11.07.2012, 17:05 Поглед
Водно го враќа ударот
Димитар Чулев
На крајот ќе се испостави дека и не бил виц наводниот оглас „Продавам куќа на клизиште, со тенденција за шест месеци да биде во строг центар. Цена променлива“.
Паѓањето на потпорниот ѕид на улицата „Салвадор Алјенде“ во елитниот кварт на Водно е сериозно предупредување. Експерти велат дека не може туку така да се влезе во „недрата“ на Водно, да се отсече парче земја како „резне од лубеница“ и да се очекува дека со потпорен ѕид Планината ќе биде задржана да не реагира. Колкав и каков да е тој.
Настрана прашањето дали некој и воопшто направил сериозна анализа дали механиката на теренот на Водно кое, патем речено, е во зоната на трустното скопско подрачје, може да издржи станбени мегаструктури од типот на оние кои се градат таму. Дали е можно да се порамнува теренот таму каде природата замислила косина...
Дали со лаички зафати е можно Планината да се претвори во модерни скалести „Самирамидини градини“ во кои наместо цвеќиња, ќе виреат тешки четирикатници надвиснати над стотонски базени со поглед на Градот долу?
Во трката по профит и под закрилата на градежното мото „повисоко, поелитно, поскапо“, на локации над некогашното „олимписко село“ никнува нов град, а инвеститорите и најмените „градежници“ го изгубија контактот со реалноста и заборавија на ноторната вистина дека „природата секогаш го возвраќа ударот“: во скопскиот случај преку ектремни температури, запирање на ветровите, ерозија на земјиштето.
Водно секогаш ќе тежнее да ја врати првобитната „линија“ и да ги збрише отсечените парчиња во подножјето каде некогаш имаше една „Панорама“ и едно олимписко село.
|
|
Статијата е прочитана 1048 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 12.07.2012 09:17:20 | Vakvi potporni zidovi pukaa i vo minatoto (mozebi ne so vakov intenzitet), no nekako ne im se pridavase znacenie. Sega vo uslovi koga veke e preplaveno od novi stanovi koj stojat, a doprva i ke stojat prazni, konkurencijata ke pocne sama megu sebe da se *jade*. So ovoj *incident*, definitivno cenite na stanovite na Vodno drasticno ke padnat od pricina sto veke tamu ima mnogu zgradi so prazni neprodadeni stanovi, pristapot i parking prostorot obicno se katastrofalni, eve sega i nesigurnosta na zemjisteto ke si go napravi svoeto, pa tesko deka nekoj tamu ke plati stan po cena od 1300-1600 evra kvadrat. Kosmos(na Fiat Canovski) kako najgolema konkurencija (nad 500 stana po cena od 850evra kvadrat), go urnaa, pa sega ostanaa najpodobni stanovite vo centralniot del. Kako i da e, bitkata za prodazba na stanovi pomegu gradeznicite zapocna. Ke bide se posurova i posurova. Ke se iznaslusame*losi reklami* za mnogu *elitni* objekti. Cenite neminovno, ke pagaat. |
| Мајолика, 12.07.2012 11:45:51 | Градежниците загубија врска со реалноста под водството и притисокот на подмолната политичка демагогија, која, во крајно вулгарен манир, стави знак на равенство помеѓу соголените поими „градење“ и „развој“, однапред обезбедувајќи си алиби за секоја, па и најпоганата градежна иницијатива! Вистински противприроден блуд...! |
| GO SAKAM SKOPJE, 12.07.2012 14:03:40 | Pred poveke od 40 godini,se vrativme od tugina kade rabotevme poveke godini. Imavme golema zelba, da si naravime vila ubava, tvatka kako sto sme videle nekade.Osobeno imavme zelba da bide na visocinata nad Skopje od kade ke uzivame vo negovata ubavina. Okoto ni se zakaci na lozje, na bregot kaj nekogasnata Panoram,od kade gradot se gledase kako na tepsija.Vlasnikot se soglasi, no koga pobaravme dozvola za gradba, onie *komunjarine* nikako da gi potkupime da go izigraat zakonot koj vo toa vreme postoese i ne se menuvase kataden. *Tvrdoglavi kako magarinja* ni objasnuvaa deka vo ime na prirodata, ne smee i ne trebe tamu da se gradi..!Postapkata ja obnovuvavme povekepati, ama glavniot inzenjer , nejkese ni da cue! Nam ni stana smao da go psueme toj *komunjar* koj ete, odamna bil vo pravo! |
| eden, 12.07.2012 14:24:08 | Do Jovan,ne e bas taka.Park sumata Vodno nikogas ne bila gradezna zona, sprema toa nemalo ni potreba od potporni zidovi.No bez ogled na toa,sekako deka olimpiskoto selo i okolinata na bivsiot hotel panorama vo nikoj slucaj ne se mesto za izgraba na povekekatnici.Vprocem mnogu inzineri ukazuvaa na opasnosta od gradba na ovoj teren,no za zal nikoj ne sakase da go slusne nivnoto strucno mislenje.Na krajot vo sekoj slucaj prirodata go vraka udarot,a taa da ne zaboravime e seuste uperiorna nad covekot!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|