Бруклин Декер
Акробации на плажа
Дваесет и двегодишната моделка Бруклин Декер ги покажа своите гимнастички способности за време на снимањето на филмот „Just Go With It“, каде што многумина останаа восхитени од нејзините акробации и од жолтото бикини, кое не подлегна на силата на гравитацијата. Бруклин, која е успешен модел и сопруга на тенискиот шампион Енди Родик, на љубопитниците под хавајското сонце им овозможи убава глетка во бикини, совршена од секој агол.
Декер во филмот ја има улогата на девојка на комичарот Адам Седлер во новата комедија „Just Go With It“ во која играат и холивудските ѕвезди Никол Кидман и Џенифер Анистон. Моделката во филмот игра лик на девојка, двапати помлада од 43-годишниот актер, кој, пак, е пластичен хирург.
Во своето последно интервју за списанието „Гламур“, Декер изјави дека работата на филмот е одлична, но и дека чувствува трема од тоа што игра заедно со ветеранките Никол Кидман и Џенифер Анистон.
Бруклин Декер неодамна беше прогласена за втора најсексипилна жена во светот (веднаш зад Кети Пери) од страна на магазинот „Максим“.
|