20.06.2013, 12:42 Балканот зафатен од тропски температури, Македонија во жолта фаза
Во земјава и денеска е објавена тревога за жолта топлотна фаза, а високите температури во регионот ќе се задржат до крајот на неделата
Неодамнешните поплави на Балканот се заменија со тропски ��орештини во Хрватска, Србија, Босна и Херцегодина и Македонија, каде температурите достигнаа до 37 степени Целзиусови.
Над 100 лица побарале медицинска помош во Белград поради вчерашните рекодно високи температури. Само до 14 часот „Брзата помош“ примила 77 повици, во најголем дел од случаите за топлотни удари.
Хрватските власти објавија предупредување поради исклучително високите температури во централниот дел на земјата.
Според метеоролозите тропските температури во регионот ќе се задржат до крајот на неделата.
Македонија и денеска ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи денеска ќе биде сончево и ногу топло со температура до 37 степени и УВ индекс 9.
Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност. Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата. |