|
|
|
|
|
|
Интервју
Скопје е поголема пречка за името од Атина
Даниел Сервер, експерт за Балканот од САД
Вистина е дека претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден изразија симпатија за грчките погледи за името“, вели Даниел Сервер, експерт за Балканот од САД и еден од поканетите во Охрид
Слободанка Јовановска
Овој петок ќе учествувате на конференцијата по повод 10-годишнината од Охридскиот договор. Каква ќе биде Вашата порака?
Охридскиот договор ја спаси и ја консолидираше македонската држава. Тоа, според мое мислење, е одлично достигнување. Тешко ми е да замислам дека има луѓе во Македонија - Македонци, Албанци или други - кои мислат дека ќе беше подобро денес да го немаше овој Договор.
Македонија го слави, земјите-членки на ЕУ и САД го нарекуваат крупно постигнување... Ако е толку добар зошто ниту еден од нашите соседи не го користи како искуство, па и обратно, спроведуваат спротивна политика? Грција не ги признава малцинствата, Бугарија не дозволува изјаснување за етничкото потекло на пописот, исто така, Албанија...
Секоја земја има свои околности и применува политики што мисли дека се соодветни за неа. Мислам дека е грешка да им се одрекува на луѓето можноста да го дефинираат сопственото етничко потекло на попис, но морам да признаам дека ова прашање е чувствително дури и во САД. Ние се придвиживме во правец на дозволување повеќе избори, но тоа е така, бидејќи имаме доверба дека поголемото мнозинство од граѓаните од сите етнички групи се сметаат себе си, пред се', за Американци. Можеби неподготвеноста да дозволиме повеќе избор е резултат на стравот дека некои граѓани ќе изберат друг идентитет како примарен. Грција особено страда од овој страв.
Во Конгресот во процедура е резолуција што повикува на намалување и на условување на помошта од САД во која нашата земја е именувана како БЈРМ наместо Република Македонија. Таа е сфатена како знак дека администрацијата на Барак Обама ја менува страната и повеќе се приклонува кон грчките позиции во спорот за името.
Важно е да се потсетиме дека во САД има поделба на власта: администрацијата е одделена од законодавната власт, во која, пак, подолго време има симпатија за грчките ставови околу спорот за името. Исто така, вистина е дека претседателот Обама и потпретседателот Џо Бајден претходно изразија симпатија за грчките погледи за името. Јасно е дека администрацијата сака да види компромис и минатата година или две се дојде до заклучок дека Скопје е многу повеќе пречка за тоа отколку Атина. Тоа значи САД се' уште ја признаваат Македонија како Македонија. Јас верувам дека дипломатите во Скопје прават се' да ги задржат работите во тој правец.
Како ги гледате сега македонско-американските односи: одлични, добри или уназадени?
Засега, колку што знам, односите се добри, но морам да признаам дека малкумина во Вашингтон ги гледаат проблемите на Македонија меѓу врвните американски приоритети во моментов.
Од оваа временска дистанца мислите ли дека ветото за македонското членство во НАТО, иницирано од Грција и поддржано од други земји, предизвика некои чекори назад во Македонија?
Навистина не знам, но би сакал да ја видам Македонија во НАТО, каде што припаѓа, а ако сакате да влезете како БЈРМ, мислам дека Грција треба да го дозволи тоа.
Како го коментирате контроверзниот проект „Скопје 2014“?
Не го коментирам, само би сакал да забележам дека Вашингтон, исто така, беше дизајниран при крајот на 18 век како „нов Рим“. Соништата за величина не се лимитирани само на Скопје.
Али Ахмети изјави дека нема да може да го гарантира мирот во Македонија ако се дестабилизира или се подели Косово. Мислите ли дека секоја криза на Косово неизбежно ќе провоцира и криза во Македонија и каква треба да биде улогата на албанските лидери овде?
Предлозите за поделба на Косово ќе предизвикаат напнатост не само во Македонија, туку и во Србија и во Босна. Соодветната улога на албанските лидери во Македонија би била да се обидат да осигураат дека паналбанските политички сили нема да ја искористат ситуацијата, но тоа нема да биде лесно. Една работа, сепак, е јасна: Албанците од Македонија имаат многу посилна улога во Скопје, делумно поради Охридскиот договор, од онаа што би ја имале во каква било голема Албанија.
Оваа есен Меѓународниот суд во Хаг ќе ја донесе одлуката околу тужбата против Грција за ветото во НАТО. Што мислите, каква може да биде таа и дали ќе смени нешто?
Навистина не можам да кажам каква би била одлуката, но мислам дека е погрешно што Грција и' става вето на Македонија (всушност, на БЈРМ) за членство во НАТО.
За првпат годинава во извештајот за човекови права на САД имаше дел за политичките затвореници во Македонија. Независните медиуми речиси исчезнаа во земјата, а место да се создава транспарентно и слободно општество, „се ловат“ соработници на тајни служби. Зошто има таков молк околу овие политички случувања во Македонија во САД и во ЕУ?
Има многу други проблеми во светот што имаат директен ефект на ЕУ и на САД: Либија, Сирија, Авганистан, Либан, Израел и Палестина, Јемен, Иран, Северна Кореја... само да спомнам неколку. Мислам дека Брисел и Вашингтон очекуваат Македонија да се грижи сама за себе и да не се потпира на нивна интервенција.
Дали одлуката на Владата да се откаже од случаите за воени злосторства во Македонија во 2001 година беше правилна? Дали е можно да се даде амнестија за воени злосторства?
Не сум адвокат, но моето сфаќање е дека нема амнестија за воени злосторства и злосторства против човештвото. Но, во многу земји има дискреција за прогонувањето. Ако Скопје решило да ја практикува таа дискреција, би сакал да размислам двапати пред да кажам дека тоа е грешка. |
#
|
Статијата е прочитана 4246 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Precka ste vie |
Датум: 09.08.2011 00:57:50 |
|
Precka ste vie koi se vitkate kako vetarot duva. UUSA e najgolemata precka vo razvojot na nekoi drzavi zaradi licnite interesi vo zlato, dijamanti, nafta i retki metali. A Grcija samo gi koristi i poddrzuva toj interes. No ke vidime sto ke ni donese krizava kako podarok. |
|
|
|
|
|
|
Од: Suze |
Датум: 09.08.2011 02:02:52 |
|
Se raboti za edna mnogu ednostavna taktika koja treba da se primenuva od strana na site novinari vo intervjuata so nadvoresnite diplomati. Konstantno treba da se potsetuvaat deka sosednite drzavi ne go priznavaat makednskoto malcinstvo nitu grcija, bugarija nitu albanija. Znaci sekoj razgovor treba da se pocne so prasanjeto dali diplomatite znaat deka komsiite ne gi priznavaat Makedoncite vo svoite sopstveni zemji. E posle toa treba da se insistira na pripremanje na eden megjunaroden forum na koj ke se diskutira makedonskoto prasanje...ako toa megjunarodnata zaednica ne saka da go prifati, vednas da se smeni ustavot, i Ohridskiot dogovor da se ponisti. SDSM i VMRO treba da vlezat vo koalicija se razbira bez dosegaznite vlastosrsci B.C i Grujo i taka poleka ama sigurno rabotite ke si dojdad na svoe mesto... |
|
|
|
|
|
|
Од: vistina |
Датум: 09.08.2011 02:50:05 |
|
Ramkovniot dogovor e donesen odnosno potpichan pod prisila od Amerika i od zapadot Aku e tolku dobar neka se primeni i na drugo mesto .Vakvi raboti se pravat samo tamu kade chto ima slabi vladi.Lugeto nosat zakoni i menuvaat zochto samo Makedonija vo mnogu raboti mora da prifaca tugi mislena.Aku e ispravno a e zochto togach na Grcija nikoj nichto ne i moze pochto ne priznava malcinstva.Isto to go pravi i Bugarija so makedonskoto malcinstvo . |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 09.08.2011 03:23:54 |
|
Gospodinot Server ,kako i mnogu Amerikanci shto ne e znaat Sudbinata na Makedonskiot narod i za podelbite vo 1913 godina na Makedonija naravno vaka ke rechat ,deka Skopje e kriv za sve .Sto znachi ako Makedoncite koj sakaat da si ostanat ona shto bile so ILJADI GODINI, morat da se otkazat od toa i da prifatat sega i da ne postojat za Makedonci deka taka i pasuvalo na Grcija inekolku zapadni zemji shto e razdelija na tri dela Makedonija bez da go prashaat narodot Makedonski shto sakaat tie ."PRI SILA PRAVINA NEMA " toa e patot ushte i vo ovaj 21 vek na Zapdnata demokratija na chelo so Grcija Me interesira Zoshto Yankite smetaat deka vladata Makedonska SKOPJE se krivi . Izgleda ne mozat da svatat deka Vladata vo Skopje rabotit toa shto mnozinstvoto od Makedonskiot narod go sakaat. Za Makedonskiot narod e povazno imeto na Republika Makedonija od vlezor vo NATO I EU .Da nie sakame vo EU i NATO no kako ramnopravna Chlenka i so svoeto ime REPUBLIKA MAKEDONIJA. |
|
|
|
|
|
|
Од: jove |
Датум: 09.08.2011 04:12:43 |
|
Abe, izmekjari. podaleku toa prscinjata leplivi od Makedonija.Tebe ako te potplatile grcite i tie kako niv ,toa e vece tvoj golem problem, a ne nas makedonski.Mani se od Makedonija ,oti ne si dostoan nitu voda da i nosis.Ajt. |
|
|
|
|
|
|
Од: Boshko |
Датум: 09.08.2011 04:25:02 |
|
Suze kaza se kako shto treba i godelam negovoto mislenje 100% e vo pravo i taa e najdobrata varianta. |
|
|
|
|
|
|
Од: Распучин |
Датум: 09.08.2011 06:19:36 |
|
Шпиунска работа само да му се наштети на Груевски не се гледа дека се штети на државата.Пред се Атина нема проблем туку ние и нормално е дека за нив изгледа дека Скопје е непопусливо.Атина нема што да не попушта.Администрацијата на Обама го има Грчкото лоби и тоа е тоа.знаши дека Америка нема цврст став кон нештата туку е лесна на проституција кој плати повише таму се врти.Тоа кај нас они го викаат корупција.Никој не кажува зашто Мердок е во затвор туку зашто Велија е.Ако е кај нив тогаш е криминалец ако е кај нас се гасел н��зависен весник.Па од А1 немаше позависен и тоа на сите страни кога требаше со едните беше со нив,престана љубовта и се сврте кон другите.Самото ова интервју нашинот на кој се поставени прашањата исто така кажува колку весников е зависен. |
|
|
|
|
|
|
Од: astranaut21 |
Датум: 09.08.2011 06:58:43 |
|
pocituvani gospogi i gospodo problemot e prvo kai nas pa posle kaj drugite problemot e sto sekoj saka da dojde do fotelata a narodo ostanuva na cedilo razmislete dobro ako ne je taka.pozdrav. |
|
|
|
|
|
|
Од: Света Троица |
Датум: 09.08.2011 07:10:57 |
|
Современа Македониjа и Македонците никога не биле пречка за мирот.Тоа што се случува е болест на современата империjа.Нема назад,цивилизациjата оди само напред! |
|
|
|
|
|
|
Од: Alex |
Датум: 09.08.2011 07:27:02 |
|
Apsolutno se slagam so stavot na Suze.Odlicno kazano |
|
|
|
|
|
|
Од: Jasno ni ja kazuva vistinata |
Датум: 09.08.2011 07:28:29 |
|
Do Suze i" Precki ste vie"! Pa zarem ne vi e jasno i ne mozete da svatite deka covekot jasno i posteno ni ja kazuva vistinata: Makedonija ne e vo prioritetite na SAD i ima mnogu povazni prioriteti od kolku da se zanimava so nas.I EU popoleka vece se distancira i ne stava na marginiti, bidejci si ima svoi problemi.No nekoi kaj nas sirat lazen optiumizam i lagi deka sme centar na svetot, A za Medjunarodniot sud uste sega treba da znaete deka ce se proglasi za nenandlezen i toa ce bide samo gubenje na vreme i pari. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 09.08.2011 08:02:47 |
|
Еден обичен будала што ке замеси,ниту десетина паметни неможат да го испечат.Ако Рм,самата се направи да биде карикатурална држава во регионот,нема потреба што да очекуваме од другите.А нашите владетели треба да сватат дека ние сме мала земја која иако е со крв створена,познато со какво опкружување и да не се занесуват како камилата која сакала рогови а и без уши останала.Џабе е да се занесуват со некоја Ацева Македонија.А нели и тие се фалат дека и на избори кога се победува победа е победа и со 1 глас повеќе.Зарем не гледат во какво опкружување се наоѓаме.Наместо да ја смират топката и таа да остане цела од инает тие сакат со нож да ја раскинат.Е после немало со што да играт.А треба да имаш и пријатели со кого ке играш.Овие проблеми ги немат ниту грците ниту пак бугарите.Зошто големите пријател албанци не се инаетат со грците.А ние сакаме со затворени очи како петле на буниште да ја пееме песната,затоа што сме ја знаеле песната.Но недајбоже тоа петле може да заврши во некое тавче.Дал |
|
|
|
|
|
|
Од: Pero |
Датум: 09.08.2011 08:34:13 |
|
Aj ne zafrkavaj, nie sme bile pogolema precka. Nie, sto treba da se obezlicime so kompromisot, zamisli sme se bunele i ne sme sakale, a Grcite bile kooperativni. Aj da gi preimenuvame grcite vo ajvani, pa nie kje bideme kooperativni... |
|
|
|
|
|
|
Од: PirinBG |
Датум: 09.08.2011 09:46:31 |
|
"Бугарија не дозволува изјаснување за етничкото потекло на пописот"
Do koga lagi? Do koga anti-bugarska propaganda? Ima sajt NSI kade shto sekoj moje da gi vidi rezultatite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Горјан |
Датум: 09.08.2011 10:23:18 |
|
Ова е прашање а не коментар, не манипулирајте со изјавата...
За првпат годинава во извештајот за човекови права на САД имаше дел за политичките затвореници во Македонија. Независните медиуми речиси исчезнаа во земјата, а место да се создава транспарентно и слободно општество, „се ловат“ соработници на тајни служби. Зошто има таков молк околу овие политички случувања во Македонија во САД и во ЕУ? |
|
|
|
|
|
|
Од: Се согласувам |
Датум: 09.08.2011 10:28:53 |
|
Абе „батка“ што не ни акните една димна бомба како оние во Јапонија, сте запнале да ја свиткаме кичмата а кичма немаме. Не се думајте, фрлајте „патриотски бомби“ како во Ирак, Србија и каде ќе ви текне инаку ние сме си инаетчии. Е сега Грујо не прероди во „фнучиња на Аце македонски“ ама толку имаме, во црпалките. Затоа - не чекајте додека не е касно, чекаме абер од „пастирот“ и одиме - директ Солун. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Suzana |
Датум: 09.08.2011 10:45:29 |
|
Da vi kazam pravo preku glava mi e od pisuvanja za "makedoncite" vo sosednie drzavi!! Gledaj te si ja rabotata i berete galje za SOPSTVENITE prava vo SVOJATA drzava! Toa koj kogo go priznava neka si se bori tamo kade se nasol! A ako ne mu se bendisuva ja ima Makedonija! Da ne dojdat slucajno makedoncite od Grcija da ziveat vo MAkedonija oti tamu im e mnogu loso???? aman veke. |
|
|
|
|
|
|
Од: Горан - М. Каменица |
Датум: 09.08.2011 13:30:07 |
|
Јенкиот мислам дека не треба да се чувствува ниту безбедно ниту пријатно во Македонија.Медиумите треба да го оцрнат овој дегенеретик а ние да се организираме и да го исплукаме заедно како и по америчката амбасада. |
|
|
|
|
|
|
Од: tino |
Датум: 09.08.2011 13:51:04 |
|
So ova se dokazzuva deka Slugata(Server) go opravduva kriminalot,ili celta gi opravduva sredstvata. A PirinBG dodeka t.n. bugari gi unishtuvaat Makedoncite i ne gi priznaavaat Makedoncite do togash ke ima anti bugarska kampanja. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mile |
Датум: 09.08.2011 14:50:01 |
|
Gospodine sekogas posocuvate deka Makedonija treba da napravi ova ona i red drugi raboti
-I ovdeka vo makedonija treba da ja imame istata sudbina kako onie 300000 Makedonci od makedonskiot del vo Grcija koj se proterani od svoite ognista i se segdeka po svetot, a iminjata na naselenite mesta i toponimite se promeneti
-Treba sega i i imeto i identitetot da ni go smenat
i grcija treba da ima avtorsko pravo na imeto Makedonij
-neznam do kade odi ova obezlicuvanje edno prasanje,,DALI VIE BI SI GO SMENILE SOPSTVENOTO IME,, eve ke se vikate onaka kako jas ke vi kazam.
-za ramkovniot dogovor samo edno ke vi predlozam,, primenete go vo Grcija Bugarija ,Albanija, Amerika vo site ostanati drzavi mnogu e dobar sto ste i vie ubedeni ke vi pomogne da si go zgolemite rejtingot pa i berzata ke pocne da raboti podobro. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 09.08.2011 15:56:59 |
|
Kakov honstapler!
Custvitelno bilo prasanjeto za naseto ime vo USA...
Sto ima tuka custvitelno???? Nie sme Makedonci a ako na nacistickite nastroeni sosedi ne imse dopagja togas me boli levoto uvo. |
|
|
|
|
|
|
Од: јане |
Датум: 09.08.2011 16:17:26 |
|
Несериозна земја = несериозни коментари.Коментари кои го гледаат САМО своето мислење и навистина, како што некој наведе, САМО се инаетат. Без аргументи, само инает со сите! Така секако нема да се постигне ништо т.е. ништо добро ни за земјата ни за народот. |
|
|
|
|
|
|
Од: do neinformiranite |
Датум: 09.08.2011 16:43:41 |
|
Ne e inat naseto odbivanje da go smenime imeto.Nasiot juzen sosed vodi inat sto ne saka da ja priznae Makedonija i sto ne saka da im dade prava na Makedoncite tamu.Onoj Makedonec sto saka promena na imeto na nasta drzava,ne e tokmu,a sekako na onie sto ne im se bendisuva vo Makedonija,bez razlika dali se prodadeni dusi ili se od malcinskite grupi vo Makedonija,neka si zaminat ako ne im e ubavo ovde. |
|
|
|
|
|
|
Од: Trajce |
Датум: 09.08.2011 18:15:50 |
|
se drznale otvoreno da zboruvaat protiv MKD sme gi razgalile ovie ekspertive |
|
|
|
|
|
|
Од: mile |
Датум: 09.08.2011 18:26:30 |
|
eh,Suze. Zivees vo iluzija kako i poveketo makedonci vo drzavata. Toa sto ti go baras nikogas nema da se sluci.Makedonija posle vojnata 2001, i ramkovniot dogovor,koj sega e pretocen vo ustav,e zaednica na nekolku naroda koi ziveat vo nea. Nitu eden narod vnatre nema eksluzivitet vrz drugiot,pomal po broj etnicka zaednica. Koj saka da zivee vo ovaa makedonija,e dobrodojden, koj ne saka ete mu ja Srbija,Bugarija Albanija,Evropa itn..neka se iseli,i tamu neka prodolzi so svojot zivot.Makedonija,drzava na ramnopravni gragani i etnicki zaednici.Samo vakva drzava ima sansi da opstoi,i da se razviva vo moderna i prosperitetna drzava. |
|
|
|
|
|
|
Од: bezanec |
Датум: 09.08.2011 19:00:55 |
|
Не се криви грците. ВМРО-ДПМНЕ се истрча како прле пред магаре. Требаше да не ги преименува аеродромот и стадионот во античките имиња.Прво да седневме на иста маса па после ќе го отворивме тевтерот и сега во најголемата криза ќе ставевме вето и кај ќе одеше грција? |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran Udreniot |
Датум: 09.08.2011 20:20:45 |
|
Gorane Kamenica,sto samiot se udiral so kamen po glavata,bi plukal!Toj nisto drugo i ne znae.Ne znam kako se cuvstvuva sega,taze ostrizen so amnestijata? Inaku,gledam deka nesreknite Makedonci od Bugarija i Grcija masovno zemaat makedonski pasosi i begaat vo Makedonija!!!!Ne znaeme kaj da gi smestime! |
|
|
|
|
|
|
Од: Veselin |
Датум: 09.08.2011 21:27:24 |
|
Ke se nadovrzam na Suze.Nasite novinari,no i politicari treba da odgovaraat so kontra prasanje.Dali znaat sto e problemot. Problem e st o za prv pat izmislenata grcka nacija i drzava,vo 1912 okupiraa poveke od 50% od Makedonija.Do togas imase tamu deklarirani kako grci 9,8%,i tie lazni.Denes vo cela Grcija site do eden se Grci.Kade isceznaa makedoncite i drugite starosedelci.Dali svetskite faktori go podrzuvaat genocidot i etnickoto cistenje vrz makedoncite i drugite?I toa prvo vo Evropa.Poznato e deka Hitler dobi inspiracija od ni opomenatata od svetskite faktori Grcija,za ''iscistenite'' milion makedonci pred se.Nikade do eden ne isceznal narod,osven vo Grcija.Nikogas nemalo takov genocid.A sega sakaat da ne snema od svetot.I tie od EU i NATO. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do novinarkat |
Датум: 09.08.2011 21:52:18 |
|
A be Gospogjo novinarke, ti rasturi tezite covekov, a od kade go izvadi naslovot koga toj veli:
-мислам дека е погрешно што Грција и' става вето на Македонија (всушност, на БЈРМ) за членство во НАТО
-Вашингтон, исто така, беше дизајниран при крајот на 18 век како „нов Рим“
-Албанците од Македонија имаат многу посилна улога во Скопје... од онаа што би ја имале во каква било голема Албанија
-во многу земји има дискреција за прогонувањето. Ако Скопје решило да ја практикува таа дискреција, би сакал да размислам двапати пред да кажам дека тоа е грешка. Hehehehehehehe |
|
|
|
|
|
|
Од: Od fakelaki |
Датум: 09.08.2011 22:10:43 |
|
Ovoj e isto od korumpiranite evrei sto rabotat samo za interes USA tri godini ja bombardirase Egejska Makedonija za vtorata svetska vojna............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija |
Датум: 09.08.2011 23:10:44 |
|
Овој господин каов компромис бара и очекува од уценетета и понижена Македонија? |
|
|
|
|
|
|
|
|