14.05.2010, 17:16 Матурант се веселел со сигнален пиштол
ГОСТИВАР - Матурант на гостиварското средно-економско училиште за да се истакне меѓу соучесниците, завршетокот на школувањето го прославил со пукање од пиштол.
Според полицијата, инцидентот се случил завчера околу 13,20 часот кога во дворот на Средното економско училиште во Гостивар, кога ученикот прославувајќи го матурирањето со своите другарчиња, во екот на веселата, испукал два куршума од сигнален пиштол „екол“ со калибар од 9 мм.
Нарушувањето на јавниот ред и мир бил пријавен во Полициската станица Гостивар. Полицијата веднаш го идентификува матурантот што го предизвикал инцидентот и му е одземен пиштолот. Против матурантот ќе биде поднесена соодветна пријава. (К.К.) |