Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Плочите и вандализмот

Гојко Ефтовски

Спомен-плочите на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година, поставени на неколку места во тетовскиот крај, постојано се цел на вандали. Штом ќе бидат поставени, непознати сторители веднаш ги кршат или ги расфрлуваат. Тоа е под секое достоинствено кога е во прашање помен.

Спомен-плочите ги поставува здружението „Достоинство“. На овој начин здружението сака да дополни една очигледна празнина што ја оставаат надлежните органи во државата за чија одбрана се жртвувани животи.

Вакви спомен-белези „Достоинство“ постави шарпланинското село Вејце, каде што на подмолен начин беа убиени осуммина, потоа над селото Гајре во чест на петтемина загинати и на Попова Шапка, потсетувајќи се на еден загинат бранител.

Органите на државата единствено се потсетија на десеттемина загинати на автопатот Тетово - Скопје кај месноста Карпалак.

Поставувањето спомен-плочи на никого не треба да му пречи. Наместо тоа, спомен-плочата кај Вејце не издржа повеќе од два дена. Беше парчосана и расфрлена. Од онаа над Гајре нема никаква трага. Едноставно е однесена од местото каде што беше поставена.

Спомен-плочата кај Карпалак, пак, е посебна приказна. Иако е поставена на фреквентно место и постојано пред очите на јавноста, неколку пати е уништувана и поставувана нова.

Јавноста во Тетово, па и пошироко, ваквите посегања по спомен-белезите ги сместува во вандализам, варваризам, недостојност, примитивизам и како потег што подгрева тензии.

Токму овие моменти се предизвик надлежните органи да ги откријат сторители. Засега не е расветлен ниеден случај.


#
Статијата е прочитана 1045 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2010 00:04:33
Se unistija i bistite na partizanite, no i toa nikomu ne mu smeta.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 28.06.2010 04:08:55
E Gojko, Spomenicite vo Gajre i Vevce bea spomenici za:Edno Dnevna Politicka Potreba.Site znaeme,deka nema da izdrzat ni mesec dena! Eee Moj Gojko!Zosto seto ova, te cudi,i voznemiruva.Tie sto izginaa za Makedonija-Izginaa od Denesnive Albanski Prvoborci vo Makedonija-Ama ne za Makedonija.Tuku za Ilirida il nesto drugo!Znaci,Ti moj poznanik od krajnite 50seti i pocetokot 60seti godini,ne razbra uste togas;Kade se culo i videlo,da pobednikot mu pravi spomenici na gubitnikot.I samiot znaes vo maloto parkce vo Tetovo imase spomenik na:Ne se secavam tocno,ama ne bese spomenik na Zjemo.Ima edna tetovska mu nema fajde,,Pokri Pa Zeljaj"a drugata e ute poubava ,Zivite vo Nevar".Nekade procitav,,Poglednete na casovnicite vo Tetovsko,,Aksam Padnal i Dovagja Mnogu Vekovna Noc,A, Makedonskite Slepcite Uste Mislat e Pred Pladne vo Tetovo"Se ova mi lici kako: Zenata Ti e Neverna,Decata Znaat,A SiteTi Laskaat! Eee Moj Gojko! NaseTetovo me podsetuva kako:REKA BEZ POVRATKA!
Од: ivan
Датум: 28.06.2010 07:01:10
pa i na Mara Buneva isto nekoj gi krshi plocite vo Skopie. ne sme da sa tetovci to ucinili.
Од: mihajlo
Датум: 28.06.2010 09:39:58
Mi go zede zborot Iter Pejo. Gospodine novinare,prasanjeto na plocite na nasite najnovi Heroi i ponataka ce se krsat.Toa e jasno kako den.Ova e prasanje ne za nas koi nemame nisto so sto mozeme da gi zastitime.Toa e rabota na Vlasta,a Vlasta TVRDI deka kontolata vo Drzavava e na celata teritorija.Ima edna izreka:"mizi Asan da Ti bajam".Sakam da Te prasam nesto oti po kadroto gledam deka si covek vo godini.Dali pametis nekoja BISTA na borec vo NOV za vreme na "ozloglaseniot" sistem da bide iskrsena.E toa bese Drzava.Denes ova malo parce zemja e do taa merka podeleno sto i Tito da stane, ne ce bide vo sostojba da go spoi."Dostoinstvo" se dostoinstveni,no prasanje e dali ostanatite ziteli ,posebno etnicki Makedonci,kolku se DOSTOINSTVENI.E tie gledaat samo za sebe,se do onoj moment,dodeka mezkata ne zaigra na nivnata vrata.A togas e docna.Znaci docna e i za odbrana na......
Од: mkd
Датум: 28.06.2010 09:47:50
Drzavata si ja ceni svojata sila so sekoe drzavno obelezje. Zasega i e okolu 0 na toa podracje. Zatoa i investiciite tamu treba da i bidat 0. Na vremeto se ostavalo casa na cesmata kade se pielo i nikoj ne smeel da ja ukrade bidejki ako ja snema letale glavi.Kolku bila silna Drzavata se cenelo sprema vrednosta na casata.Kaj Vlad Tepes na sekoja cesma imalo ZLATNA CASA. Ama ne daj boze da ja snema zosto pola selo ke bilo nabieno na kol. Ova samo kako edna simbolika kako drzvata vospostavuva avtoritet. So represija normalno ne so ubavina.
Од: вераг
Датум: 28.06.2010 11:50:55
Малку им беше што кукавички и безмилосно ги убија,без никаква грижа на совест и што е поважно без никаква казна,сега сакаат и да ги уништат секој спомен на нив.Примитивизам од најдолен вид,одвратно однесување од тие со кои мораме да живееме,нажалост.

Најди! во Утрински
Втора страница
Ставрески во невозможна мисија
Вербатим
Иванов охрабрен