Претседателот ја откажа посетата на Франција, практично, пред полетување
Од нашиот дописник Тони Гламчевски
Париз - Претседателот Ѓорге Иванов требаше да биде главниот и највисок учесник на колоквиумот „Национални идентитети, европски идентитет“ денес во Париз, но тоа нема да се случи. Тој беше поканет како главен гостин од, францускиот министер за имиграција, Ерик Бесон, интеграција, национален идентитет и солидарен развој, но откажувањето ги принуди организаторите да ја сменат програмата во последен момент.
Од кабинетот на Бесон веруваа дека откажувањето на учеството е резултат на „презафатеноста на македонскиот претседател и на натрупаната агенда“, кои не му дозволувале да допатува на еден ден во Париз. Тие не беа запознати со некои тврдења дека Иванов ја одложил посетата поради тоа што не добил средба со исто презафатениот француски колега Никола Саркози и според нив, не можат да се поврзат овие две нешта. Од кабинетот, пак, на Иванов објаснија дека биле поколебани од ниското ниво на собирот, кое стигнало до министри, па и помалку од тоа.
Претседателот Иванов ја прифати поканата за учество на овој колоквиум пред неколку месеци при неговата средба во декември со францускиот министер Ерик Бесон, додека тој престојуваше во Македонија. Бесон не го криеше задоволството од средбата со македонскиот претседател и разговорот што го воделе околу националниот идентитет. Имено, во Македонија не се води само наметната дебата за идентитетот, јазикот и името на државата... Бесон и претседателот Саркози отворија ваква јавна дебата во Франција, бидејки темата за националниот идентитет овде доби погрешен и несакан тек, со изливи на исламофобија, кои, според некои аналитичари, доведоа до препород на крајната десница и на Националниот фронт.
На францускиот министер особено му се допаднала теоријата на Ѓорге Иванов по прашањето на идентитетот, по што го поканил да зборува на завршниот колоквиум, кој се одржува денеска во Париз. Според Бесон, чија изјава ја пренесе „Ле монд“ Иванов ја претставил нацијата „како одбрана против религиозните тензии“, посочувајќи притоа на формулацијата на македонскиот шеф на државата: „Во македонската салата се' е измешано, но секој продукт си го чува својот сопствен вкус“.
Една од можните причини од кои не дојде Иванов, исто така, е што на официјалната програма на колоквиумот беше претставен како претседател на „Поранешната југословенска Република Македонија“, што е удар за идентитетот на состанок на кој треба ��а се зборува токму за таа тема. Во билатералните дописи Париз го користи уставното име на Македонија со години, а во француската државна администрација се користи зборот „македонски“ за државјанството, националноста и за јазикот. Сепак, во официјалните обраќања на мултилатерален план се користи редовно привремената референца, при што и други наши претходни претседатели прифатиле да учествуваат на таков начин на конференции.
Сега кога врз Македонија се вршат сериозни и тешки притисоци да го смени името, претседателот, сепак, можеше да ја искористипариската трибина пред француската и европската јавност да ги изнесе ставовите на нашето раководство по ова прашање, кое ја кочи нашата евроатланска интеграција. Сега, исто така, Атина ја презеде дипломатската иницијатива, па порачува дека за неа е прифатливо името „Северна Македонија“, кое, пак, официјално, како лапсус беше употребено од поранешниот еврокомесар за правда, Французинот Жак Баро пред десетина месеци.
Иако колоквиумот не е ниво за претседател на држава, претседателот Иванов беше поканет како највисок гостин - учесник во дебатата, што самиот тој го нагласи во интервју за една македонска телевизија. Оваа епизода во македонско-француските односи сведочи дека и покрај повремени политички средби, тие не се на нивото на кое треба да бидат.
Портпаролот на француското МНР, Бернар Валеро, до неодамна француски амбасадор во Македонија, во декември не' уверуваше дека ангажирањето на Франција на страната на Македонија трае со години, дека не треба да се суди и да се донесуваат заклучоци според една или друга изјава на некој од европските совети и дека е потребно да се погледа долгорочно. Долгорочно, според Валеро, ќе забележиме дека Франција отсекогаш била на страната на Македонија и ја туркала нејзината европска определба.
Посетата на министерот Бесон на Македонија беше многу важна, бидејќи со неа тој ја изрази поддршката на Франција за либерализацијата на визниот режим за Македонија. Во Париз се тврди дека нема промена во позицијата на Франција за европската перспектива на Македонија, која како крајна цел го има членството на земјата во Европската унија, нешто што отворено се поддржува. Околу одлуката за почеток на преговорите официјален Париз порача дека Франција посакува ова прашање да биде разгледано колку што е можно побрзо, но дека таа одлука треба да биде донесена едногласно. Затоа Париз посакува да биде најдено прифатливо решение што е можно поскоро.
Декларативните изјави на Кеј Д’Орсеј, сепак, се разликуваат од она што се случува на теренот. Политичките односи меѓу двете земји не се на завидно ниво, па поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски не оствари ниту една официјална посета на Франција за време на неговиот мандат. Премиерот Груевски успеа со голема мака да обезбеди средба со Саркози, но Македонија не ја посетија министрите од првиот ешалон. Последен што дојде како шеф на дипломатијата беше Мишел Барние, додека актуелниот француски министер за надворешни работи, Бернар Кушнер, и државниот секретар за европски прашања, Пјер Лелуш, ја заобиколија Македонија при нивната балканска турнеја.
На сите им е познато, иако сега толку не се кажува јавно, дека претседателот Никола Саркози има повеќе разбирања за грчките позиции отколку за македонските во спорот со името, па Саркози беше и најголемиот бранител на Грција во однос на останатите европски партнери околу помошта што треба да и' се даде на Атина за излез од економската и од финансиската криза. Грција е многу позначаен економски и политички партнер на Франција отколку Македонија и разбирливо е зошто Париз застанува на нејзина страна.
Но, не е само Париз тој што и' врти грб на Македонија, туку и Македонија му го сврте грбот на Париз уште поодамна, а дипломатските грешки направени во минатото не се исправаат толку лесно. Дали и овој потег ќе се доживее на ист начин во Париз, ќе се види наскоро. (Т.Гл.)
KOj velese deka Makedonija e izolirana? Inaku, da podsetime, Gligorov bese vo zvanicna poseta na Francija. A Ivanov ionaka nemoze da dojde, prezafaten e.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 08.04.2010 00:33:39
Mozham da si predpostavam shto mislat evropejcite za nas, koga barame nekoja si genetska vrska so antichkite makedonci. Vo Evropa narodite se meshaa postojano i zatoa evropskite nacii se kulturni, a ne genetski zaednici. Firmata "Eginea" koi nekoi ja spomnuvaat vo komentarite (za 150 Evra go kazhuva potekloto) vo nauchniot svet e ismevana. Antichkite makedonci ne ostavija kulturno nasledstvo, bidejkji bea asimilirani od grcite.
Од: Мене до Вас
Датум: 08.04.2010 00:54:39
Браво. Нашиот став го знаат добро и нема потреба да им се зборува или укажува за нешто нашироко познато. Па и тоа е познато дака Саркози е на страната на Грција. Па што има да се бламира и иванов и Македонија. Тие што имаат искривено мислење не го исправаат како ни крива Дрина што не може да се исправи. Тие странски душебрижници кои сакаат промени нека ја посетат Македонија и нека читаат малку повеќе книги пред да се одлучат за некакви си промени.
Од: Andrej
Датум: 08.04.2010 01:15:54
Kako toa Makedonija i go svrtela grbot na Francija koga Makedonija e edna od nekolkute evropski zemji clenki na frankofonijata? Ocigledno Makedonija iako ne e klasicno frankofonska zemja, nitu ke bide, za da i ugodi na Francija pobara polnopravno clenstvo vo ovaa organizacija koja ne i nosi bozgane kakvi privilegii. Francija za razlika od najgolem broj zemji, duri i na svoite karti Makedonija ja belezi kako ARYM (FYROM). Makedonija treba i poveke da se oddaleci od arogantnata i se uste imperijalisticki zanesena Francija. Ima i drugi vazni evropski zemji so koi Makedonija treba da ima blizok odnos. Francija ne treba da bide toa.
Од: Kiril od Paris
Датум: 08.04.2010 01:56:46
Bravo pretsedatele, se poveke I poveke se gordeam so vas.
Од: Znatizelen
Датум: 08.04.2010 04:52:13
Interesno!
Zosto Predsedatelot ne go ispratil Predsedatelot na MANU ili nekoj soodveten avtoritet na taka eden sostanok da ja iznese tezata za Makedonskiot identititet i da ja brani vo diskusijata sto sigurno ke se vodese. Othazuvanje vo posleden moment moze da se tolkuva kako protest ali i kako nedostig na argumenti. Zatoa otkazuvanjketo treba dobro da se obrazlozi , a narednata prilika t(ako ja ima) reba da se iskoristi.
Од: Pretsedatel vo senka
Датум: 08.04.2010 07:24:22
Ne ke da e niskoto nivo na sredbata pricina za otkazuvanje na posetata. Nasiot pretsedatel vo senka ne smee da se eksponira premnogu, moze da mu porasne rejtingot. Sto si e sigurno, sigurno si e, nemoj slucajno da mu odzeme nekoj poen od rejtingot na premierot. A ugledot na drzavata? More kakov ugled, bitno e da se pobeduva na izbori.
Од: veles
Датум: 08.04.2010 07:35:31
koja mapa,koi dokument,koja godina,koe pleme,koj popis na naselenie i sto se ne drugo ke bidat tema na rasprava na ovoj kokfium vo pariz.nemoznosta na nasiot presedatel da izleze so verodostojni dokazi koi ke bidat priznaeni od svetskite istoricari go naprqvi nasiot presedatel daja otkaze posetata demek e prezafaten ili deka ne moze da se sretne so francuskiot presedatel .e pa na zapad sakaat za toa sto go zboruvas g-dine ivanov da bide potkrepeno so dokazi i fakti potkrepeni naucno i arheolski pa zatoa najubavo ke bese ako odeseda go zeme Pasko kuzman so sebe posto on moze da plovi niz vremetoi ke gi ubedi evropejcite za makedonskiot paradoks.
Од: Da, konecno malku dostoinstvo
Датум: 08.04.2010 07:58:53
Prvo, ova e neuspeh na makedonskiot ambasador vo Francija, toj e treba da obezbedi soodveten tretman na makedonskiot pretsedatel. No, za toa treba diplomatski vestini, a ne UCK biografija. Vtoro, za nasite novinari i drugite nasi "globalisti" sto ne ja razbiraat raspravata vo francija za identitetot pa ja koristat protiv onie kaj nas sto se protiv menuvanjeto na imeto. Vo Francija ne se doveduva vo prasanje nitu imeto na drzavata nitu nacionalniot identitet, tuku kako da se vklopat vo poimot francuz ogromniot broj imigranti od bivsite francuski kolonii, ili negrite kako sto gi vikaat tamu. Taka da medju nasite ovdesni raspravi za identitetot i francuskite nema nikakvi slicnosti. I treto, definitivno treba da se cuva nacionalnoto dostoinstvo i toa go pravi Ivanov, a ne da se laze javnosta ovde koga nadvor nasite drzavnici se srecavaat vo hodnici ili na skalite so nivnite kolegi i toa go pretstavuvaat kako bilateralna sredba.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 08.04.2010 08:29:36
Интересно, но впечатокот е дека Французите се Многу Добро запознаени со Нивото на „нашите“ политичари! Очигледно и „Ле Монд“ бил воодушевен од изјавата на „нашето“ Нисочество Хорхе Миноре Бисерниот и неговото „научно“откритие дека „нацијата е лек за меѓурелигиските тензии“! Особено биле воодушевени од откритието за Овошната салата со име Мacédoine, за која „нашите“ мислат дека ја измислил Македонец во 1919 година, иако е познато нејзиното постоење уште во XVIII век, кога била служена во Шпанскиот двор! Е сега уште Хорхе да ни ги открие фактите дека ја служел кувар, Антички Македонец од с. Паљурци! Како главна состојка во првобитната салата е Черимојата(која расте насекаде во МК:),а „нашите“Калливи Опинци, постојано ја јаделе,од утро до вечер, како десерт! Мешањето на поимите Регион и Држава, ја прави главната Каша во главата на нашите „научници“ и „национални преродбеници“!
Од: prijatel
Датум: 08.04.2010 08:44:45
Hristos voskresna,
vajstina voskresna,
Bravo gosppodine pretsedatele,
Potegot treba da bide praksa i vo Makedonija.
A ne politicari od tret esalon da se primaat od vrvnite luge vo drzavata.
Од: Sam
Датум: 08.04.2010 09:09:41
Борис Трајковски ќе отидеше на овој состанок, без разлика за името, и ќе постигнеше многу...
Од: seuste normalen
Датум: 08.04.2010 09:17:27
Ja podvi opaskata jadniot ni Jole! Sto voopsto ja prifatil pokanata ako ne mu odgovata "nivoto" iako negovoto nivo ovde vo drzavava e bez presedan pod sekakvo nivo. Sramota, politikata e igra, taka ni e koga funkciite gi dobivaat kako bingo licnosti bez nikakov kredibilitet. Pozicijata Pretsedatel ja pocituvam, medjutoa licnosta koja e nesigurna i povodliva zatskriena so funkcijata e za sekoja osuda. Namerno go postavija kao osamen piun na sahovska tabla! Na zdravje medjunarodna politika Makedonijo!
Од: gvgzn
Датум: 08.04.2010 09:17:48
инктелектуалните анализи нудат решение за наметнатиот проблем. Macedonia се именувала античката држава.Во современ превод, ова име е Македонија. Лично не ми пречи да сум во Маќедонија што е различно од античкото.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.04.2010 09:25:39
Нема потреба од иронизирање искажано преку насловот на текстот,на што се налепија виножитните коментатори од типот на сточниот еким и сличните на него.А и може да се разберат во намерите да постојано пласираат гумарабика рбет,така е и со соседот,така е и со тужбата во Хаг и да не набројувам просветлени виткања рбетни,многу ги има.Одличен потез на преседателот не што е поморанџест тука што ни ја преставува нашата држава,никогаш не штети малку достоинство.Овој збор многу недостасува во виножитниот вокабулар.
Од: realen
Датум: 08.04.2010 09:27:31
Nisto cudno sto Francuzite imaat razbiranje za prezafatenosta na Ivanov i nisto cudno sto Ivanov bara nivo-takvo za nego nema.Pretsedatel, pa sto.
Од: nekoj
Датум: 08.04.2010 09:28:46
Edno golemo bravo za ajvan doktorot :D
Од: vane
Датум: 08.04.2010 09:44:20
Kolku e se ova tazno.Nedostatokot na elokventnost i gradenje na licno prijatelstvo sto ne se uci od kniga mnogu ja kosta nasata tazna Makedonija pa nejziniot ugled vo svetot e padnata na edna sindikalna organizacija.Zatoa dobivame vakvi pokani do nasiot predsedatel a ne oficijalni poseti.
Од: Внимателен читател
Датум: 08.04.2010 10:22:02
Не e точно ова што го пишувате. Претседателот Иванов многу сакал да оди во Париз, ама Груевски му рекол да си седи дома да ги нахрани кучињата и да не ги допира копчињата, исто како што му кажал Тодор Живков на бугарскиот космонаут.
Од: ODNADVOR
Датум: 08.04.2010 10:22:13
Poslednata recenica na Glamcevski e najtocna! Makedonija na nekoj nacin ne samo sto ja napusti, tuku i ja ponizi Francija nekolku pati. I so nasite prestabnici i nivnata politika i so somnezite okulu padot na "letaloto" .. Ambasadorite koi poveke se sakaa sebe i gi branea svoite interesi odosto na zemjata sto ja prestavuvaat ambasador koj zboruva za"smesnata granica pomegju Albanija i Ohrdskoto ezero", drug komu "ne e vazno dali ke sme tretirani kako Bugari ili Srbi , vazno da vlezeme vo EU" tret sluzbenik koj glasno izjavuva deka " ke ja izguBITE Makedonija" dobro sto ostanuva interesite da ni gi prani vrednata administratika Ani..A site koi go poznavaat Pretsedatelot koj nema NIKAKVA crna damka vo minatoto, deneska ne go prepoznavaat nekogasniot Gjole.Opkruzen loso, izoliran od prijatelite, blokiran vo rabotata,dobro bi bilo da napravi edna cistka, da bide pomalku pod naredbi i loso vlijanie na necii licni interes koi ke si napravat licni karieri kako stranskite preku MK.
Од: јас
Датум: 08.04.2010 10:22:24
Па што друго да очекува президентот наш после гардата , фанфарите и кревање на знаме..Човекот не е„што годе “ , научен е на највисоки почести..Кој е тој Саркози , па да му откажува најголеми почести на „нашето височество “...
Од: Maријана
Датум: 08.04.2010 10:49:06
Луѓеее! Што ви е? Ај замислете да дојде овде БИЛО КОЈ председател на држава, и нашиов председател да не го удостои со БАРЕМ половина час средба??? Каков сака нека е Иванов, добро постапил!
Од: petra
Датум: 08.04.2010 13:39:48
Zosto losite diplomatski odnosi od minatoto? Site znaeme deka Gligorov redovno bese priman od Chirak. Novinarot neka ne i se udvara na segasnava vlast zasto go primija da raboti kako sekretar vo Misijata vo Strazburg, pa neka kaze kakvi ambasadori imame sega vo Pariz i Strazburg.
Од: Numb
Датум: 08.04.2010 16:30:59
Koe nivo so 0.1% podrska i niedna dobro srocena izjava.Podobro sto ne prifatil bidejki i tamu ke bese ne razbran i samiot uste tolku ke si go simnese nivoto.