Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Ќуп со злато откриен на скопското Кале

Златните монети се од 13 век од никејскиот цар Јован III Дука, а има и венецијански сребреници

Катерина Богоева


Ќуп со 46 византиски златни монети ковани околу 1250 година од никејскиот цар Јован III Дука и 77 сребрени монети ковани од различни венецијански владетели во периодот од втората половина на 13 век, заклучно со 1280 година, е откриено во изминатите неколку дена на тврдината Кале, во рамките на тековните археолошки истражувања раководени од археологот, Драги Митревски.

„Тоа е периодот во кој откриеното богатството било и закопано, а неговото откривање е од големо значење, бидејќи го илустрира последниот период на животот во византискиот град, урнат со доаѓањето на Србите, по што ќе следува период на интензивна градежна активност од нивна страна на овој, и во просторот на скопската околина. Во тој мирен период за Скопје се изградени и најрепрезентативните градби,чии остатоци сега ги откриваме со истражувањата што продолжуваат да се реализираат на ударниот просторот, под познатата бина на Калето.

Годинава го дозаокружуваме претходно парцијално истражуваниот простор, ги дооткриваме остатоците од градби што веруваме дека ќе бидат интересни за натамошна конзервација и реставрација. Очекуваме да се појават убави градби кои на Калето му го даваат неговото административно, политичко и културно значење во средновековниот период, од 10 до 15 век, во времето на владеењето на царот Самоил до доаѓањето на Турците. Со новите откритија добиваме појасна слика за тоа што во тој период се случувало тука, се откриваат и остатоци од царскиот дворец почнувајќи од времето на царот Милутин, но и други градби подигнати за време на српското владеење до 1392 година“, ни изјави вчера Митревски.

Годинешните истражувања течат веќе трет месец, а заедно ги реализираат Институтот за Историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултетот во Скопје и Музејот на град Скопје.


#
Статијата е прочитана 6658 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 12.05.2010 01:03:33
Pa Lugje! Celo vreme ve Krstevam,a Vie Pr..te!
Од: jas
Датум: 12.05.2010 03:45:19
Vednas da se f'rlat ili sokrijat.Ne se od vremeto na Aleksandar.Sto ke ni se.
Од: Izmoren
Датум: 12.05.2010 04:34:05
Jas i taka sum imoren od STAROSTA, ama chitajk'i go naslovot od prilogot, sto pati povek'e se izmoriv dodeka toa K'UP ti bil chisto srpski zbor, dodeka vo makedonskiot jazik nie go narekuvame GRNEC. Imeno, za ovaa staro-makedonski zanaet si imame nash na ziv =GRNCHARIJA, GRNCHAR, GRNEC, GRNCHE i t.n. Pardon, za novinarkata da Vi recham deka jas bach i ne' i go znaam nejzinoto poteklo.Vaz'no e shto si imame nash jazik MAKEDONSKI i treba da si go chuvame kako okoto vo glavata.
Од: pameten
Датум: 12.05.2010 08:23:33
Vo istiot period Skopskiot boljarin Konstantin Tih bil izbran od boljarskiot sovet vo T'rnovo za car na Bugarija.
Од: kole
Датум: 12.05.2010 08:36:59
Опаааа бато, ќе земиме платааааааааааа.... нели Феликс????
Од: Arhi Brigadir
Датум: 12.05.2010 08:49:26
nemojte vakvi raboti da otkrivate, ke se ljuti opozicijata za kopanje grobovi so vashi pari a grcite za kopanje istorija.. daj bez nervozi ke ve molam..
Од: Македонец од цел свет
Датум: 12.05.2010 08:50:56
А бе изморен, за каков Македонски jазик зборуваш кога не можиш три реченици правилно да ги напишиш
Од: do izmoren
Датум: 12.05.2010 08:57:18
Абе изморен, иако целата твоја порака е тотално измешана, успеав да видам дека го спориш зборот ќуп како македонски, па се што не ви одговара е српско. Е тука ти предлагам да си ги прегледаш прво речниците на сопствениот јазик, а не да тропаш и еднаш за секогаш сфатете дека потеклото на двата јазици е од старословенскиот и нема тука српско-македонско. Веројатно по таа логика и ВЕЛИКИ не е македонски, нели? А ти ако си повеќе по антиката, подобро избери нешто од тие јазици за споредба. Овој весник си има свои лектори знаеш??
Од: Do okoto u glavata
Датум: 12.05.2010 09:13:12
K'up e turcizam koj e vlezen vo makedonskiot jazik. Aj sega fatete se za k'upot a ne za ubavava vest.
Од: КОКО
Датум: 12.05.2010 09:53:16
До Изморен. Ма��ку смешно изгледа кога пишуваш критика за употрба на странски зборови на латиница.
Од: Zoki
Датум: 12.05.2010 10:41:16
Сокријте ги пред Фирерот да ги дофати.
Од: od mene
Датум: 12.05.2010 11:11:06
Bravo!! Samo napred!
Од: Коцин-Сиднеј
Датум: 12.05.2010 12:09:40
Честитки до ИЗМОРЕН. На место е критиката, До кога со тие србизми во нашиот литературен јазик. Време е поединци да се освестат дека имаме СВОЈ МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН МАЈЧИН ЈАЗИК и треба да го негуваме. Поздрав.
Од: west
Датум: 12.05.2010 14:43:43
auu, zatoa Pasko Kuzman se fati po lopatata
Од: vivo
Датум: 12.05.2010 15:02:21
Барем во вакви убави,позитивни моменти кои ни ги приредуваат чесни, никакво платени, умни и стручни МАКЕДОНЦИ, заборавете на негативните вибрации кои Ви ги емитира Бихачка 7. И тие гревните се радуваат сигурно на ова, ама кога се сами во тоалет, но за по надвор мора да се фрла дрва и камења. Треба да се задоволи електоратот со дневната доза негативизам, треба пак на “мала врата“ да се дограби власта и пак уште по бетер да се злоупотребува. Луѓе бре, кој го шиша Грујо и братучедот или Бранко и кумот. Ние сме во прашање, разберете ние и нашата земја МАКЕДОНИЈА, а ова е уште едно убаво наоѓање и убав напис за НАС, ЗА МАКЕДОНИЈА. А Грујо ќе си оди кога ќе му дојде редот (ако му дојде) и Бране исто така ќе дојде (ако дојде). АЛДАМ!?

Најди! во Утрински
Култура
Свечено одбележување на Денот на фондацијата „Трифун Костовски“
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Двотомно издание на „Дон Кихот“ на македонски јазик
Изложба на белите слики на Петар Мазев