Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Ставрески во невозможна мисија

Дојде време на безидејност, економијата дише на жабри, сенката на политиката ги прекри економските реформи

Соња Маџовска


Што е тоа што ги запре економските реформи во земјава?

Кризата или рејтингот се во прашање?

Нема нови идеи, економијата дише на жабри, а економските реформи паднаа во сенка на политиката. Според експертите, најактивен меѓу министрите во овој период на криза се покажал вицепермиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој изби во гро-план, иако до крајот на минатата година беше во илегала.

За разлика од него, министерот за финансии, Зоран Ставрески, од кого, пак, многу се очекуваше откако го замени поранешниот прв финансиер Трајко Славески, сега спроведува невозможна мисија, односно се обидува да менаџира со пари што ги нема. Во последнава година Владата ги замени економските реформи со крпење буџетски дупки.

„Ако некој прави нешто во сегашната Влада, тоа е вицепремиерот Владимир Пешевски, во поглед на промените што ги турка во делот на ��егислативата, а во насока на подобрување на бизнис-климата. А министерот за финансии Ставрески се обидува да ги менаџира парите што ги нема. Тој моментно гледа да го направи спроведливо она што не може. Од него и не се очекуваат предлози за крупни реформи, бидејќи толку може, а и ако почне нешто да прави ќе го сменат како поранешниот министер за финансии, Трајко Славески“, вели професорот Ванчо Узунов.

Според него, Владата во последнава година игра на картата само како да го одржи високиот рејтинг, па затоа ги нема економските реформи.

„Владата виде дека моделот на економски реформи кои таа го предложи не може да биде спроведен. Она што таа го ветуваше се покажа како нереално амбициозно. Многу од тие проекти не ни можеа да бидат изведени во реалноста. На пример 8-те милијарди инвестиции најавени пред две години, ветувањата дека ќе дојдат многу странски директни инвестиции, потоа очекувањата дека со купувањето компјутер за секое дете во училиштата ние ќе станеме развиено информатичко општество и веднаш ќе прескокнеме 20 години. Тоа се кажани ветувања за да се добијат избори. Но, откако се виде дека тие не можат да се спроведат, Владата се симна на земја и тие големи ветувања ги покрива со други проекти кои се исклучиво наменети за одржување на висок рејтинг. Затоа економските реформи се во втор план, бидејќи со нив не се добиваат големи поени кај гласачите. Затоа се игра на картата не го даваме името, бидејќи така најдобро го одржува рејтингот. Во економијата нема ништо, а уште и името ако го нема, со што ќе го брани рејтингот. За да не изгуби од рејтингот, го намали темпото и ги стави во втор план економските реформи, на сметка на проблемот со името“, смета Узунов.

И поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, вели дека Владата е фокусирана само на тековните проблеми. „Факт е дека системски и структурни реформи одамна се запрени, а тоа се всушност долготрајни реформи. Владата од нив целосно се повлече и го насочи својот фокус исклучиво кон тековните проблеми. Тоа е погрешна политика затоа што Македонија има голем број структурни економски проблеми кои не можат да се решат со мерките на тековната економска политика“.

Што е она што сега и' треба на Македонија? Поранешниот министер за финансии е јасен: тоа се структурни реформи во извозниот сектор, технолошката политика, потоа преструктурирање на јавните финансии, ифраструктурна обезбеденост, вистински длабок рез во здравството, судството. „Станува сосема јасно дека процесите на прструктурирање на јавните претпријатија се целосно запрени. Последното големо преструктурирање беше на поранешното ЕСМ. Наспроти пензискиот систем кој сериозно се реформираше со 2 и со 3 пензиски столб, здравствениот систем остана целосно нереструктуриран и ги задржа сите карактеристики на социјалистичко здравство, но со намалена ефикасност во извршување на услугите“, смета Поповски.

Што се ветуваше, а што стигнаа да остварат двете влади на премиерот Никола Груевски. Се' започна многу амбициозно, со проектите рамен данок, бруто плата, трансакциски сметки, регулаторна гилотина, едношалтерски систем, се скратија бројни процедури и веднаш земјава се искачи на првите места на листите на топ-реформатори.

Сето тоа ги подгреа ветувањата дека ќе дојдат многу инвестиции од кои требаше да не' боли глава (како што најавуваа одделни министри) и да бираме каде ќе работиме и за каква плата. Откако не дојдоа странските инвеститори, почнаа да се најавуваа невозможни пакети, како што беше оној фантастичниот од 8 милијарди евра од пред две години. Сега најактуелен е пакетот за инвестиции во енергетиката, наводно, најголем во последните 20 години. Сите овие залагања требаше да ни го подобрат стандардот, да ни ги зголемат платите, да ја зголемат вработеноста и бруто домашниот производ на земјава.

Но, во меѓувреме се случи светската економска криза која нашата Влада во почетокот ја игнорираше, па дури од највисоките нејзините редови се тврдеше Македонија ќе биде во компаративна предност затоа што инвеститорите од нестабилните големи светски економии ќе нагрнеле кај нас.

Но, се' падна во вода. Ниту подобро и поубаво се живее, невработеноста се зголемува, а БДП е во минус.

Во економијата наизглед се' беше во ред додека Владата беше на слатки маки како да ги троши парите, а буџетот се преполнуваше. Се трошеа и се' уште се трошат многу пари за непродуктивни проекти, иако втора година едноподруго буџетот мора да се намалува поради помалите приливи. Во години на криза кога се' затаи, а стопанството едвај преживува, неуспесите и лошите резултати Владата им ги припишува исклучиво на глобалните случувања.

Домашните и странските инвеститори мислат поинаку – тие како главни кочничари на бизнисот во земјава и натаму ги гледаат партизираната администрација, нерешените имотни прашања, долгите судски постапки и монополизираните сектори. Такви се енергетскиот, телекомуникацискиот, а и банкарскиот, кои се сметаат за сектори во кои доминираат и диктираат неколку главни субјекти.

Сето тоа очигледно влијае инвеститорите да не ја доживеат Македонија онака како што посакува Владата, односно како „инвестициски рај“. Лани дојдоа само 180 милиони евра, а годинава во првите три месеци 50 милиони евра, најголемиот дел од нив се обврски и побарувања, а многу мал дел отпаѓа на свеж капитал. Диоптријата како не' гледаат однадвор е очигледно различна од онаа како ние мислиме дека се претставуваме.

Но, и покрај поразителните резултати, Владата не отстапува од зацртаното, и натаму инвестира само во промотори, кои ги праќа по светот, за тоа се трошат огромни пари, а инвестито��ите ги нема. Инвестициите, кои толку многу се најавуваа, требаше да отворат илјадници работни места. И од тоа ништо не испадна, земјава со 33,8 отсто невработеност, деновиве беше прогласена за рекордер. Ако сакаш да успееш, економските реформи не можеш да ги правиш две-три години. Тоа не може да си го дозволат ниту најразвиените економии. Во мали економии како што е македонската, кога малку ќе подзапреш, сите коли почнуваат да одат надолу. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 4461 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2010 00:08:55
Prerodbata prodolzuva i se nadgraduva, se do konecna propast.
Од: Мите
Датум: 28.06.2010 00:32:40
Познато е дека неможе да има полна вработеност и стабилност. Бадијала комунјарска полна запосленост ако курсот на домашната валута се менува 2х на ден... за жал овој комуњарски модел освен Србија полека почнува и на Западот да се користи, во смисол на перманентно растенје на Златото ( за сега)... вистинската криза ќе дојде кога Храната ќе почне неконтролирано да поскапува.. Кога тогаш претстојува распад на Слободната трговија, повторно затварање во Царински бариери кој ние во овој комуњарски регион всушност дури сега ги отвараме... затоа битно е да се задржи разноврсност и стабилност на производството и да не се пумпаат цените и платите. Посебно ние имаме Нереално скапи недвижнини, тоа ќе се врати како Бумеранг...
Од: Трпе
Датум: 28.06.2010 01:15:38
Кум ставре а нешто каже,знајте дека ве лаже.Неговиот пат го зацртал како едно кљусе,кое се плаши да помине по дрвен мост.Градоначалникот на Истанбул,пратејки како работи владата на една толку мала земја ,има кажано дека со Македонија може успешно да раководи,без никакви министерства и тоа работејки само еден ден во неделата,поточно кога тој нема обврски во недела,од Македонија може да направи Швајцарија во мало.
Од: mitko dobro ja poznava malenkosta
Датум: 28.06.2010 03:53:43
Stavre-kumot e eden nevospitan dunster. Nisto toj covek ne znae za budjetot. A za da se vodi budjet covek mora da bide barem pismen. Mnogu go potcenuvate, toj so negovoto zadolzuvanje e prestavuva najgolema opasnost za Makedonija, mnogu pogolema od Grcite.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 28.06.2010 04:02:44
Ако партијата на власт државата ја третира како крава музара нема што позитивно да се очекува, таа не е за задоволување на апетитите на ДПМНЕ и на нејзините трабанти туку треба да се организира за да функционира за потребите на народот.Вака партизирана и ограбена мака ќе мачи за да се оправи.Се разбира со некоја нова влада.Оваа си го товари магарето и толку. Сега ни треба проширување на Идризово и сосема нова економска политика.А економисти и тоа врвни има - но не во оваа влада.Тие всушност и ја предупредуваа пред секоја нејзина глупост...но што знае дете што се 500 кила?...
Од: gogo
Датум: 28.06.2010 07:58:53
e ajde sega pak ke kazat Branko i SDSM im se krivi,komunjarite im se krivi , site im se krivi. Od lakomost shto poveke pari da ukradat (znaejki deka posle ovoa vladeenje teshko deka nekogash pak ke imaat vakva shansa). Kako da privlekuvame investitori od nadvor koga cel svet gleda kako tuka se troshat pari za gluposti. Koj normalen vo ekonomska kriza troshi pari za spomenici ,skulpturi ,plazi i eden kup drugi gluposti. I vo grcija imashe do skoroedna lakoma vlada i gledate sega trebalo da si gi prodavaat ostrovite. A nie shto ke prodavame koga imame samo eden mal ostrov poln so zmii. Nie izgleda ke se prodademe samite sebesi ako nekoj vo svetot ushte saka goltari kako nas. Narode svesti se go dopirame dnoto a trebashe da ja dogledame svetlinata od krajot na tunelot. Po se izgleda deka tunelot bil septichka jama,em dlaboka em smrdi.
Од: marjan
Датум: 28.06.2010 08:53:16
Неколкупати досега ве замолив во интерес на нивото на Вашиот весник да користите мислења од релевантни експерти. Господата кои ги цитирате и со кои сте се консултирале не спаѓаат во таква група. Што се однесува до темата истата е актуелна и треба да се отвори во јавноста. Поздрав
Од: Mile
Датум: 28.06.2010 08:55:14
Oni svojata cel ja postignaa.Sto imase da se tovari,si tovarija, sega planiraat ona sitnoto sto preostana da go dosoberat. Pesevski e eden od podobrite kadri sto go imaat, i neznam sto voopsto bara vo takvo drustvo.Drugoto se e marionetska nepismenarija koja edinstveno sto znae e, slepo da slusa i izvrsuva naredbi.
Од: bobi
Датум: 28.06.2010 09:31:53
Stavrevski e covekot koj treba najveke treba da laze .Toa e zapisano i vo programata na dpmne .Prerodba vo 100000000 lagi.Covekot ja izvrsuva revnosno bidejki osven lagi toj covek za drugo i ne go biduva.Ekonomijata za nego e samo sredstvo za bogatenje na nego i semejstvoto na premierot.
Од: realen
Датум: 28.06.2010 09:41:54
Realno segasnava vlast ima dobri idei no slaba realizacija. Sfatija deka masivni fabriki i pogoni se minato i deka treba da se privlece know-how od stranskite kompanii preku slobodni zoni no tuka zapnaa. Sfatija deka Makedonija ne moze da konkurira so nuklearna nauka tuku so organsko i ranogradinarsko zemjodelstvo,tutun i vino i dadoa ogromni stimulacii no i tuka ne si legna na mesto planiranoto. Kako i da e barem nesto rabotat a so denesnava opozicija na vlast se e kako mirna voda,nisto ne se slucuva i op 4 godini pominaa bez nisto da mrdne
Од: Bitola
Датум: 28.06.2010 10:04:54
Stavre -sej:trgnigo siseto ti rekov i casata trgnija.
Од: до митко
Датум: 28.06.2010 10:09:38
Митко, ништо не си направил во животот, одтебе тешко дека ке биде човек.
Од: eu
Датум: 28.06.2010 10:21:21
sto ekononija moze da se ocekuva so vmro politika???grtadenje spomenici,crkvi,dzamii i toa na grci toa li e investicija???tie 200-500mil evra mozele da se investirat vo pogoni,zemjodelstvo t.e. direktno kaj zemjodelcote so subvencii,a od dr strana investicii vo komun dejnosti kako bolnici,negovatelski centri za stari i hendikepirani so sto ce se otvorat novi rbotni mesti kako vo proizvidstvió taka vo opstestv dejnosti a sto investicija e ve molam most na cvece???????sto ludje se tie vo vlada?kako da se obezglaveni kako tie grcki statui pred vlada....
Од: Albanec od EU
Датум: 28.06.2010 19:58:17
Napred VMRO. Vi treba samo eden iscekor do ambisot. So vakva vlada, i Amerika ke propadnese...Zalosno, premnohu zalosno...

Најди! во Утрински
Втора страница
Плочите и вандализмот
Вербатим
Иванов охрабрен