 60 години, но таму нема предвремена пензија. Во неколку земји жените се' уште може да се пензионираат со 60 години. Во Германија, Грција, Шпанија, Португалија, Финска, Ирска, Шведска, услов за пензија се 65 години како за мажи така и за жени. Во Белгија, пак, ист услов за пензионирање 65 години, како за мажи така и за жени е од пред две години, а дотогаш жените можеле да заминат во пензија со 62 години. Во Велика Британија и во Австрија мажите можат да одат во пензија со 65 години, додека жените со 60 години. Во соседството, пак, во Србија во пензија се заминува со 60 години старост за жени и 65 години за мажи.


#
Статијата е прочитана 7328 пати.

Испрати коментар

Од: svoj
Датум: 28.04.2010 00:07:32
Затоа беше упадот во ССМ за да нема кој да протестира??? Не ни треба водач сами ќе станеме против оваа власт!!!
Од: mile
Датум: 28.04.2010 00:10:18
vlada vo haos ne im treba eu ne im treba nikoj pravat zakoni kako na um ce im p....pa vo eu vo penzija na 65g da ama tamu prosecen zivot e 80god a vo makedon retko koj bidnuva nad 70god a vo mak i 50% nad 65g voopsto nemat penzija a vo eu site ima penzija i toa osnovica za site ednakva,e e vmro ne vika narod dzabe vmro neznae da vladee....................
Од: Игор
Датум: 28.04.2010 00:12:21
Нека направат ВМР-овциве уште некој споменик, а луѓето не мора да одат во пензија. Ќе работат додека не умрат.
Од: Трпе
Датум: 28.04.2010 00:15:47
Нашата блада ич да не му се мисли,нека прифати одење во пензија на 77 години.И така и вака овој е срекен број.А што би правеле кога ке пристигнат странските инвеститори кои чекат на граница.Сигурно ке треба да увезуваме и работна рака.А од друга страна ,не треба ниту да се плашат и да го намалат пензискиот стаж.Како што здравството ни е за никаде а лековите ги нема или се скапи и на 60 години да се оди во пензија,дали ке има пензионери..Треба да кажат дека може во пензија да се оди на 60 години а кој сака(кој не живее стресно)може и до 75 год.
Од: Сергеј
Датум: 28.04.2010 00:25:53
Ќе се оди не само со 67, ами и со 76. Оваа власт гледа да направи луѓето да умрат на работа, само за да не дојде ред да земат пензија, затоа што речиси и нема што да се зема. Преродбениците препородија се’, па и пеензискиот фонд. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: vladimir
Датум: 28.04.2010 01:23:43
ja mislam najdobro e da ne se ide vo penzija voopsto dodeka ne umreme ,so e toa penzija ,malce pari imaat vo budjet pa ajde sega sekoja godina ke zgolemuvame, neka se vrabotuvaat maldi kadri kojnemaat sto da rabotat vo javnata administracija a slusnav deka nekoj duri i doma sedele i plata primale !
Од: nabljuduvach
Датум: 28.04.2010 03:48:29
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Член 9 (одломка) Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот... Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Од: stole
Датум: 28.04.2010 06:11:48
Predlog do vladata:" vo penzija da se odi posle sest meseci od koga ke umre kandidatot"
Од: Мендела
Датум: 28.04.2010 07:28:52
Има ли во оца држава вистински иформаци бар за некој сегмент. Нема! Така и за Зголемување на геаницата за одење во пензија. Македонија по се азгледа е единствена земја што во 2009 год. има пмалку пензионери од 2008 год. Просечен живот прем ДЗЗС не на 70 год. а пензионирање со 67 год. Значи за 10 год. нема да иам пензионери кој доживи со овој мизерен живот. Само администрација. Скоско и се е Ммозно во Македонија.
Од: внимателен читател
Датум: 28.04.2010 07:33:15
Браво Влада, браво Грујо. Одличен е прелогот за спас на пензисскиот фонд. Од работа право на гробишта. Така најдобро се штеди.
Од: lola
Датум: 28.04.2010 07:33:35
vo profesorski i sudski krugovi se slusa -kako ne vi e sram pa tie ako sakaat neka rabotat i do 90 god gi prasuvaat li rabotnicite vo tekstilot i gradeznistvoto dali im se raboti tolku.sramota za vaa vlada sme napolnile po 30 god staz a imame 50 god starost i ke sedime do 65 .za koj ke rmbame po 45 godini staz za 7000 penzii
Од: Trpe
Датум: 28.04.2010 07:34:23
Vo drzavi od EU ima prodolzuvanje na starosta no od aspekt lugeto da rabotat za da se spreci mehanicki priliv na rabotnici od novite clenki na EU i od non-EU drzavi; baska tamu lugeto ne se brkaat na stari godini od rabota na ulica bez socijalna pomosh kako kaj nas. I nesto mnogu vazno, kaj nas uporno Protivustavno imame razlicni kriteriumi za maskiot i zenskiot Pol, t.e. imame Polova diskriminacija, kako vo starosta taka i vo osnovicata (penziskiot staz). 3. Ova ke ima golem negativen efekt na postari lica - stecajci i tehnoloskiot visok koj se izbrkani na ulica so nasd 50 godini no Pomalku od 59g i nemaat nikakva socijalna podrska nitu rabota, nitu moze da se vrabotat. Dokolku i se zgolemuva uslovot za starosna penzija toj ne smee da vazi za luge koj se izbrkani od rabota NE po svoja vina na starost 55g i popveke.
Од: Drzaven Problem
Датум: 28.04.2010 07:58:01
Хаос владее во ПИОМ. Колку луѓе останаа со неплатен стаж од разни украдени фирми, а ПИОМ гајле си нема, остава луѓето сами да си ја кршат главата со газдите. Еве таква една фирма е РАДЕ КОНЧАР-СКОПЈЕ , луѓето се оставени на цедило. А да напоменам дека во Србија на пример, државата плати уназад стаж за сите работници , а понатаму таа ја зеде работата во свои раце да се расправа со газдите на фирмите. А овде, во Македонија???
Од: Rajski
Датум: 28.04.2010 08:01:43
Мислам дека треба да се заокружи на 70 год. за полесно да се памти а и така е во Тонгузиаја и во Енглеска(се разбира ту некни во 16, век).
Од: ivona
Датум: 28.04.2010 08:02:48
pa kako se iznamestija po celi familii vmro-ovci vo javnata i drzavnata adminictracija niv nema da im se odi vo penzija dodeka ne umrat so tolkavi plat,a narodot koj go e.... ne mora da zivee neka umira bez rabota ,po kontehjeri ke se hrani ,bez lekovi, ama zatoa imame zmili,bikovi crkvi,spomenici i sali za rabotnicite po 69 i 70god da se rekreiraat za da izdrzat do penzija itn,,,,
Од: Nato-Jato
Датум: 28.04.2010 08:20:49
Toa se sudii i profesori kako Filimena Manevska i mazot i koj i do 110 godini bi rabotele posto im e mnogu teska rabotata. Kako moze vo drzava kade sto prosecna starost e 72 godini da se raboti do 67 toa e kriminal znaci 45 godini plakjas za da zemas 5 godini !!!????
Од: od mene
Датум: 28.04.2010 08:32:53
A kako do invalidsa penzija?
Од: Rabotnik
Датум: 28.04.2010 08:38:15
Најдоа село без кучиња и размислуваат како да го суредат нродот.Нека се анализира зголемената смртност, па ќе видат колку работници умреле ,без да искористат и ден пензија.Во свет пензии земсст пред се оние кои не работеле а камо оние што работат. Во Австралија богатите газди не земаат пензија.Но што знаат пилци што е јајце, да се снесе и да се исквачи. Ја уништија државава - но бенефицираните (неработни партиски војници) застанаа во обрана на ликот и делото на фирерчето им.
Од: jovan
Датум: 28.04.2010 08:40:26
"Go pratile dedo vo planina, da go izedat meckite" Nasa stara pogovorka koja kazuva kako da se oslobodis od "nepotrebnite". Naskoro nepotrebnite(a bogami i nepodobnite) ke gi pratat vo planina kaj meckite.
Од: mene
Датум: 28.04.2010 08:47:23
a da se odi vo penzija na 80 god. mislam deka taka e najdobro......
Од: dragan-usa
Датум: 28.04.2010 09:07:09
e ljuge moj osvestetese ako sakate da ne ve koristat mora da se vrati jugoslavija i socijalizmot nazad kogaj rabotnikot bese vo prv plan i ljugeto ziveeja srecno vo mir vo sloboda e toa treba da se vrati a ne ce odite vo evropa neli oni da ve koristat vie za niv da rabotate oni da vozat novi koli a starite vo mk da ni gi davaat osvestetese i daj da ja vratime jugoslavija i site kje ziveeme ubavo pak
Од: Brod bez kormilar
Датум: 28.04.2010 09:20:41
Najdobro "Prerodbenicive" vo svojata"Programa od 100 cekori+ nadogradena( vidi majkata!?) za resavanje na problemite od Penziskiot Fond da ja prifatat i vgradat onaa ideja od antologiskiot japonski film , kade starite i iznemostebni lica,za da ne bidat teret na semejstvoto,gi ispracale da umrat vo onaa surova planina. Znaci napred vo "prerodbenicka udarnicka akcija" do 70 godini, a posle toa " banjane vo nekoja banja"i ekspedicija vo nekoja sto posurova planina , za pokratki da se makite na umiranje. Se razbira toa pravilo nema da vazi za Manevski i Filimena. Na toj nacin ce se rastereti Penz. fond od " balastot " na penzioneri za isplata i ce ostanat povece pari za izgradba na spomenici i pozlatuvanje i glazura na m.... na Bukefal. kako i raskopuvanje na Pasko na cela Makedonija i se sto ce pronajde da go objavuva vrven svestki arheoloski raritet.(vece ni se smee cel svet) Ima li nekoj pameten na ovaj nalunicav brod?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.04.2010 09:23:24
Ако е точно ова тврдење за 65 �� 67 год.ќе биде ептен блесаво решение односно надоградено ова сегашно виножитно решение за одење во пензија со 62-64 год.Ќе имаме репрекусии како со нови вработувања и старци некадарни за исполнување сопствени потреби камоли работни обврски.Ова е една варијанта но по тврдењето и тоа категорично на министерство за труд и социјала да воопшто не се размислува за вакво нешто тогаш имаме медиумска ,,патка,, за која некој треба да одговара за ширење лажни гласини.Или имаме виножитен секидневен манир за катастрофични сценарија со ништо поткрепени.
Од: moja
Датум: 28.04.2010 09:29:37
Sudiite, profesotite, administracijata i slicni na niv mozat da rabotat i do 99 godini, nim ic ne im treba penzija, cel den im pominuva vo tracarenje, a kolku za hobi srabotuvaat po nesto. Tie i ne sakaat da odat vo penzija bidejki ke zemaat pomali penzii od platite so gi zemaat sega. A za fizickiot rabotnik zalno e do smrt da go izmacuvate, nim treba da im se namali starosnata granica za penzija, a ne da se zgolemi. Zar od rabota direkno vo grob, zalno i sramno.
Од: hahah
Датум: 28.04.2010 09:31:52
ajde sea da ve vidam poveke od pola ne docekuvaat penzija vo rm. samisli babite kako sijat, ajde site na protesti.
Од: jean luc picard
Датум: 28.04.2010 09:39:12
од работа право во гроб да си легнеме! ова веќе ги премина сите нормални граници. па дали се свесни овие од влада дека веќе со години постои старосна дискриминација и дека ако имаш над 35-40 години никој не те есапи за работа?!! а тек со шеесет и кусур. Господа властодршци, пензиската каса се полни со економски раст и јако стопанство, а не со поместување на старосната граница нагоре! Лечете ја болеста а не симптомите!
Од: vaga957
Датум: 28.04.2010 10:11:55
Ами, да заокружеја на 100 г. и да си бидат рааат...........
Од: caki
Датум: 28.04.2010 10:12:24
nemozam da veruvam deka nekoj misli na 65 i 67 godini moze da e produktiven,a pred i se polezen za ovaa drzava.Ve mola po geneza nevozmozno e lugeto na 67 da operirat,da bidat sudii i neznam veke sto,Na 67 god vie ke go drzite nekoj vo pogon (sramota) ova moze da go izglasaat lezilebovici sto gi plakame nie obicnive smrtnici kako profesori koj mislat deka se nezamenlivi,dengubi vo sobranie koj isto nisto nemislat na nas.GOLEMO SRAMOTA ZA OVAA VLAST verovatno misli i dom 70 da rabotime pa najubavi ic da nedocekame penzii,Se poveke mi lici na toa da umirame i da nedocekame penzii,pa fondot ke vi se polni a vie trosete go non stop za politicki propagandi
Од: Lidnam
Датум: 28.04.2010 10:14:35
Срамота . Мојата мајка почнала да работи на 17 години. Значи ќе оди во пензија на со 48 години работен стаж. На што личи тоа. Плус , ај некое наставниче во школо излапено излапено ќе истрае до 67, а кажете ми градежник што на надворешни услови работи 40 години дали ќе дотера до пензија. Може само да сонува. Законот е тотален срам
Од: Граѓанин на РМ
Датум: 28.04.2010 10:26:16
Не од работа во гроб, него и ке има со оваа работа (после 67 год пензија) “ Туркање во гроб што побрзо“ И не само во текстилна индустрија,воопшто и во други индустриски гранки како и технички дејности каде технологиите и ИТ технологии фантастично напредуваат а старците од 61 62 итн години треба да го држат Чекорот.А да не зборуваме за постојаните терапии со зголемен притисок шекери психофизичка издржливост на работни обврски Тоа ви е драги мои сограѓани. Молам владата да ги процита коментариве
Од: Ајван Доктор®
Датум: 28.04.2010 10:45:39
А,БееЕе... до 101-и назад! Најубаво би било кога покрај дуплирана и триплирана работа за одредени „таленти“од власта,би можеле да си бидат и доживотни!Дури би требало да им се дозволи на Пензионерите,откако ќе ја наполнат CI повторно,онака подмладени и одморени, да се вратат на работа!Останатото брдо од 89,99% Млади Студенти,кои ќе завршат на е-Дисперзирано-растурените факултети во секое Село,ќе може да се Изначекаат,овие „наши“Вечни таленти, најпрвин да го завршат кругот!Ихххх...па Има Време,зошто би се грижеле?Всушност,границата на Одумирање секојдневно ни се намалува,а „нашите“„математичари“само ја пронашле успешната формула за Оправање на Пензиските Фондови: Помалку Пензионери=Поголеми Пензии!Јас дури би им предложил да воведат и можност, за одење во пензија,дури откако кандидатите за пензија ќе Изумрат!Ох,Каква прекрасна Зомби-Иднина ги очекува нашите деца!
Од: pero
Датум: 28.04.2010 10:47:49
Ova e cista spekulacija, znaci nema da se odi vo penzija so starost poveke 64 za mazi i 62 za zeni, a dokolku invomacijata navistina vi e od sudskite i profesorskite krugovi e pa da im napravete edno istrazuvanje na tija profesori i sudii na kolku godini se uste se mavaat po sudovite i po fakultetite i ne moze da gi nateraat da odat vo penzija pa i tije se bunat, treba da se napravi zakon da zadolzitelno odat sudiite i profesorite so 65 godini staropt vo penzija a ne da odat do 70 godini na rab, A ako evropskata unija ni bara analizi da se izvrsat dali ne treba Piom da ja napravi ne znam do koga ke se zanimavame so spekulacii namesto so vistiskite raboti bi ve zamolil da ne pravete strav kaj naselenieto nego da se zafatete so istrazuvacko novinarstvo kade za napisana rabota ke imate dokazi a ne spekulacii pozz
Од: mitko murdzev
Датум: 28.04.2010 10:53:40
zatoa ljuge,stedete sami za vo penzija,bidejki cel zapad taka funkcionira.OVA E IDEALNA PRILIKA DA SI NAPRAVITE POLISA NA ZIVOTNO OSIGURUVANJE VO "GRAWE OSIGURUVANJE".
Од: "двеста на сат"
Датум: 28.04.2010 11:04:29
Малку нелогично во време на голема невработеност,и настојувањето да се оди кон поголема продуктивност.Или ако мора да се испита можноста да се категоризира по професии.Зимислете на седумдесетина години,некој треба да носи одлуки или да сработи нешто,а ќе го прави со "двеста на сат"
Од: Информатор
Датум: 28.04.2010 11:11:37
ВМРО-ДПМНЕ е веќе четврта година на власт (а осум во последните дванаесет години),па ако некој закон не чинел можеле да го сменат,а не виножитниот Феликс да се правда со виножитни решенија!
Од: Zagrizen
Датум: 28.04.2010 11:14:42
Jas imam predlog voopsto da ne se odi vo penzija,tuku od rabota koj sto ke umri direktno da se nosi na grobista!!!
Од: iden penzioner
Датум: 28.04.2010 11:27:28
"Normalno" e ova sto sega se priprema. Vladata ispusto 1.000 policajci vo penzija, za da stavi svoi jurisnici, a posle ovoj "revolucioneren" Cekor, ke ja zgolemuva starosnata granica za penzioniranje. FONDOT E SOSEMA PRAZEN>I segasnite penzioneri dobivaat penzii, vo koi sekoj mesec mu "nedostauva po 100-350 denari, bez da se navedi za sto tie pari se zadrzani.Retko koj penzioner toa go proveruva, bidejki penziite idat na transakcioni smetkii.Presmetajte: 280.000 penzioneri po 100 denari, kolku pari se toa sekoj mesec. Prerodbata prodolzuva.
Од: јас
Датум: 28.04.2010 12:06:47
Откога ги пензиониравте полицајците со 40-45 годишна возраст и со ОХОХО -пензии, ај сега другите нека умираат па ќе им дадете пензија!!!Багра портокалова !!!!
Од: perica
Датум: 28.04.2010 12:11:03
Spored Svetskata Zdravstvena Organizacijha prosecniot zivoten vek na Mkedonecot ( maz) iznesuva 71godina.Odenje vo penzija so 67 navistina znaci rabota do smrt. Interesno e kako nasive umni glavi se selektivni vo izborot , i aplikacijata na Evropskite normi, nekoi drektivi ednostavno gi sutkaat na strana a nekoi bzaat da gi primenat duri i pred samata EU. Prosecniot zivoten vek na zitelite na EU e za 10% podolg od makedonskiot.
Од: jimmy1
Датум: 28.04.2010 13:51:20
A so kolku godini ke odat vo penzija pratenicite i vladinata stoka, na 40?????? Znaci nekoj sto cel zivor raboti fizicka rabota na 70 godini, (so sandukot na grb), a nekoj sto nisto ne raboti pa duri i ne doagat na sednicite da odat vo penzija uste mladi. Tie si izglasaja za niv a za drugite bas gi uvo boli. Ovaa e najlosata vlada sto dosega e imala Republika Makedonija, i neznam dali ke ima nekoja polosa. Kade e Kimov da se javi za komentar, Kimov treba da odi vo penzija so 99 godini.
Од: tina
Датум: 28.04.2010 14:25:04
ne ni trebaata penzii,ke gi jademe spomenicite gospode ne se normalni,pamet da im dade,znaat li sto pravat,se razbira ako napravat konfiskacija na imotite ke ima pari,no vrana vrana oci ne vadi,vo druga drzava so stap ke gi izbrkaa,vo glavno grujo ke java na konj.
Од: gv
Датум: 28.04.2010 15:46:00
Predlagam da se penzionira so urimanje.

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Месечно 55 денари за лекови на жител
Средба во Атина во некои посончеви денови
Скриен список