09.02.2012, 17:12 На продажба се само АБ телевизија и „Вечер“
Сопственикот на Европскиот универзитет, Бојо Андрески тврди дека не пропаднал туку ќе го ширел бизнисот и во Оксфорд
Жаклина Хаџи-Зафирова
Бизнисменот Бојо Андрески ги продава АБ телевизија и весникот „Вечер“ за добра цена, а за зградата на Европскиот универзитет, чиј сопственик е, планирал да ја урне, а не да ја пренамени во хотел, како што првично најавуваше. Тој демантира дека се сели во Чикаго и тврди дека професорите и студентите на Европскиот универзитет не треба да се плашат дека ќе останат без работа и без дипломи. Андрески вчера на прес-конференција тврдеше дека не банкротира, туку дека го проширува својот бизнис со Универзитетот во Чикаго, Лондон и во Оксфорд.
Сепак, Андрески пред извесно време, во изјава за нашиот весник, изјави дека се соочува со финансиски тешкотии со Универзитетот. Поради тоа, најави дека е можно дел од објектот да пренамени во хотел за да има и други приходи и редовен прилив на пари за Универзитетот.
Андрески вели дека му е нанесена огромна штета со шпекулациите за затворање на Универзитетот, и тоа не само нему, туку и на неговите бизниси и на вработените во неговите фирми во земјава и надвор од неа. Тој вчера ги прозиваше професорите на Европски да станат и да кажат кој е незадоволен од условите во кои работат.
„Како може да банкротирам? Ниту еден професор не дошол кај мене да каже дека нема плата. Вложувам многу поголеми пари во државата и надвор од неа, каде што имам и други фирми. Вложувам да ја промовирам и нашата држава која ја сакам повеќе од себеси. И ако Бојо банкротира со толкави огромни средства колку што ги вложувам, дај боже сите да банкротираат како мене. Тогаш сите ќе бидат богати“, рече Андрески на вчерашната прес-конференција, на која презентираше каде ќе го проширува бизнисот во странство. Тој ги уверува студентите дека не е можно да останат без дипломи, туку намерата им е студентите да имаат можност да добијат дупли дипломи, и овде и во странство.
Андрески кажа дека при крај е постапката со купување зграда во Чикаго, каде што ќе се прошири Европскиот универзитет. Тој се надева дека ќе успеат зградата да ја средат пред претстојниот самит на НАТО каде што очекува да го посети и македонската делегација која ќе учествува на самитот. Најави и проширување на бизнисот во Лондон и во Оксфорд, каде што, исто така, ќе има посебни објекти.
Сепак, се' уште не е јасно што планира Андрески да прави со постојната зграда на Европскиот универзитет. Порано тој признаваше дека се соочува со тешкотии во работењето поради помалиот број студенти (кој вели дека од неколку илјади сега паднал на 1.500). Тој вели дека сега се испитуваат опциите за уривање на зградата, која, како што кажа, сакал да ја направи поубава, но не кажа каква ќе и' биде намената. Само додаде дека, во меѓувреме, додека се гради зградата, кадарот ќе може да се префрли во објектот во Ченто, каде што сега е лоцирана АБ телевизија. Нигерски студенти на Европски универзитет
Менаџментот на Европски универзитет најави дека се во финална фаза договорите студенти од Нигерија да студираат кај нас. „Се работи за стипендисти на нигериската влада кои имаат обезбедено работа по враќањето во својата земја“, велат од менаџментот на Универзитетот. Според нив, овие средношколци, кои имале високи резултати, наскоро ќе почнат да го учат македонскиот јазик. |
|
Статијата е прочитана 6234 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 10.02.2012 00:04:44 | Ama se iznagledal crtani filmovi!!! |
| Neo-Oksfordski doktroranti, 10.02.2012 01:24:10 | Vidi go ti Bojo ce izdaval dupli diplomi verojatno da vazat i i za ovde i sekade vo svetot. More kako e trgnat ce izdade i kosmicka diploma koja ce vazi sekade vo univerzumot, dokade sto moze da dopre telskoppot Habl ,Eve ce mu stignela i grupa nigerski studenti, a se priprema i edna grupa na busmani ,koi skoro ce stignele za da steknat visoko sofisticirano obrazovanie kaj Bojo. O na so Oksford mu e poseben hit !? Ima da go zdrma Oksvord so nauka i znaenje.Ete latas ce moze da doktorira i na Oksvord, samo neka se fati za Bojota. |
| Читател, 10.02.2012 02:21:39 | Едвај чекаат да им го унапреди Бојо образованието во Оксворд, Лондон и Чикаго. :) |
| Nepismen, 10.02.2012 04:30:37 | Nema igracki so Bojo. Tek sega se gleda kakvi kadri izleguvaa od JNA (za skepticite, licno mnogu ja cenam). Eve Bojo Zastavnikot ni pomalku ni poveke ke siri obrazovanie i biznis direktno vo Oksford,Cambridge,Sorbona,Lomonosov. Toj veke nasevo obrazovanie go sredi, ta sega ekspandira, ovde veke se gusi,ne moze..... ne, ne nema labavo.Golemo bravo.A bi mozele veke da razmisluvame da mu se dade orden zaslugi za narod.Onaka samo kako vizija.... |
| Bogomil, 10.02.2012 07:39:31 | Треба сите да се засрамиме од ова што му се случува на образованието. Посебно главата треба да си ја чукне министерот за образование од состојбите во приватните факултети и училишта, кои сопствениците ги третираат како фарми за пердувеста стока, која ним, без сомневање, им носи златни јајца, а на државата образовно инвалидизиран кадар.Жално изгледаа оние професори што Бојо на прес конференцијата беше ги изложил како да рекламира демодирана долна облека по ниска цена, а требаше да му послужат како доказ дека нема намера да стави клуч на фармат А себеси уште една пред јавноста се проектира како класичен трговски џамбас, кому особено би му прилегал бизнис на селски панаѓур. Посебно судено според ,,високофрекфентната,, елоквентност и вокабуларот, со кој за,,чесните намери,, во неговиот интелектуален бизнис убедливо можеше да делува само кај оние што неговиот јаден прес не го гледаа и не го слушпаа.
|
| Дејан-студент на Европски, 10.02.2012 07:40:15 | Изразот на лицето на заставников кажува све за неговиот Ај-Кју и за неговите интелектуални способности. Човекот треси глупости како да е пуштен во слободен пад низ атмосфера на течен бром! Па каде ти се 90% од асистентите, зошто ги нема, каде е Алекса, каде е Мимоза, зошто сите професори се као покакани голуби, зошто нема предавања, зошто професориве веќе не доаѓаат на работа, зошто не разговарате со нас студентите кога бараме прием кај вас! Кој Чикаго, кој Оксфорд блооди Заставниче, со оној кадар ти ни во Џепчиште и Ропотово не можеш да привлечиш студенти, кого лажеш бре! Не одравте од пари за трошоци, а од нашите колеги НИТУ ЕДЕН не е вработен, кога ќе слушнат-дипломирал на Европски кај Бојота, под итно ни ги враќаат документите. Кој на секој сељак му дозволил да биде професор, а сега пак Украинциве што ви штанцаа дипломи аплицираат да отворат Универзитет за штанцање во ДЕЛЧЕВО! Бојо, земи си ја фамилијава твоја и назад во Порече брат, не упропасти сите нас, и ќе те тужиме!!! Мршшшшш |
| od ostrijot, 10.02.2012 08:08:27 | naslikata se vidi oti covekot e roden za unapreduvanje ??????????? |
| Dime, 10.02.2012 08:17:06 | Bojo najavi deka ke go prosiri biznisot,a ne deka e bankrot ; - netreba da se duva na ladna supa i da se pravi panika koji e stetna za site prisutni!. |
| Do BOJO, 10.02.2012 08:32:29 | E moj Bojo tolku pari imas barem po kazuvanjeto pa napravi nesto vo tvoeto bedno i zapusteno PORECE frli nekoe evro napravi edno fakultetce i tamo sprecija migracijata pa neli ste selsko zemjodelska vlada sto majka baras vo Cikago ili SAD imaat nedostatok od vakvi doktori koj sto cel zivot prodavaa kolbasi i salami i mislat deka se hirurzi.Bojo ti si vojno lice i mnogu jasno tie tebe od kogo prvo se osloboduva vlasta od poltronite Bojo e neke mozde da go nosis BC na ramena za predsedatelski izbori i posle plukaj po nego pa nosigo Grujo pa sega necini nikoj nebegaj Bojo bidi maz ostani i so DR latas i Ivona prodolzija misijata plukanje po SDSM i BC za da se odrzite vo krugot okolu grneto so pari ama gledam i toa veke go ispraznivte.Profesorite gi zalam tesko nim,nesmeat da zucnat od ubajni sto imaat. |
| operiran, 10.02.2012 10:23:34 | Да се наежиш, каде појде образованието, неми е познато каде докторирал, др.Латас. Енароде се отвараат универзитети во офицерски кафани. Оние млади деца што ги гледавме деновиве што дипломирале безбеднос голема бројка, никој запослен во соодветното министерсто. жално ама стварноста е таа штоја гледаме. |
| Dr.OkiOrhan, 10.02.2012 11:56:52 | АБ лажи, ама се лажи ако мисли дека му верваме! |
| stavre, 10.02.2012 12:47:37 | nitu eden, ama nitu eden pozitiven komentar ne procitav ili nekoj nekomu da replicira.
uzas!!! |
| vel, 10.02.2012 13:22:03 | Samo la -tas mozi da ja ispraj rabotata. Pardon molam vi se DR. La-Tas. ili prof.dr. m-r so fakulteti so sredno i so osnovno |
| Darvin, 10.02.2012 13:52:36 | Ne e on kriv nego drzavata, shto seto toa go dopushti. Naime, ne se pravat doktori od majmuni t.e. neophoden e bioloshki proces. I zatoa ne samo obrazovanieto, nego celokupniot sistem ne moze tek taka samo da se prepishe od zapadot i ok! E ne e ok! Treba postepeno da se odi, mislam napred ne nazad, kako shto e sluchajot so nas. Ovaka, ako se izzemat kompjuterite i donekade poznavanjeto na angliskiot jazik, ovie generacii so znaenjeto se ,,O,, spram komunistichkite. Kakov Kembrich, kakov Oksford, pa nie otidovme na drugata strana od planetava vo odnos na niv. Nula sme gospodine Bojo, nula, i zatoa propadjame. Ministerot velel, ako ne znaat -,,teraj,,! (vo prevod shtancaj diplomi). Alal vera i nemu i tebi Bojo. Da bog da, da propadnete i ti i on. |
| Zumbul aga, 10.02.2012 14:35:09 | Чим Jovana го остави без коментар работава е ептен шашава. |
| pero, 10.02.2012 14:57:37 | tesko nas |
| vesna, 10.02.2012 15:53:41 | mislam deka problemot e mnogu pogolem otkolku sto ni se prikazuva. Drzavata treba da privlekuva stranski investicii, neli i na ovaa vlast toa i e prioritet! E pa ako bese toa prioritetot oti premierot frlase lopati i otvarase sekakvi fakulteti vo sekoe selo niz cela drzava, bez plan, bez profesori, bez vizija!!!Namesto da postavat saglam luge koi sto ke davaat licenci na renomirani privatni univerziteti da otvaraat i da se razvivaat kaj nas, Grujo besplatni fakulteti so po 12 studenti iznaotvara nasekade. Pola od niv veke ne rabotat samo narodot nema kade da cue oti zivee vo informativen mrak! Ne mi e jasno kako ne se bara odgovornost za toa sto se slucuva vo obrazovanieto, nema poloso obrazovanie nikade vo svetot od Makedonija, ne veruvam ni deka tie od Nigerija ke dojdat. Strasno!!! Sega i da saka nekoj na privaten univerzitet da se skoluva ke se popismani zatoa sto go unistija filmot na privatnoto skoluvanje. |
| vace, 10.02.2012 17:15:35 | E sega Evropski ke se seli u podrum i se znae vekje sudbinata.Zalno e da vetuvas na nekogo diploma a samo parite da te interesiraat sto ke mu gi zemes.Ne me cudi ako stane nov Tat ova ,zasto so diplomite sega diplomcite nema da mozat rabota da najdat, za kogo ucele fakultet ,za dzebot na na Desetarot???? ,od vakvi raboti u vlada odma ministerot treba da leta SRAMOTA golema.Obrazovanieto ni stana pazardziska tezga kako kompiri da se prodavaat a ne znaenje |
| Kiçevo, 10.02.2012 22:03:42 | Bravo Bogomil za komentarot,, ne e kriv Bojo, toj e biznismen, tuku tie od obrazovanieto shto im dozvolija da se otvoraat biznes univerziteti. Zhal mi e za tie shto se nadevaa deka vo ovie biznis univerziteti çe ja kreiraat idninata. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -8°C
Магла
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|