Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон Вести
На прво место
03.11.2010, 17:53

Петровски: Никој не им верува на лустраторите

Оливера Војновска

Дворската лустрација што ги засени сите настани во државата, веројатно, уште долго ќе ја бранува македонската јавност. Тоа што Комисијата за лустрација одлучи да не ги лустрира функционерите на ДУИ, потпирајќи се на одговорот на институциите дека досиејата се плагијат, нема да ја исчисти и дамката од нивните лични и професионални биографии. Напротив, прогнозите се дека „Ибар“, „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“ (независно што не е предмет на лустрација) ќе остават длабоки лузни не само кај лицата што јавноста ги препозна во спомнатите псевдоними, туку сериозно ќе го разниша угледот на ДУИ.

„Никој во државава не верува во одлуката на лустраторите. Прилично индикативно е како се однесува Комисијата од самиот почеток на лустрацијата. Впечаток е дека нејзината улога не е да ги открие, туку да ги заштити кодошите. Многу е смешно тоа што процесот во Македонија се сведе на еден-двајца кодоши “, смета поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, за кого безбедносните служби кон крајот на 90-тите години од минатиот век водеа досие под псевдоним „Марта“.

Но, има суштинска разлика меѓу неговото досие и кодошките досиеја битни за лустрацијата. Единствена сличност е во полицискиот речник со кој се напишани. „Јас бев следено, поткажувано лице поради моето студентско - политичко дејствување. Многу непријатно се чувствував кога прв пат го видов досието ’Марта‘, правено во периодот од февруари 1997 година до ноември 1998 година. Документите што беа објавени во медиумите се записи на луѓе што кодошеле. Тоа е огромна разлика“, ни раскажува Петровски.

Оградувајќи се дека не е докрај компетентен, тој вели дека досиејата, според начинот и структурата, му личат на веродостојни. „Мислам дека тие се валидни, во прашање се фотокопии на оригиналот. Немам дилеми во однос на содржинскиот дел. Тоа што институциите се обидуваат преку игра на зборови да се држат до формата на документите, е друга работа. Веројатно мислат дека така ќе го затворат прашањето. Но, се лажат, ќе остане горчливиот вкус од досиејата“, вели Петровски.

За него се фрапантни податоците изнесени во „Ибар“, тие фрлаат поинаква светлина на воениот конфликт во 2001 година. „Доколку се точни наводите дека формирањето и раководењето на штабот на Оружената војска на Косово (ОВК) било во организација и под директна команда на српските тајни служби, а на чии списоци биле и познати команданти на ОНА, значи дека војната во Македонија била диригирана од странски интереси. А знаеме дека директна последица на конфликтот беше промената на Уставот, по што се случи целосно редефинирање на системот. За ова треба да има воена истрага, што може да ја прави независна мешовита комисија“, смета Петровски. (О.В.)


Статијата е прочитана 3230 пати.

Испрати коментар



Тачи не се плаши, ама се чува
Ангелов прекомандуван во „двојка“
И Кесковски го напушти Бошкоски
ДУИ



Сите сме искодошени, 04.11.2010 13:03:58
Од македонската лустрација излезе дека во Македонија немало кодоши. Срамота!
?!, 04.11.2010 14:36:26
...продолжение....(заради не вадење од контекст)...А кои сме ние?!Единствениот доказен материјал за нашата сеавтентичност,баш се тие.Досиејата.Ама не овие.Оригиналите.А,тие не се во метрополите.Дома ,во стариот ковчег.
ниџо, 04.11.2010 15:30:19
Иако досиејата се копии, мислам дека нивната содржина е веродостојна. Што значи такви личности постоеле. Никој не може да ме убеди дека од денешна дистанца некој може така стручно да фалсификува досие.
Samoil, 04.11.2010 22:14:56
Секој здраво осмислен систем ,својата опстојба ја темели врз одговорноста на секој граѓанин. Посебно во сферата на безбедноста, а уште повеќе кога е опкружен со волци соседи Денес Македонија е балканската шпионска Казабланка. Мешетарат разно-разни кртови, белосветски криминалци, трговци на нело робје, на наркотици, човечки органи. Граѓанинот, стравувајќи да не му се залепи етикетата ,,доушник,, молкум минува покрај сиот тој галиматијас што ја разнебитува државата во сите сегменти. За тоа време, некои силни ,,демократи,, ловат вештерки - место непријатели на државата, криминалци и одродници од секаков вид. Порано имаше ,,комуњарски,, систем, но безбеден народ, стабилна држава, без глутници од криминални типови, дојдени од сите белосветски меридијани. Посебно од нашите ,,добронамерни,, комшии.
Јован, 05.11.2010 09:41:02
Кој да ти верува тебе ,голем критичар без никакви сугестии.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Недела
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 11°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон | Вести |