Број 3252  четврток, 08 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Моето дете тинејџер

Site Meter
Втора страница

Друцас контра Нимиц со „Северна Македонија“

Западните медиуми погрешно ја протолкуваа понудата на Атина за „Северна Македонија“ како „пријателска и помирувачка“, пишува чешкиот информативен портал „Еуроактив“ како реакција на изјавата на грчкиот алтернативен шеф на дипломатијата Димитрис Друцас. Според „Еурактив“, иако се чини дека грчко-македонскиот спор околу името Македонија се ближи кон решавање, сепак, во крајна линија не е така. Според оцената на овој медиум, изјавата на Друцас што ја цитираа некои западни медиуми, дека Атина „ќе кимне со главата“ на називот „Северна Македонија“ не е доследна. Друцас, всушност, изјави дека спомнатото име би морало да биде користено во сите случаи, односно не само во меѓународните односи, туку, исто така, и за интерна употреба на Скопје, пишува чешкиот Интернет-портал, наведувајќи дека македонскиот министер за надворешни работи одби да ја коментира изјавата.

Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот тврди дека предлогот на Метју Нимиц се разликува од оној на Друцас, односно со него се нуди користење на името Република Македонија за внатрешна употреба и името „Република Северна Македонија“ во меѓународните односи. Во практика компромисниот предлог предвидувал пасошите на македонските граѓани да го содржат прво името во англиска верзија, а потоа името на македонски јазик. Весникот наведува дека овој предлог може да биде „атрактивен“ за Македонците, бидејќи со неговото прифаќање не треба да се менува македонскиот Устав. Но, затоа, пак, грчкиот заменик-министер за надворешни работи Друцас, се вели понатаму, одбива употреба на два назива и инсистира на име за севкупна употреба - ерга омнес.

„Ние сме јасни: користење на називот со географска определба во меѓународните односи. Географската определба е потребна за да ја разјасни реалната состојба за употреба во односите со сите, за да се престане, конечно, со играта на криенка и да се најде дефинитивно решение. ’Северна Македонија‘ спаѓа во рамки��е на решенијата што ги опишав“, ја цитира весникот изјавата на Друцас. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1499 пати.

Испрати коментар

Од: zile
Датум: 08.04.2010 00:13:38
severna e odlicen predlog samo grujo se inaeti poradi majkamu e egejka i poradi toa cel eden narod zivee vo beda 90% a samo 10% ziveat kako ludje i ne sakat kompromis a zosto i da posakat si imat budzetski rab mesta negledat ili se slepi kako ziveeme nie mizerno.
Од: nacional-patriot
Датум: 08.04.2010 03:59:44
Ovoj ceski novinar ili ne razbira,ili mu davale pogresni informacii.Toj novinar misli deka ako ne se menuva makedonskiot ustav,a smeneto ime da bide na pasosite i za sekoja druga nadvoresna upotreba e "atraktivno" za Makedoncite.Toj novinar pred da go napisal ova trebalo da se rasprasa i da se interesira za raspolozenieto na mnozinstvoto Makedonci i ke dosol do zaklucok deka nikakva dodavka na imeto ne se prifaka,nitu za vnatresna,nitu za nadvoresna upotreba,nitu dodavka vo pasosite.Ovoj ceski novinar treba da znae deka za Makedoncite atraktivno i prirodno e samo imeto Makedonija za upotreba i za vnatre i za nadvor,a za ovoj Ceh neka bide atraktivno Ceska da si go smeni imeto vo Bohemija,ili istocna Bavarija.
Од: pameten
Датум: 08.04.2010 06:00:58
Do nacional-patriot: Ne si nikakov patriot. Ne sfakjash kolku si shteten. Velish: "nema menuvanje' na imeto pa i na cena izolacija od slobodnite Evropski narodi".Poshto "Makedoncite postoele so mileniumi, toku (Sloveno)Bugarskiot narod ne postoel (rusite go sozdele!)". Mnogu deca kje ti poveruvat. Kje bidat spremni da zhrtvuvat EU integracijata: "Zhivot davame, ime ne davame. Shtom EU prifatila Grchkite fashisti i Bugarite-Tatari EU ne ni treba!" NO koga se soochat so vistinskata istorija na nashiot narod, nekoi od niv, kako Spaska Mitreva... kje imat problemi so svojot Makedonski identitet! Treba brgo da se integrirame vo EU, iako na cena "Severna Makedonija" i da se pomirime so nashata vistinska istorija - (Sloveno)Bugarski korenja no i posebna evolucija za posledniot vek.
Од: ivo od Sofia
Датум: 08.04.2010 07:37:10
Затворањето на перспективата за ЕУ и НАТО ја уништува и последната надеж за спас на Македонија
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 08.04.2010 08:57:45
А што мислеа „нашиве“?! Дека Грција ќе наседне на идејата, па потоа слободно ќе може во МК да го плакнат мозокот на децата дека ни е одземена територија,во која ние - Античките Македонци, среќно сме живееле! Веднаш да им одговорам на „докажаните“ „генетски потомци“на Аце Великиот(кој го играл Тешкото,уште пред да го измислат Турците)со прашањето: А од кои синови на Ацета сте?Колку што ми е познато,тој Немал Наследници!Сега слободно можете да се префрлите во филмот дека сте наследници на Клеопатра,но ќе се разочарате кога ќе дознаете дека Октавиан го убил нејзиното Цезарче!СлавоМакедонија би бил идеалниот предлог,Прифатлив за обете страни, но и Единствено Решение за сочувување на Идентитетот! Сè дотогаш ќе се валкаме во правта и маглата!
Од: Биљана
Датум: 08.04.2010 09:40:42
Ако мислите дека по влезот во НАТО ќе живеете подобро - се лажете. Дури тогаш разликата помеѓу богатите и сиромашните ќе стане поочигледна, затоа што цените на се и сешто ќе се вивнат до таван, а платите и пензиите ќе останат исти и профитерите ќе профитираат уште толку. Е тогаш ќе кукате назад-ама нема.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.04.2010 09:53:21
Чешкиот интернет портал прави превид со тоа што не ја цитира изјавата на соседниот министер да ,,ако треба ќе се менува уставот,,Тоа значи ако нашите прифатат промената да биде целокупна тогаш се менуваат сите документи кој циркулираат внатре во државата,пасоши, називи на институции и др.што да тоа се направи треба да се менува уставот.Ако се менува уставот тогаш се менува идентитетот,јазикот и др. особености затоа што сите ќе имаат предзнак СЕВЕРНА Тоа треба да го свата оние со гумарабика рбет.
Од: Iggy
Датум: 08.04.2010 10:30:52
Република Македонска или Македонска Република (Republic od Makedonska ili Makedoska Republic ) narod: makedonski (na latinica) jazik: makedonski (na latinica)
Од: makedonce
Датум: 08.04.2010 12:37:07
tie sto prifakaat bilo koe ime osven ustavnoto ne se ni makedonci tuku izrodi sto nisto ne im e sveto . i ne objavuvajte takvi komentari ...makedonija cela da e

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Иванов барал ниво за посетата на Париз
Грција и' се заканува на Грузија со „македонско вето“
Се бара амбасадор