29.11.2010, 17:05 Ослободителна пресуда за членовите на „Плоштад слобода“
Одделот за прекршоци не нашол одговорност кај 16-мина за инцидентот на скопскиот плоштад
Љубиша Станковиќ
Одделот за прекршоци при скопскиот Кривичен суд ги ослободи од виновност 16 припадници на здружението „Плоштад слобода“, кои беа обвинети за нарушување на јавниот ред и мир при протестите за изградбата на црква, кои се случија на 28 март минатата година на скопскиот плоштад.
Судот не нашол докази со кои ќе се потврдеше пријавата на МВР дека членовите на „Плоштад слобода“ го прекршиле законот. Во анализата на судијата што ја изрече ослободителната пресуда е наведено дека од исказите на обвинетите, како и од видеоматеријалите што биле презентирани, не се утврдило дека е нарушен јавниот ред и мир. Судот констатира дека членовите на „Плоштад слобода“ учествувале во уредно пријавениот протест што го организирале членовите на „Прва архи-бригада“. Тие во критичниот ден со транспаренти се движеле кон централниот скопски плоштад. Движењето на групата било во форма на квадрат, а тоа требало да заврши на местото на кое што државата планира да изгради црква. Но, кога виделе дека во пресрет им доаѓа група што била непријателски настроена, тие одлучиле да го избегнат соочувањето со нив.
Станувало збор за група што носела верски ознаки и транспаренти за поддршка на планот за изградба на црква на плоштадот „Македонија“.
Судот не успеал да утврди кој ги нападнал членовите на здружението „Плоштад слобода“, но констатира дека тие ниту провоцирале ниту се тепале со поддржувачите на изградбата на црква.
Кон крајот на јануари оваа година, истиот скопски суд донесе пресуда со која од виновност ги ослободи и членовите на здружението „Архи-бригада“ за кои МВР, исто така, поднесе прекршочна пријава. Со оваа првична пресуда беше утврдено дека токму „Архи-бригадата“ била таа што планирала и пријавила мирен протест на плоштадот „Македонија“, но дека оние што атакуваа на нив и на членовите на „Плоштад слобода“, немале најавено никаков собир на истото место. |
|
Статијата е прочитана 1656 пати.
|
Испрати коментар
|
|
b, 30.11.2010 12:48:36 | Да имавме министека на МВР со човечки осет, сега ке си поднесеше оставка. |
| грев, 30.11.2010 13:11:04 | А Кој им поднел пријава,,,,,,,,,,?. |
| Трпе, 30.11.2010 13:14:40 | Судиите преплашени од министерот за неправда,носат одлуки од око.Како што владетелот не употребува аршин,одлучува како ке му се сони во личен интерес така функционират сите институци во РМ.Некој лук јадел а пак на лук не мирисал.Чудно а вистинито. |
| karokan "gambit", 30.11.2010 22:39:28 | Pa sosema e razbirlivo deka ne postoese osnova za nikakov prekrsok.Podnesenata prekrsocna prijava od MVR bese samo obicno pokritie za organiziranoto rasturanje na protestot.Toa dobro go znaese i ministerkata (pretpostavuvam i portparolot,ama ne sum siguren) i tie sto po naredba ja podnesoa prijavata.
No celta bese postignata,a komentatorite od tipot na Felix,so meseci se penea vo "ispravnosta
na postapkite na MVR".
Ne mi e poznato sto stana so ucesnicite od drugata strana,ako vece ne se nagradeni,kako i so zakanata na urednikot na TV Sitel deka "nekoj ce naceka na nekoj vlez".
"Kako muskarci" se razbira. |
| ivona, 01.12.2010 09:53:59 | pa zarem vo P.Makedonija postoi minister za vnatresni ,po neodamnesnite slicuvanja trebase da podnese ostavka do denes. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: -3°C, Мин: -12°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: -2°C, Мин: -10°C
|
|
|
|
|
|