13.02.2012, 18:38 Петровски - лани и сега
Демократската десница, што некогаш истакнатиот младинец на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, амбициозно ја најави пред ланските избори, не успеа да го одбележи ниту првиот роденден. Два дена пред годишнината од промоцијата на ДД (на 14 февруари 2011 во хотелот „Холидеј ин“), нејзиниот основач објави дека се враќа во ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа вест не предизвика големо изненадување, бидејќи дојде во екот на акцијата на владејачката партија за враќање на кадрите што своевремено се одметнаа од неа. Но, да се случеше ова неколку месеци порано, веројатно многумина ќе беа запрепастени од преобразбата на Петровски, поради острите критики што тој ги испраќаше кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата (голем дел преку колумни во „Утрински весник“), но и поради неговите напори за обединување на помалите партии на десницата против ВМРО-ДПМНЕ.
„Никогаш не поверував дека оваа гарнитура е нешто посебно патриотска и со енергија да направи нешто позитивно за нашата живејачка. Уште во 2003 година се спротивставив на изборот на Никола Груевски за партиски претседател. Оти знаев дека, пред се', не е автентичен вмровец“, ќе забележи тој во март минатата година.
Петровски, уште кога беше потпретседател на ОМ, „навиваше“ владејачката партија да го избрише од името предзнакот ВМРО: Додека ВМРО-ДПМНЕ, летото 2010, се подготвуваше за големата прослава по повод 20-годишнината од основањето на партијата, Петровски изјавуваше дека е направен историски рез, дека сите основачи се отстранети од партијата и насила се создава ново водство.„Тоа е јасен показател дека целосно се сменети концептот и идеологијата на партијата и дека, аналогно на тоа, партијата треба да си го смени и името“, оцени тој.
Пред изборите на 5 јуни, Петровски тврдеше дека од четирите помали опозициски партии што се ориентирани надесно, најмалку две работеле за да го задржат премиерот на власт и во таа пригода напиша: „Некој сфатил дека со малку пари може да ја растури идејата за промена на режимот во државата“.
По изборите, Петровски повлече два потези што се сметаат за доблест во политиката. Најави заминување од челната позиција во ДД: „Го прифаќам изборниот пораз, а ќе размислам дали и во иднина ќе се занимавам со политика“, рече Петровски. Потоа, тој се откажа и од пишувањето колумни: „Ова нека биде последната колумна. Некогаш е подобро само да се гледа, да се молчи, отколку да се коментира“. (А.М.М.) |
|
Статијата е прочитана 1823 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Fan, 14.02.2012 00:12:58 | Bezkicmenjak. |
| jovan, 14.02.2012 00:48:54 | Kako trgnalo, naskoro da ne gi vidime i SDSM zaedno so VMRO-DPMNE. I onaka si nalikuvaat edni na drugi, a i pola SDSM se vo VMRO, pa ne se znae veke koj e koj. Neka se obedinat barem site na edno, pa neka bide politicari protiv narod. Da znaeme na sto sme. |
| jimmy1, 14.02.2012 04:38:48 | Ako ovaj pameti sto pisuvase protiv VMRO treba da nema obraz da se vrati nazad vo VNRO-DPMNE. Nema pogolemi lazgovci od politicarite. Ako neznaes da lazes i da krades nemozis da bides politicat. Sto veleja starite, retko se naoga politicar so krstot na celoto, posebno posle osamostojuvanjeto i sozdavanjeto na ovaj najlos sistem. Kolku fabriki imavme koi proizveduvaja kvalitetna roba, priznata od svetot. Da napomenam samo nekolku zlatni kokoski od vremeto: Oteks, Bratstvo, Emo, Granit, Beton, Teteks, Astibo, Makedonska, Boris Kidric, Struzanka, Ilinden, Rafinerijata i red drugi, se otide jabana, se rasprodade za bez pari, im se dade na pokolon na partiskite clenovii. Lesno e nestoto da go brodades, posebno za bez pari, teko e da go izgradis. Dali ima nesto ostanato za prodavanje???? ili sve e rasprodadeno, (pokloneto). |
| bitola, 14.02.2012 09:14:54 | PROSTITUTKA;sad se vracas so edno kebe,neznas k...o skim se E..s.Medicinata e napredna pa zatoa nema sto da se sramime,ve povikuvame da go vidite carsavot i da se napieme blaga rakija za cesnosta na nevestata Filipina. |
| igor, 14.02.2012 10:13:59 | ne mu e prvapat na ovoj da menuva partija...matrica,vmrovska rabota,ednostavno mizerija...kako ne im e sram,nemat obraz ni cesnost, nisto... samo gola mizerija! |
| Petar, 14.02.2012 12:03:55 | Mislam deka partijata poveke glasachi ke zagubi, otkolku sto ke dobie, so vrakanjeto na Filip Petrovski. Vakvite licemeri ne nosat doverba kaj glasachite! Razmislete... |
| inters, 14.02.2012 14:11:46 | Koga Licniot interes ke nadvladee, covekot nema dobles. Rezil. Zar zaboravi sto velese za segasnoto rakovodstvo na DPMNE? Sega so dijalog ke gi resava problemite. Zar ovoj narod e blesav kako nego i da mu veruva???? |
| Ljupco, 14.02.2012 19:12:20 | Ova samo moze da bide odlicna vest za opozicijata.Odpadnici i licemeri kako ova lesno tipce se samo zlo za VMRO DPMNE. |
| vace, 14.02.2012 19:47:07 | Setete se samo od Obedineti za Makedonija koga izleze , Ljube bil vakov Ljube takov , a to be Filipce uste u ogkedalo ne si se poglednal ili u dzepot gledas kako da se napolni . Posle ke slusame od nego sto ti bi,o ideologija i cesnost.Mnogu slepi patnici ima u politikava nasa ,vrie od takvi. |
| kiko, 14.02.2012 20:16:49 | se zakolnala cavka ....... s........ so kasnala pomija nikogas ne se otkazala od nea. blaze na grujo so vakvi kadri ce procuti. prvi ce se so ke plukaat vo daden moment. so ce dobie so 500 ili 1000 glasa. samo ce mu gi zemat mestata na trkacite na vmro. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|