Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Скопје

Неплатената фирмарина повторно ќе ги блокира сметките

Градските власти ќе почнат со опоменување на фирмите и за долгот за 2009 година

Сања Наумовска

Денеска завршува рокот за плаќање на заостанатите давачки за фирмарина за 2007 и 2008 година, кој пред три месеци го даде Градот Скопје. Сите фирми што не ја искористиле можноста да ја платат оваа такса од утре повторно ќе се соочат со блокирани сметки, а ќе се активира можноста за присилна наплата.

Во Скопје има 42.828 фирми од кои само 15.499, или околу 36 проценти редовно ја намируваат оваа обврска, додека останатите 64 проценти немаат платено за две или за три години. Приходите од фирмарината Градот и десет скопски општини ги делат во однос 60 спрема 40 проценти.

Во Градот Скопје моментно немаат конечна бројка колку од вкупно 27.000 фирми-должници изминативе месеци ја искористиле можноста да платат фирмарина, со образложение дека до истекот на рокот има уште два дена. На овие фирми еднаш веќе им беа блокирани сметките поради долговите, но по нивните реакции градските власти им ги активираа, со услов до крајот на овој месец да си го расчистат долгот.

Нема да има пролонгирање на можноста за плаќање, велат во Градот, што значи дека на сите должници повторно им се заканува присилната наплата. Градските власти најавуваат дека по расчистувањето со долговите за 2007 и 2008 година, веднаш ќе почнат да ги опоменуваат фирмите и за обврските за плаќање такса за фирмарина и за 2009 година.

„Ако по опомените не се плати и минатогодишниот долг, веднаш ќе биде активирана мерката присилна наплата“, соопштуваат градските власти.

Поради големината на таксата за фирмарина, која за трговски друштва изнесува 8.000 денари годишно, а за трговци-поединци 2.700 денари, Советот на Скопје на седницата минатиот месец одлучи да ги намали давачките. Така, наместо 8.000 денари, сега ќе се плаќа 7.000 денари годишно, односно наместо 2.700 - 2.400 денари годишно.

„Новините ќе в��жат од годинава, што значи дека намалувањето не важи за оние што долгуваат. Сепак, се надеваме дека со овој потег ќе им излеземе во пресрет на фирмите во иднина да им биде олеснето плаќањето за да се избегне повторување на потребата од присилна наплата“, информираат од Градот Скопје.


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар

Од: aleksandar
Датум: 30.04.2010 09:22:17
edvaj cekaat,a firmite od kade da plakaat,koga rabotata e tapa

Најди! во Утрински
Скопје
Трајановски отворено со скопјани
Уште една јалова седница на Советот на Скопје
Бина за манифестации во паркот „Чаир“
Збратимување со киевска општина
Ќе се менува цената на ѓубрарината