Саманта Камерон
Сопругата на премиерот во танга-гаќички
Саманта Камерон (39), сопруга на новоизбраниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон и најмлада прва дама-станарка на Даунинг стрит, во последно време го носи епитетот „Секси Саманта“, кој веќе почна и да го оправдува. Имено, папараците завчера ја снимија додека влегуваше во автомобилот пред нејзиниот дом облечена во кратко проѕирно здолниште под кое се наѕираа танга-гаќички. Уште за време на кампањата Британците почнаа да ја споредуваат со сопругата на францускиот претседател, Карла Бруни, велејќи дека е гламурозна, убава и модно освестена личност. Саманта потекнува од угледно семејство. Посетувала приватни училишта и студирала уметност. До вчера работеше во компанијата „Смитсон“, која произведува кожена галантерија, а наскоро со својот сопруг очекува принова во семејството. |