Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Работникот се задушил во стариот колектор на „Бучим“

По двомесечна истрага, случајот е предаден во Обвинителството, кое треба да ја лоцира одговорноста за смртта на Влатко Илковски

Даниела Трпчевска

Скопјанецот Влатко Илковски не починал од срцев удар, туку од задушување во стариот колектор на „Бучим“. Ова го покажа истрагата, како и резултатите од обдукцијата и вештачењата што ги спроведоа надлежните органи во изминативе два месеца. Обдукцискиот протокол заедно со вештачењата во боците за кислород, примероците на вода земени од стариот колектор, наодите од истрагата на самото место и останата документација за случајот, вчера се испратени до јавниот обвинител до Струмица. Тој во наредниот период треба да донесе одлука дали некој ќе одговара за смртта на работникот, за кој анализите покажаа дека не починал од природна смрт.

„Сите анализи, обдукција и вештачења, се готови. Тие покажаа дека не станува збор за природна смрт, туку за задушување“, потврдува портпаролката на Основниот суд во Струмица, Цона Каламерникова.

Истражниот судија во Струмица, Борис Бержетски, вчера го комплетираше досието од истражните дејства за причините за смртта на 53-годишниот работник, кој почина ненадејно при проверки на вентилите во каналот со јаловина на рудникот „Бучим“. Папката за случајот беше комплетирана по добивањето на последните анализи за исправноста на боците за кислород што ги користеле работниците при извршувањето на редовните проверки на вентилите во стариот колектор на радовишкиот рудник.

Претпоставките на патолозите од Институтот за судска медицина во Скопје е дека работникот починал како резултат на недостиг од кислород во каналот каде што работел. Проверките покажале дека тој немал никакви проблеми со срцето, туку, најверојатно, смртта настанала поради големото присуство на јаглероден диоксид во воздухот. Дали во каналот имало присуство и на други отровни гасови, од Институтот за судска медицина велат дека не можат да утврдат, бидејќи немаат соодветна апаратура, ниту лабораторија за тестирање на примероците на гас што беа земени од местото на несреќата.

Несреќата во која животот го загуби 53-годишниот работник Влатко Илковски од Скопје, се случи кон крајот на март годинава. Илковски почина ненадејно додека со својот колега вршеле контрола дали вентилите на колекторот пропуштаат јаловина од рудникот, со цел превенција од еколошка катастрофа. При крај на проверките, на Илковски му се слошило поради што позапрел и седнал. Неговиот колега се обидел да му помогне, но работникот починал од неразјаснети причини. Телото на Илковски пет дена беше заглавено во тунелот, додека армиските „волци“ со специјална опрема не го извадија од стариот колектор.


#
Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Македонец брутално претепан во Бугарија
Во прилепската болница повторно ќе се вршат породувања
Златниот накит цел на крадците
Матурант се веселел со сигнален пиштол