Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.02.2012, 18:36

Мое ќоше

Пајтон партии на миење кај Бучки

Ерол Ризаов

Денес на плоштадот во Скопје има повеќе коњи отколку некогаш пајтони

Во Скопје до пред нешто повеќе од половина век, главно превозно средство биле пајтоните. Со пајтон се возеле чорбаџиите, газдите и нивните сопруги кога оделе на визита. Господа и дами во вечерни тоалети стасувале пред театарот за премиера исклучиво со пајтон. И во социјализмот, првите години само другарите и другарките кога итно биле повикувани во Комитетот оделе со пајтон, но не премногу често, бидејки тоа потсетувало на ненародниот буржоаски режим. Повеќе сакале со џип да се возат. Одвреме-навреме и по некој осиромашен аристократ, на кој комунистите му го конфискувале имотот, или по некој бег без чифлик, со носталгија ќе се качел на пајтон малку да се прошета по скопските улици. Најчести корисници на една-две коњски сили биле боемите. Има многу приказни и стари фотографии кога едикојси одел во меана, се качувал на еден пајтон, во вториот го ставал својот шешир и бастун, а во третиот јавале чалгаџиите.

Од раните шеесетти години во Скопје веќе нема пајтони. Кога престанал да работи последниот пајтонџија најточно знае Данило Коцевски, „осамениот шетач“, и ако не се лажам, единствениот хроничар на старо Скопје кое убаво и ревносно го слика со зборови и помалку го идеализира. Повозрасните, по жал за младост го прифаќаат со тага заборавајќи на тогашната голема сиромаштија и се' што оди со неа. А помладите си сакаат антика. Паталците велат дека бедата полесно се поднесува во младоста кога има љубов, па не се се гледа многу на калливите и правливи улици, ќерпичи, ќенефи и стотици септички јами во центарот на градот отколку кога ве напаѓаат мизерија и болести во староста. Тогаш малку или ни малку не ви значат висококатниците, асфалтираните булевари, музеи, триумфални капии, лавови, барок, рококо и едно чудо коњи. Денес има повеќе коњи на плоштадот отколку кога имало најмногу пајтони.

Нејсе, веќе нема пајтони, ама има пајтон партии и пајтонџии. Овој израз пајтон партија го употребив само еднаш на почетокот на македонската демократска пролет кога се појави чинам токму првата партија со алузија дека е толку мала што сите членови можат да се качат во еден пајтон. Лидерот на партијата, уважен и ценет универзитетски професор, демократ, беше навреден, но со својот шарм и висока политичка култура најде начин да ми одговори и да ми прати остра, но дискретна порака. Деновиве, кога се намножија некои нови пајтонџии кои глумат дека возат „ферари“ и сакаат да го паркираат пајтонот како фатаморгана во дворот на политичките партии кои располагаат со возен парк од десетици илјади коњи, цели ергели, морам да му се извинам на професорот со големо задоцнување. Како осведочен џентлмен знам, ќе прифати. Па, неговата партија била, бре, сенародно движење за овие сироти пајтонџии кои немаат ни еден патник, ни бастун, ни шешир, ни намус, ни срам, ни перде, ни политичка, ни општа култура, па ни домашно воспитание. Ги зеле печатите од партијата и, оп, објавуваат фалименто, банкрот, демек членството го известуваат преку медиумите дека веќе не постојат, се распушта политичката велесила и сите следбеници заедно со пајтонџијата се самоукинуваат и заминуваат кај големата мајка-партија. Тоа што до вчера зборувале, пишувале, повикувале на политичка борба на демократски мегдан веќе не важи. Мислам дека ова што се случува деновиве со политички партии за кои луѓето не ни знаат дека постојат, а и за оние што навистина нешто малку значат, што се дел од политичкиот фолклор, е најкарикатуралната претстава за дострелите на македонскиот плурализам и демонкратија. Прво гледавме како телевизиите стануваат партии, а газдите коалициони партнери на власта, потоа гледавме како телевизиите ги снемува, ако не се со власта, а газдите одат в затвор. Потоа видовме како долгата рака на ВМРО почна да појадува мали партии сосе лидери. Откако го измезија жив брат Љубе, другите сами дојдоа на трпезата. Си ја неведнаа главата, си застанаа на ред да бацат рака.

Македонија се подготвува за нови избори идната година. Окрупнувањето и гоењето мора да почнат навреме.

Ах да, зошто и од каде Бучки во наслов на текстот. Некогаш пајтоните се миеле на Вардар откако ќе го поминете Камениот мост накај Турска чаршија веднаш од десна страна. ��очно пред онаа грдосија со антички колонади што ќе се вика Уставен суд. Главен за миење пајтони бил некој си Томе Бучки, кој го правел редот по негов тертип. Тој Томе, според кажувањата, бил прилично тврдоглав и своеглав, опасен човек, па пајтонџиите се ределе не како што е редот, туку како ќе каже Томе Бучки. Оттогаш стари скопјани на Томчевци им даваат прекар Бучки.


Статијата е прочитана 4463 пати.

Испрати коментар



Останаа само три партии со предзнак ВМРО
Петровски - лани и сега
Виртуелно окрупнување на десницата
Шекеринска
Трета интерпелација за Јанкулоска
Интервју



граѓанин, 14.02.2012 00:39:52
Трагикомични политички лакрдии. А уште потрагично е што огромен дел од овој народ се пали на вакви политички игри и им обрнува внимание - разочарувачки е да се видат толку многу коментари на вчерашниот напис во Утрински за преодот на Филип во старото ДПМНЕ. А написите за конкретни економски проблеми едвај и да се коментираат и тоа само од неколкумина лојални коментатори. Груевки наместо да решава економски и политички проблеми во земјава, кои се од ден на ден се поголеми, тој исклучиво се бави со итри, политичко манипулативни калкулaции и игри.
Marjan, 14.02.2012 01:20:03
Povekje pati imam napisano, ama pak da kazam. Jazk novinarstvoto koga eden komunjarski novinar ostanuva nenadminat. Brilijanten tekst Rizaov, bravo.
До Марјан, 14.02.2012 07:32:58
Зборуваш за јазик, за коментар...! Барем пишувај на КИРИЛИЦА или со КИРИЛИЧНО ПИСМО. Доле десно смениго од EN на МК.
od ostrijot, 14.02.2012 07:46:04
bravo erol super kako i sekogas ako nemozeme dase gordejeme na segasnosta barem mozeme na minatoto.
B.Betinski, 14.02.2012 08:12:27
E, ova se vika navlekuvanje i uste, majstorski izvedeno. Velam majstorski, zatoa sto toa navlekuvanje е nasoceno kon site onie koi ve citaat, nezavisno od faktot dali ve falat ili kudat vo nivnite komentari ili, prosto, misli. Koga ke kazete, uste vo naslovot na vasata kolumna deka ke zboruvate za „Bucki“, nema upaten covek vo RM, koj nema da pomisli deka ke otkrvate „senzacii“ za bivs premier i sef na golema partija. Megjutoa, vo nekolku reda na krajot, objasnuvate deka e toa Bucki koj klaval red megju skopskite pajtondzii, po svoj naum i - kejf. Znaci, vo prasanje ne bil bivs, tuku epten segasen, taze sef i premier koj klava red vo „pajton-partiite“, kako „Bucki“ nekogas. Moite cestitki, majstore!
Stipjanec, 14.02.2012 08:24:52
Kaj nas stana praksa, koga nekoj ne znae sto da kaze, najcesto ke upotrebi KOMUNJAR. Istoto go upotrebuvaat i ARAMIITE, kako alibi, za da gi sokrijat svoite aramilaci. Erole, Komunjar ne e navreda, toa e najgolema cest sto nekoj moze da ti ja kaze, iako toj misli deka ke te navredi. Priznavam, jas sum KOMUNJAR i od toa ne se sramam, tuku naprotiv. Ke bidam najsreken, koga ovie t.n Demokrati, ke ja dovedat drzavata barem 50% od vremeto koga bea komunjarite. Siguren sum, deka narodot na taa partija, koja bi uspeala vo ovaa NEVOMOZNA misija, ke i ja dade vlasta za narednite 100 godini.
xavid, 14.02.2012 09:21:19
Da vi go nemam pametot koga tolku bolka vo dusata vi nanesuvaat grdosiite od tipot na teatarot ili ustavniot sud,sigurno melem za vasite rani bi bile kerpicitekoi gi spomenuvate.Da zivee SDSM i KERPIC SKOPJE!!! askolsun.
Комуњар, 14.02.2012 10:05:03
Ероле, ако сите комуњари размислуваат како тебе, тогаш и јас сум комуњар!
murto, 14.02.2012 10:13:56
И јас сум комуњар.Се што напиша Штипјанец е точно.Денешниве не им се ни до колена на комуњарите.
Марко, 14.02.2012 10:43:00
Што зборуваш бе xavide, па знаеш ли ти кога е во Скопје изградено нешто различно од керпич? Ако ништо друго, заради земјотресот, комуњарите сакале, не сакале, морале да го изградат.
Богомил, 14.02.2012 10:53:54
Одличен текст, правен според теркот што се усовршуваше на некогашниот колеџ за новинарско мајсторство, познат како ,,Нова Македонија,,. Се е како по ноти. Единствено се претерало во врска со титулирањето на Данило Коцевски, кој не е хроничар, туку раскажувач кој импровизира, а не истражува, не копа по архивите за да открива делови од богатото депо на овој град.
milan, 14.02.2012 11:09:03
Da Erole kako sto veli Betinski nasiot bucki gi postroi pajtondjiite po svoj terk.Vo sprotivno ke mu se pridruzat na brat Ljube.Komunjari zastanuvam vo vasiot red a podaleku od kriminogenite DPMNE i pajtondjii. POZDRAV.
Stole, 14.02.2012 12:53:00
Pak ke ti napisam BRAVO MAJSTORE!!!!!!!!!!!!!!! Kolumnite tvoi ne treba da se komentiraat. GOLEM POZDRAV
Komunjara, 14.02.2012 13:36:57
Bogami Grujo gi postroi tochno vo stilot na Tome Buchki. Ushte Buchko mu fali. Onoj Filip se vrti levo-desno ama se namesti. I chudno kako site mu se mestat, bez pogovor. Mora da e neshto nasledil od Aceta.
bezanec, 14.02.2012 13:48:50
Браво Ероле,вистински новинар,не пајтон новинар,кои ги има со лопата да ги риниш. А за тие што го употребуваат зборот комуњари. Треба малку да си за чукнат главата од ѕидот, дека тша што зборуваат на македонски јазик и се нарекуваат македонци е заслуга на комунарите. На таквите само можам да им речам дека кликерите им се изгорени не можат сами да размислуваат.
respekt, 14.02.2012 15:10:30
Додовски и Филип се вистинско олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ.Слик - отслик на разврат.
dobar den, 14.02.2012 16:21:21
Dobar den, g. Erole. Kako što pišuvate, vo Skopje denes se naogja edno golemo stado koni... od bronza. Deneska pročitav, a vidov i na slika, deka vo Severna Korea vo Pjongjang imat instalirano dve bronzeni javački skulpturi: na Kim-Ir-Sen i Kim-Čong -Il... E, tolku za deneska dosta e . Na kraj: kako može vo denešno vreme nekoj da bara, da se pišuva samo na kirilica... toa znači, deka neznae, nee kadar, da čita latinica? A jas, edno čoveče so sredno obrazovanie i ne mnogu golem um, kako naučiv da čitam, a duri i da pišuvam kirilica, koga do svoi 20 godini skoro i neznaev deka postoi nekojasi MAKEDONIJA??? Pozdrav - i vesela misla :-)
novinar, 14.02.2012 17:42:36
majstorski ucitele, sekoja cest, od tebe se uci novinarstvo
bitolahamiltoncanada, 14.02.2012 19:58:23
Ako nebevme nie komunjarite,ovie novokomponiranite politicari-diletanti, ke pasea ovci vo juznata srpska banovina.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |