Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.04.2012, 17:56

Полемика

За Паско и (ре)креацијата на културното наследство

Донка Барџиева-Трајковска

Не можам да го наречам мој колега човекот кој од позиција на власт решава по сопствен терк да ни го рекреира културното наследство, да ни го смени вековниот амбиент и препознатливи визури, да ни го украде минатото и спомените

(Повод: Интервју објавено во „Утрински“ од 21.3.2012, Писмо од 26.3.2012 и За идентитетскиот земјотрес во Македонија)

Уште во моментот кога Центарот за културно наследство ги откри криминалните дубиози направени со распределбата на буџетските средства за 2007, 2008 и 2009 година со подметнување на терминот „заштита и (ре)креација на културното наследство“ и зголемувањето на ингеренциите на Управата, надвор од постојната законска регулатива, стана јасно дека Паско Кузман е човекот кој треба да ја спроведе идејата за „големата преродба“ преку (ре)креацијата на културното наследство (Фокус 24.2.2012). Без намера да полемизирам (затоа што тоа не е возможно од причини кои ќе ги наведам подолу) во интерес на граѓаните во чие име го пишувам текстот, потребно е да се кажат збор-два за Паско Кузман. Имено, секој кој ја познава неговата ментална матрица и проблематичен професионален интегритет пројавен уште во 1999 година кога употреби динамит за да ја сруши Имарет џамија (споменик на култура заштитен со закон) и го изгради Музејот на вода во Охрид, знае дека тој е идеална персона за реализација на политичкиот диктат на актуелната влада. Секој кој го познава Паско Кузман, исто така, знае дека тој се' што „прави“ прави од позиција на сила и власт која го поставува... тие заемно се препознаваат и заемно дејствуваат! Секој кој го познава, исто така, знае дека „никаде го нема“ кога не е „директор“!!! Се појавува само од позиција на сила, која ја црпи од власта која го поставила, затоа што е свесен дека без личен и професионален кредибилитет „нема кој да застане зад него“. Тоа е истиот Паско Кузман, актуелен директор на Управата за заштита на културното наследство (функција платена од граѓаните), кој не одговори на директните прозивки на граѓаните артикулирани јавно од ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, за состојбите во заштитата на културното наследство, уништувањето на Плаошник, скопско Кале, опасноста за бришење на Охрид од листата на Унеско, пропаѓањето на Курбиново, Лешок, Маркови кули, пропаѓањето на институциите, деградирањето на стручниот кадар... Токму затоа бевме многу изненадени кога на реакцијата на почитуваниот Ерол Ризаов („Утрински“ 22.3.2012) во врска со искажаните ставови околу антиквизацијата „од која секој треба да се срами“ (Утрински весник, 21.3.2012), во кратко и недолично заканувачко писмо (но за волја на вистината, негово лично) го повика на јавна полемика (Утрински, 26.3.2012). Просто не ни се веруваше дека на јавна полемика повикува оној кој цели шест години работи тајно? Доколку повикува на јавна полемика, тоа може да значи само едно - дека заедно со премиерот и министерката за култура, конечно, решиле јавно да ја обелоденат тајната агенда за рекреирање на културното наследство? Искрено не верувавме дека се спремни за јавно обелоденување на крајно неетичкиот и недемократски план за „идентитетско рекреирање на македонскиот народ“. Но, не сме биле во право! Власта и моќта опиваат и во таква состојба се кажуваат работи кои инаку се кријат! Сепак, директорот на Управата за заштита на културно наследство се појави на „мегдан кај Ерол“! Но не беше сам и покрај тоа што скр��мно се потпиша само со име и презиме, погрешно преземајќи ја улогата на Дантес! Длабоко инспириран и инфициран од античката историја, ги повика на помош Данајците и на Ерол му донесе подарок – копија на тројанскиот коњ во кои се скриени сите знајни и незнајни владини јунаци! Да се биде јунак и да се излезе на мегдан сам, лично, треба да се има доблест и високи морални вредности!

Да излезеше сам и да говореше за она за што е платен – заштитата на културното наследство, со задоволство ќе полемизиравме со неговите ставови за кое било прашење од областа на заштитата на културното наследство. Но не може да се полемизира со потписник на партиско/политички памфлет, натопен со „патриотски патос“ и „воспев на власта која ги троши парите, но сепак нешто гради“ и обезбедува услови да се вршат интервенции во културното наследство. Не може да се да полемизира со автор кој е потпишан зад текст, кој не е упатен до стручната и интелектуална јавност (најмалку на научната), ниту до граѓанинот, туку до обичниот народ зад кој се крие актуелната власт.

Не може да се полемизира со човек кој себеси се нарекува „национален ....државен археолог во Македонија, како и сите мои колеги професионалци...“???

За жал, Паско Кузман е само „национален“ и „државен“ археолог, но не и професионалец како сите мои колеги (забелешка на авторот), и токму затоа не можам да полемизирам и да го наречам мој колега од редица причини:

- како да го наречам мој колега човек со проблематични етички принципи – лични и професионални;

- како да го наречам мој колега човекот со кого не споделуваме иста цел – негување и чување на културното наследство;

- како да го наречам мој колега човекот кој не ги почитува етичките професионални принципи и функцијата на која е поставен;

- како да го наречам мој колега човекот, кој наместо да се грижи за доследно спроведување на Законот, доброволно се понуди да стане вазал/слуга, на актуелната власт и да го рекреира културното наследство;

- како да го наречам мој колега човекот кој од позиција на директор на Управата за заштита на културно наследство изјавува: „Јас од мои побуди велам дека се' што сум направил лично и други со мене што правеле и прават сега, сметам дека со извесни грешки и пропусти, се добри работи. Вклучувајќи ги тука и спомениците. За да ја направиме Македонија како што сакаме да ја направиме, бидејќи воопшто не ја правевме, таа само тонеше“!!! („Утрински“ 21.3.2012) и понатаму „...Зарем не гледате дека не ви се случува само антиката (која, рака на срце, од мој археолошки аспект, била отсекогаш и ќе биде уште долго, најатрактивна, не само кај нас, туку и многу пошироко од нас), туку и ранливиот среден век, а и праисторијата (ако не можете да ја видите во стварноста која се случува, потрудете се и видете ја) која е потенцијален кандидат, онака како што ’одбраната македонска колумнистистичка интелигенција’ ги гледа состојбите, да добие негативна конотација во вид на праисторизација на Македонија. Тоа се случува за да ги почувствуваме (подлабоко во нас) сите проблесоци по вертикала, хоризонтала и дијагонала на нашата ’тупанична‘ Македонија, за да ги конзервираме темелите, за да ги реставрираме ѕидовите и за да ги реконструираме куќите, оти само така ќе имаме сопствен дом и покрив над главата...“

Не можам да го наречам мој колега човекот кој од позиција на власт решава по сопствен терк да ни го рекреира културното наследство, да ни го смени вековниот амбиент и препознатливи визури, да ни го украде минатото и спомените (од овде и терминот споменик на култура), и да ни говори дека е лага сето она што ни го кажувале нашите предци. Според него, нашите предци не носеле народни носии и главите не ги покривале со шамии и качкети, не живееле во „скромни куќи“, туку во палати. Тоа е лага! Тие живееле и се облекувале како сиот западен свет, затоа што барокот како стил е рожба на Александар Македонски, а не на Контрареформацијата во 16 век!!! Не можам да го наречам колега оној кој наместо да ги штити, ги „разубавува“ фасадите на постојните модернистички згради со статус на споменик на култура!

Не можам да го наречам мој колега човекот кој не го почитува делото на свети Климент и од Плаошник прави забавен парк и гради етнички музеи на скопското Кале!

Не можам да го наречам мој колега човекот кој додека го „возобновува Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ изјавува: „Што се однесува до таканаречената ’негативна антиквизација‘, која ги боли, ги пржи и ги пече (тоа не важи за тебе (за Ерол м.з.)) си земам за право, на своја одговорност, да кажам ’вистинските‘ Македонски Словени по крв...“

Тогаш, како да се води полемика со вакви извртени ставови? Како да се води полемика со премиер, министер за култура и директор на Управа за заштита на културно наследство кој не си го сака и почитува сопственото културно наследство? Како да се полемизира со персони без личен и професионален кредибилитет - „архитекти праисторичари“, „архитекти лингвисти“, „рекреативни археолози“!!! Како да се полемизира со идеолози - волунатристи, фалсификатори впрегнати ревносно да го завршат она што некои други надворешни сили не успеале да го направат во блиската историја, а против кои се бореше ВМРО? Со нив не може да се полемизира, затоа што и едните и другите настапуваат од позиција на сила/агресија врз македонскиот народ!!!

(Авторката е претседател на ЗГ - Центар за културно наследство)


Статијата е прочитана 3165 пати.

Испрати коментар



Суетата рампа за опозициско обединување
Добриот и погрешниот чекор на претседателот
Д-р на д-ре плагијатор



Jon, 04.04.2012 04:43:30
Bla bla bla . se fativte za pasko ko pijan za plot,ne e samo ti Donke nitu eden novinar nitu opazicija nitu pozicija ne se setil vakvi pritisoci da upati kon gradskite vlasti arhitektite vladata za opstiot izgled i funkcionalnost na gradot. Gledate Ohrid e nabien vezero kako so presa gradot unisten e za sekogas anarhija vo urbanizmot site slepi ulici namesto so krug zavrsuvaat vo zid ,porta ili ograda za nazad rikverc pazar imas vo centarot na gradot bez parking nitu za tie sto prodavaat nitu za tie sto kupuvat grad so nitu eden parking ili katna garaza i bez javen toalet mesto ovaa kolumna da e upatis kon gradskite vlasti so sto ke bides i prvata osoba sto potsetila na nesto sto gradot zavrsuva vo nepovrat vie se fakate za pasko Kuzman koj covek nesto pravi
pameten, 04.04.2012 05:52:32
Minatoto e nashto, koe shto ne mozhe da se promeni. No spomenite se neshto koe shto sekogash se menuva. Istorijata ne e tolku istorija na populaciite, toku istorijata na identitetite. Nikade vo svetot identitetot ne bil tolku zhestoko menuvan olku vo Makedonija za poslednive 100 godini. Za eden vek ovoj narod pomina preku nekolku drzhavi, jazici, azbuki i crkvi. Mu menuvaa imenjata, familiite, pasoshite, istorijata shto ja uchele... Teshko e da se prifato deko tokmu ovie torturi se etnogenezata na Makedonskiot narod po unishtuvanjeto na Solveno-Bugarskata svest. I koga identitetot od vreme na SFRJ za Sloveni Makedonci, koi shto bozhemno postoele kako narod so vekovi beshe gotov, se pojavi Antikvizacijata, ushte poopasna fantazija. Logichno taa ima poterbnost od guru, koj shto povtoruva magepsani zborovi, no od intelektualci koi shjto ja barat vistinata.
пријател, 04.04.2012 08:16:46
Ви благодарам за колумната.Штетата која ја прави оваа власт преку Паско Кузман ќе требаат децении за да се санира,но што порано почне да се попречува,тоа е подобро за Македонија.Чудно е како голем дел од народот потпадна под влијание на Паско,Велиновска,Томиќ,Неделковски,Донски,Иљов и разни други „гатачи“, како да не живееме во 21 век,туку во среден век.Никој од овие не заслужува да биде демантиран од нивни колеги,затоа што нивни колеги можат да бидат само врачевите од Африка и од абориџините во Австралија.Но научниот збор треба да се чуе за да ги разбуди заблудените симпатизери на оваа чудна тајфа.
Regan, 04.04.2012 08:37:40
Што сакаше да каже авторката која очигледно не му припаѓа “на обичниот народ“? Сем што покажа голем анимозитет према својот колега и актуелната власт,не понуди ништо интелектуално нити научно (како што милува да се прикаже).
smile, 04.04.2012 08:39:15
donka bargjieva-tresish gluposti kako prvo ti nrmash pojma koj se slovenite i od koj vek se imenuvani kako sloveni ,a kako se identifikuvale pred toa i ke svatish deka se e zabluda od tvoja strana i tie kako tebe.
mene, 04.04.2012 08:42:14
Bravo G-gja! Odlicno kazano. Samo bi dodala deka ne treba da ne plasi pozicijata na sila... zboruvame za golemi raboti... ne se umira za ideali sekako, AMA vlasta se uriva lesno so pomos na vakvi kako vas i kako mene, da se izborime!
bitola troa skolovan, 04.04.2012 08:45:46
Za pocit e Vasata misla za Pasko koj e klasicen primerok za odgovorot na prasanjeto :Od kade izlegoa tolku iskompleksirani platenici so zabja perspektiva na ovie prostori? Barajki gi odgovorite na ova prasanje so Vasiot tekst dadovte edno ubavo viduvanje.
jimmy1, 04.04.2012 09:16:45
Neznam zostu tolku posvetenost za Pasko, pa celiot e izguben. Go ima dodeka e na vlast VMRO, ako nee VMRO na vlast Pasko go nema nikade i nikoj nema da go znae. Sto se odnesuva do antickiot identitet i makedonskoto nasledstvo nemaat nikakva vrska so Pasko. Mozebi nekogas se doselile slovenite na ovie prostori, no ne veruvam deka ovie prostori bile prazni koga tie se naselile, a toa e deka postojat anticki makedonci od koi i jas se smetam eden od niv. Dali navistina nekogas se doselile slovenite ovdeka, nema ziv da go dokaze toa, ili pak toa e od ona sto ne uceja na uciliste. Jaz se smetam eden od antickite makedonci bideki Aminta, dedo na Aleksandar e roden vo moeto rodno mesto a zenatamu bila od Bitola. Sramota i nelogicno e da se negira deka denes nema vo Makedonija luge, potomci na antickite makedonci. Albancite se doseleni od Azija nekade kon 6tiot vek a se kazuvaat potomci na ilirite iako nemaat nisto zaednicko so ilirite. Ali toa e nasa navika samite da go negirame svoeto.
Istocna Makedonija, 04.04.2012 09:19:41
Pocituvana g-go Trajkovska.I poveke argumenti da vi se validni,sepak,so vakov vokabular,negira- nje,etiketiranje i dezavuiranje na g-dinot Pasko Kuzman,obicna i neutralna,a vo Vasava profesija inferiorna individua,ne moze apriori da se slozi! Doblesno i humano e,da se spori za koncepciski ra zlikii,tolkuvanje na istoriski fakti,ama navredi na licen plan?!Ne e eticki,non sens!
Mark, 04.04.2012 09:58:57
G-gja Bardzieva go zanemaruva glavniot aspekt na prerodbenickata ujdurma - KRADENJETO! Dodeka se vodi polemika anticki-Slovenski(besmislena, Sloveni sme i toa gordi), barok-marok, SE KRADE NA MRTVO!! Zrtvi sme nie-narodot, istoriskite spomenici, nasledstvoto od predcite! Kurbinovo - eden od najznacajnite EVROPSKI SLIKARSKI SPOMENICI od XII vek - PROPAGJA!!! Ova sto se pravi ima samo edna dijagnoza - shisofrenia psychopata!
Potomok na Aleksandar Makedonski, 04.04.2012 12:32:54
Zarem e mozno vakov arheolog da bide pretsedatel na 3G-Centar za kulturno nasledstvo!? Losho e koga drzavniot neprijatel ti e doma, a najlosho koga zgrabil vakva visoka funkcija!!!
Фрустрации и кум неканет, 04.04.2012 13:16:35
Гледате ли на вакво гледање на работите кој ви е пријател. Па овој пријател од грчка амбасада кумот неканет.
lazo, 04.04.2012 13:41:55
Се разбира дека мојот гнев е вперен кон навистина болниот и перверзен државен археолог!Стварно се осекам како некој од тука,од дома да ми го одзема мојот македонски идентитет!Плаошник,каков кич бе добри луѓе ! Какви само пари се турнати за тој невкус! Слушам од еден од неговите „копачи„ додуша малку поднапиен дека „газдата„ ја раскажал приказната дека ете „големиот„ ХИТЛЕР нас ќе не поштедел како посебен народ барабан со неговиот и ќе ни изградел широк афтопат од Скопједо Солун ,ист како неговиот што го врзуваше Хамбург со Минхен !Ете оваа приказна нека е дајбоже невистина али сите други негови работи одат во една болна насока на докажуванје на еден идентитет што јас како македонец напросто несакам да ми се наметне! Благодарност до утрински и тие што ја водат битката со овај шарлатан и така наречен државен археолог !
ДО СМИЛЕ СЛОВЕНОТ, 04.04.2012 14:12:37
Најодговорно тврдам дека Смиле словенот е донесен на овај идентитет преку извршена алхемија на истиот. Ете тој потекнува директно од најстариот, едноклеточниот организам АМЕБА. Е, големо извини, ама неможиш никогаш постар да се направиш.....зашто на крај ке испаднеш постр..
xcghujikop, 04.04.2012 15:50:30
Vistinata se kazuva jasno i kratko.Sama lagata bara verbalni gimnastiki i mnogu zborovi. Jurisnik vo odbrana na clenot na nivnata tolpa koj trebase da polemizira. Inaku site tie od taa tolpa nemaat problem so Pasko nitu so od niv izmisleniot i plasiran termin antikvizacija tuku so Haskiot sud koj neja osudi restavracijata i re/prezentacijata na antikata a patem nitu go osudi samoizbranoto ime i identifikuvanjeto so nego. Prezentacijata na antikata i proektiranjeto na Skopje-2014 se ednovremeni procesi vo dva sprotivni pravci koi go razbivaat sablonot za novokomponirana soc-realisticka realnost. Bez minato nema idnina a otkrivanjeto deka imalo minato i pred 1945 i pred otomanskoto ropstvo pa i pred 6-ti vek ne im se dopaga barem isto tolku sto i vo idninata ke bidat zastapeni tie crti. Edinstveno se poveke blednee i ke ja nama crtata na neprikosnovenoto politbiro.
jas, 04.04.2012 17:24:12
Mi godi sto i Vie go spomenavte Plausnik kako i Erol. Nikoj vo svetot ne formira objekti sto pre mnogu godini postoele dokraj, zatoa sto nikoj i ne moze toa da go stori denes. Otkrienoto od porano samo se otkriva i se istaknuva samo ona sto ostanalo od nego; se drugo e skrnavenje, grozno igranje so minatoto. Makedonija vnatre e podelena, no ne na dobri i losi, ami na vakvi i onakvi. Makedonija e edna od mnogu redkite zemji koi ne mozat da zaredat regularni izbori. Vo Makedonija seuste ne e izbrana vlast sto upravuva, nie birame vlast sto ke ne vladee. Tesko e covek da soberi sili i da recideka eden den ke bide podobro.
arhitekt, 04.04.2012 17:55:29
na početokot seto ova izgledaše kako prašanje na loš vkus, se pretoči vo kriminal, a izrasna vo ludilo. opštonarodno. i pasko, i site... kakva ti antika, kakov crn barok... dilatanti nevideni.
evidenticarot, 04.04.2012 18:42:08
Najmalku edna Donka Bardzieva ima pravo da zboruva za zastita na kulturnoto nasledstvo i za arheologijata. Pred poveke od deset godini imase moznost da pokaze nesto, ama prstite i bea leplivi. Pa osven so finasiski manipulacii so nisto druigo ne e poznata vo svoite krugovi. I namesto argumentirano da polemizira so Pasko, taa go diskreditira kako licnost. Samo si ja pokazuva svojata neeticnost po koja e poznata kaj onie sto ja poznavaat...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 7°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |