Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Скопје

Уште една јалова седница на Советот на Скопје

Советниците и вчера не успеаја да ги начнат проблемите на граѓаните пред да се испокараат

Последната седница на Советот на Скопје повторно испадна јалова, како продолжение на една лоша традиција што го следи овој советнички состав. Народните избраници на вчерашната седница посветена на советнички прашања, не успеаја ниту да ги начнат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, пред да почнат кавга.

Наместо отворање теми за комунални и инфраструктурни проблеми, се закачија на записници од минати седници.

Советниците од СДСМ обвинија дека Советот во нивно отсуство работел и донесувал одлуки без кворум, за што најавија и интерпелација за претседателот на Советот, Ирена Мишева.

Станува збор за две одлуки што се усвоени на седница, која опозицијата ја напушти, а остатокот од советниците експресно ја завршија, усвојувајќи ги сите точки.

Опозиционерите во работата на Советот препознаваат криминал, а тврдењата ги поткрепуваат со тонски записи од спорната седница.

Кавгата не доби епилог, бидејќи беше побарана пауза. За да се докаже уште еднаш баксузната традиција што ги следи седниците за советнички прашања, по завршувањето на паузата Советот не продолжи да работи затоа што, овој пат, во салата немаше струја.

Кога вистинските проблеми на скопјани ќе дојдат на дневен ред и дали советниците ќе имаат желба да дискутираат за нив, допрва ќе видиме. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 456 пати.

Испрати коментар

Од: vvvv
Датум: 30.04.2010 13:37:05
Kakvi sednici, kakvi odluki, kakvi bakraci. Samite ne si gi pocituvaat odlukite. Cist dokaz e seuste ne funkcioniranjeto na 4A do Usje. Odlukata si ja izglasaa, izleze vo Sluzben vesnik---- ama ni traga ni glas od sproveduvanjeto.
Од: dino
Датум: 30.04.2010 15:13:39
A odlukite za terasite i javnite povrsini deka ne smee da ima platformi i fiksni tendi?????? Trend tepa pari kako i sekogas i verojatno nekade na esen koga ke zaladi ke mu ja srusat tendata kako sto bese slucaj posle raspustot zimoska .....Taka vi e koga sakate Koce od Indzikovo da vi bide gradski tatko....More malku vi e.....

Најди! во Утрински
Скопје
Трајановски отворено со скопјани
Неплатената фирмарина повторно ќе ги блокира сметките
Бина за манифестации во паркот „Чаир“
Збратимување со киевска општина
Ќе се менува цената на ѓубрарината