Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Стил

Јубилеј

Пет години „Авон“ во Македонија

Во стилот на агентот 007, алијас Џемс Бонд, Сашко Коцев ја започна прославата на 5 години работа на козметичката компанија „Авон“ во Македонија, во средата (28 април), во фоајето на МОБ. За прославата да биде во стил на холивудски гламур и дуализмот на заводници и вамп-девојки се погрижи и партнерката на Сашко, неговата колешка, Јелена Јовановска. Тие двајцата, придружувани од неколку танчерки, се вклопија во атмосферата на музиката на легендарниот шармер Френк Синатра, со цел да се истакне убавината, женственоста и елеганцијата на жената што се труди да ја изгради и да ја потенцира „Авон“.

Покрај основната дејност за продажба на козметички производи и модни додатоци, „Авон“ е поддржувач и на активности, како едукативната кампања за борба против ракот на дојката, еколошката кампања за пошумување на атлантските прашуми и кампањата против домашно насилство. Со цел достојно да ги одбележи своите 5 години во Македонија, „Авон“ на сите гости на роденденот им подари садници со македонски даб. Тие се придружуваат на акцијата за пошумување на Македонија, па најавуваат акција на засадување садници со македонски даб, на 7 мај, на падините на Водно, кај месноста Марково Крувче - Долг Рид.


#
Статијата е прочитана 890 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Стил
Чизми за разлика во ставови
Урбана утопија што функционира