Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника
Златниот накит цел на крадците

ГОСТИВАР - Чувањето златен накит, девизи и денари во домовите станува се' понебезбедно и е вистински магнет за крадците. За само петнаесетина дена, во три куќи во три гостиварски села беше украден златен накит, девизи и денари во вкупна вредност од над 30.000 евра.

Четириесет и осумгодишната С.Х. од гостиварското село Долна Бањица, која живее сама во домот, завчера пријавила кражба на 16 парчиња вреден златен накит. Како што изјавила во полициската станица во Гостивар, крадците го искористиле нејзиното невнимание и влегле во куќата и ја извршиле кражбата.

Цел на крадците била и куќата на С.Р. во гостиварското село Градец од каде што пред три дена непоканетите „гости“ украле златен накит во вредност од околу 10.000 евра, 2.000 евра и 10.000 денари. Од куќата на А.И. во гостиварското село Лакавица, на 10 мај, непознати лица влегле во неговата куќа и му украле златен накит во вредност од околу 10.000 евра.

Поради зачестените кражби на златен накит од домовите, полициските инспектори апелираат до граѓаните, големите количини златен накит, девизи, денари и други вредни предмети да ги чуваат во банки или подобро да ги заштитат и да ги скријат во домовите. Исто така, кога ги напуштаат куќите или становите, да ги затвораат прозорците и вратите. Во сите три кражби сопствениците на куќите им овозможиле крадците да влезат во нивните куќи низ отворен прозор или врата. (К.К.)

#
Статијата е прочитана 529 пати.

Испрати коментар

Од: Gostivar
Датум: 15.05.2010 02:15:17
Policija e mesan so niv policijata ood gostivar se po lovpovi nego kradcite sve znajat koj go pravi toa pola pola posle delat nakitot

Најди! во Утрински
Хроника
Македонец брутално претепан во Бугарија
Во прилепската болница повторно ќе се вршат породувања
Работникот се задушил во стариот колектор на „Бучим“
Матурант се веселел со сигнален пиштол