Градот Скопје планира да ја намали цената на ѓубрарината, во делот што се плаќа за дворовите, а да ја зголеми за станбената површина. Како што најави градоначалникот Коце Трајановски, градската власт размислува да им го олесни плаќањето на сопствениците на големи дворови кои за подигнување на сметот издвојуваат големи суми. Засега не се знае колкаво ќе биде намалувањето, а дефинитивната одлука ќе биде донесена до јули. Цената на ѓубрарината, пак, за станбена површина се предлага да биде зголемена од 2,85 денари на 3,25 денари за квадратен метар.
„Комунална хигиена“ од септември ќе започне да го собира сметот и од руралниот дел на Скопје. (С.Н.)
Видете перфидана одлука или мисла на градоначаникот. Да ги растеретел? A кого? Оние кои имале големи дворови. Па таа цена не ги крева сметките. Ги креваат сметките од становите. Не сме будали градоначалниче. Но неможеме ништо. Каде има сила нема правдина.
Од: pameten
Датум: 30.04.2010 18:22:21
AAA shto kje bide na primer ako vo kukja od 100 m2 i dvor 500 m2 zivee samo eden chovek, a vo stan od 60m2 ziveat 4 chlena na semejstvo? koj kolku gjubre kje pravi (za vo Drisla) i kolku kje plakja.
Znachi: gjubretarina treba da se plakja po brojot na stanarite vo eden stan (kukja), a ne po kvadratura.
e, od druga strana tuka nema matematika (dalavera) za drzavata.
Од: Ljubitel na glupi zakoni
Датум: 01.05.2010 20:14:58
Само така Коце. Ги штитат тие што имаат голем имот а за сиромашните не им е гајле да си плаќаат повеќе..Интересно цитат , да им го олесни плаќањето на сопствениците на големи дворови кои за подигнување на сметот издвојуваат големи суми. Апсурд до апсурд!