Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

Расел Бренд

Секс-машината во лер

Расел Бренд призна дека во периодот пред свршувачката со пејачката Кети Пери не се впуштал во посериозни врски, туку неумерено уживал во сексуални авантури. Британскиот водител и актер во интервју за магазинот „Плејбој“ кажа дека бил премногу зависен од секс, па дури најмувал и тим од луѓе што му помагал да најде нова љубовница. „Кога бев прилично промискуитетен, се чувствував како парна локомотива“, изјави Бренд во „Плејбој. „Мојот процес на селекција повеќе не функционираше, па најмив и плаќав специјализиран тим за да пронаоѓаат жени за мене. Тие имаа специфични задачи и инструкции. Тоа беше исто како да зборувам со стјуардеса: „Сакам нешто француско, но по можност да е овошно и со природен мирис на даб“, додава Бренд, која вели дека се заситил од таквиот начин на живот. „Кога спиете со куп жени, тоа станува малку бесмислено“, тврди вереникот на Кети Пери, кој призна дека одел и на терапија за одвикнување од секс.


#
Статијата е прочитана 811 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Сопругата на премиерот во танга-гаќички
Акробации на плажа
Лејди Гага како страшната дадилка Мекфи