Број 3252  четврток, 08 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Моето дете тинејџер

Site Meter
Втора страница

Грција и' се заканува на Грузија со „македонско вето“

Грузија не' откачи за признавањето под уставно име. Според грчкиот весник „Елефтеротипија“, по интензивни тајни дипломатски средби, Грузија ја ставила одлуката за признавање на Македонија под уставното име на стенд-бај.

Вештерката во приказната, секако, е Грција, од каде што според „Елефтеротипија“, била испратена порака дека доколку Грузија планира да ја признае Македонија, Атина ќе „крене рампа“ на амбициите на Тбилиси за влез во НАТО и за финансиската помош што ја добива оваа земја преку европските фондови.

Според весникот, Грузија под раководство на Вашингтон во последниот период била во процес на признавање на Македонија под уставното име „Република Македонија“. Главен лобист во Вашингтон за ова прашање, наводно, е Ренди Шунман, советник за надворешна политика за време на изборната кампања на тогашниот кандидат за претседател, сенаторот Џон Меккејн, кој во последните пет години, наводно, работи на разговорите меѓу Македонија и Грузија.

Случајот со Грузија, според пишувањето на весникот, треба да се сфати како предупредување за притисокот на САД врз Атина, особено доколку нема напредок во преговорите за името. „Чудно е како овој отстрана изрежиран чекор на Грузија се совпаѓа со други „конфликтни“, нејасни пораки од САД, преку кои се забележува внимателен став кон проблемот со Скопје, но истовремено се избегнува користење на терминот „Македонија“. Ова може да се види како двојна игра на Вашингтон, каде што политичкото раководство и бирократијата говорат две различни работи“, пишува „Елефтеротипија“.

Дипломатски извори од Македонија потврдуваат дека од поодамна се воделе преговори со Тбилиси за признавање под уставното име, но дека оваа држава без политичка тежина за нас, се вадела на можноста да добие грчка рампа во НАТО, откако во Букурешт се протна со најава за покана, како втора контроверзна точка покрај Македонија. Грузија, исто како и Македонија е на врвот според бројот на војници во НАТО-мисиите во однос на жителите на земјата, но тоа не и' помогна којзнае колку во статусот, поради противењата на Русија. Покрај Грузија, Јапонија и Јужна Кореја се останатите држави од азискиот регион кои даваат отпор за признавање на нашата држава под уставното име. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 2068 пати.

Испрати коментар

Од: marika cair
Датум: 08.04.2010 00:17:13
vo pravo se gruzijci mora da se pazat e neli e vreme da popustime 20god udirame so glava vo zid ionaka nemame nisto so antocka maked.
Од: Mite
Датум: 08.04.2010 00:45:15
neka mi pluknat pod pendjer koga Gruzija ke vleze vo Nato... sega koga Ukraina im opna Korpa na Nato i EU, a i Srbija na NATO, treba i Makedonija da go stavi Nato na Stand By
Од: Niko
Датум: 08.04.2010 02:45:36
Edno vmr-ovcko resenie: stavete i sankcii na Japonija, pa da vidat so koja velesila si fatile rabota.
Од: nacional-patriot
Датум: 08.04.2010 04:11:12
Gruzija i taka ne vleguva vo NATO,zatoa sto edna cetvrtina od nejzinata teritorija ne kontrolira,a mozebi i edna tretina.Abhazija i Osetija proglasija ednostrano nezavisnost i tamu ima ruski vojnici,pa Gruzija za da vleze vo NATO ke mora da gi priznae nejzinite pokraini za nezavisni drzavi.NATO ne ja prima Gruzija so ruski vojnici na nejzina teritorija i bez kontrola na celata teritorija.Zatoa bi trebalo Gruzija da ja priznae Makedonija so ustavnoto ime,neka ne se plasi od Atina.
Од: Davor
Датум: 08.04.2010 05:55:44
Ziveam vo Juzna Koreja i vo licnata karta za stranci mi pisuva drzavjanstvo MACEDONIA za raszlika od sloveneckata koja ja imam vo koja pisuva Makedonija, Nekdanja Jugoslovanska Republika ili vo prevod PJRM.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.04.2010 09:44:26
Серијалот на примитивизам продолжува,таму каде се помоќни покажува соседот мускули додека кај помоќните од себе таму гледаме ,,мољакања,, сервилности односно типично балканско однесување.На Грузија и е на последно место дали ќе не признае или не под уставното име,таа толку има внатрешни проблеми што државата може лесно да се сруши и тоа преку воен конфликт,дел од територијата неконтролира плус руски воени сили внатре.Затоа е трагикомично однесувањето на соседот.
Од: gruziec
Датум: 08.04.2010 12:03:26
gruzija ke vlezi vo nato koga rusija nema da postoi atoa ke bidi na sveti nikogas
Од: В. Кратовалиев
Датум: 08.04.2010 12:19:36
Нашите јужни соседи, во дипломатската војна, која ја поведоа против добар дел од светот, забораваат дека, место "со копјето може да завршат на копјето".

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Иванов барал ниво за посетата на Париз
Друцас контра Нимиц со „Северна Македонија“
Се бара амбасадор