26.10.2012, 18:17 Црквите не можат сами да го решат проблемот
Македонскиот и српскиот претседател, Иванов и Николиќ, ќе се заземат за почести средби меѓу цркoвните власти за да се надмине единственото отворено прашање меѓу двете земји
Горан Адамовски
Македонија и Србија имаат отворени прашања и проблеми, но тие не се нерешливи, констатираа претседателите на двете земји, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ при вчерашната средба во Скопје. Во рамките на нивните надлежности, тие ќе помогнат да се реши црковниот спор, ќе инсистираат на почести средби меѓу претставниците на МПЦ и на СПЦ, оти тие самите, според Николиќ, „не можат сами да го решат проблемот, барем не во овој век“.
Разговорите околу непризнавањето на Македонската православна црква оставија печат на дводневната посета на новиот српски претседател, кој ја одбра Македонија за својата прва официјална посета. Вели дека не го сторил тоа случајно, пред се' заблагодарувајќи се што нашите власти овозможиле Србите да ја прослават 100-годишнината од почетокот на Балканските војни, при што „српската војска ги ослободило Косово и Скопје од Османлиите“.
„Сакаме соработка со сите земји, посебно со балканските. Целта е и да порачаме дека сакаме добри односи и со оние земји што ја признаа независноста на Косово. Го прифаќаме правото на локалните власти да ја водат политиката така што ќе обезбедат поголем просперитет за своите граѓани“, помирливо зборуваше српскиот лидер познат по националистичките ставови.
На новинарското потсетување дека пред една година, додека беше во опозиција, даде интервју во кое при победа на изборите најави преиспитување на одлуката на Србија за признавање на уставното име на Македонија, без заобиколување вели дека сега се смениле работите.
„Тоа го кажав понесен од емоциите поради македонското признавање на Косово. Но, и тогаш реков дека е срамно протерувањето на македонскиот амбасадор од Белград, оти покажавме сила на помали од нас. Денеска сум претседател и морам да размислувам како одлуките ќе се одразат врз мојата земја. Србија не размислува за менување на ставот кон уставното име на Македонија“, рече Николиќ.
Тој рече оти е нормално да бидат коментирани неговите изјави (мислејќи на грчкиот протест по неговата неодамнешна изјава оти ги разбира Македонците околу спорот со Грција) и објасни дека Грција и Македонија се пријателски земји за Србија, поради што се надева дека бргу ќе дојде до решение на спорот. Николиќ појасни дека рекол оти има почитување за гордоста на двата народи да инсистираат на името Македонија.
„Ако има искрена желба, ќе се најде решение и за овој проблем“, се надоврза Иванов околу проблемот со Грција.
Двајцата претседатели во вилата „Водно“ разговараа за економската соработка, инфраструктурата, технологијата, а пред се' околу заедничката цел - влез во ЕУ и пречките до таму. Како што рекоа, главно имале идентични погледи, освен околу црковниот спор.
„Се договоривме дека црковните прашања бараат црковни одговори. Ние сме тука само да ги охрабриме црковните авторитети на почести средби, оти само така ќе се најде решение. Нашите надлежности се толку“, истакна македонскиот претседател.
Според Николиќ, решението на спорот во многу ќе зависи и од добрите односи на двете земји, оти, како што вели, ако се уверат граѓаните во искреното пријателството и црквите полесно ќе дојдат до решение. Прашан да ги коментира нападите кон него од бачкиот владика Иринеј, кој се налути што претседателот изразил иницијатива да помогне во спорот, Николиќ смета дека станува збор за недоразбирање.
„Напротив, владиката реагираше на написите во медиумите дека државите не треба да се мешаат во црковен спор. Тоа го сфаќам и како признание дека црквите не можат сами да го решат проблемот, барем не во овој век“, поентираше високиот гостин.
Од Водно, српскиот претседател продолжи во македонското Собрание, каде се сретна со спикерот Трајко Вељаноски. Сообраќајот во Скопје вчера беше парализиран од силното полициско обезбедување.
Денеска Николиќ ќе се сретне со три српски семејства во Валандовско и со Иванов ќе присуствуваат на фестивалот „Валандовска ракија 2012“, а ќе посетат и две винарски визби.
Николиќ дојде на чело на државата пред пет месеци. На неговата инаугурација, не се појавија претседателите на Хрватска, БиХ, Словенија и на Македонија, како протест поради неговите националистички изјави и упорното негирање на геноцидот во Сребреница. |
|
Статијата е прочитана 1582 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 27.10.2012 00:03:58 | Toa e poveke od ocigledno deka nemozat, poradi nekoj zaostanati strui tamu vo Srpskata crkva. Veruvam deka naskoro ke ima nekakvo pozitivno pomrdnuvanje, a najmnogu veruvam (potocno sakam da veruvam) deka odnosite pomegu site Balkanski narodi konecno ke mora da se splotat. Inaku ke bideme povtorno teren na megusebna presmetka pomegu golemite sili, a nie ke im sluzime kako topovsko meso. |
| Itar Pejo, 27.10.2012 00:04:04 | Ako crkvite nemozat sami da go resat sporot neka im pomognat djamiite. Sto pati da se povtori: crkvata e odvoena od drzavata! |
| jasna, 27.10.2012 00:14:25 | Deka MPC ne moze da si go resi problemot so raskolot, za toa sum siguren. Go gledam osobeno poslednive 20 godini. A za SPC ne sum sigure. Tie nemaat problem, crkva si se, nas nikoj ne ne priznava. Nego podobro za se otreznat ovie nasive i vlada i crkva i da prifatat se sto nalaga zakonot i da staneme i nie prava pravoslavna crkva. Dosta e zivot vo izolacija, ni treba edinstvo. |
| pameten, 27.10.2012 05:30:33 | Mora da se gradat dobri odnosi so Srbija, no ne e tochno deka „српската војска ги ослободило Косово и Скопје од Османлиите? Srbite zatvorile crkvite i uchilishtata, za koi shot nashite se izborile pod Tursko. A odbivame zaedno slavenje so Bugarija iaku Bugarite ne zatvorile nitu edna crkva ili uchilishte vo Pirinsko? |
| pile, 27.10.2012 08:35:37 | Mu posakuvam dobredojde vo R. Makedonija na Pretsedatelot na prijatelska Srbija G-din Tomislav Nikolik.Se nadevam deka vo razgovorite so drzjavniot vrv, na kako sto veli, pomala od R.Srbija, no sepak miroljubiva zemja koja se bori so predizvicite kako na vnatresen plan, za razvivanje na parlamentarnata demokratija i zastapenost na site etnicki zaednici vo instituciite na sistemot i vladeenje na pravoto so primena na Evropskite standardi, taka i na nadvoresen plan so unapreduvanje na dobrososedskite odnosi i pocituvanje na istoriskoto minato i nasledstvo na balkanskite prostori i odbelezjuvanjeto na takvite datumi znacajni za sosedite, kolku i da se tie bolni za sopstveniot Makedonski narod, deka takvata praksa ke prodolzji vrz principot na reciprocitet odnosno deka visokiot politicar od prijatelska Srbija na Pretsedatelot na Republika Makedonija ke mu vraci usmena pokana za proslava na vtori avgust od oddrzjuvanjeto na ASNOM, datum znacaen za Makedonskata suverenost,vo sprotivno vo |
| P.Petar, 27.10.2012 14:56:03 | Do Pameten! Dobro togas koj go iscisti Balkanot od osmanliite??Civa vojska otide duri do Solun?? Ne e moment za istorijski analizi no ako e potrebno neka se napravi i toa ednas za sekogas. Vo ovoj moment crkvite sami nikogas nema da go resat problemot! Drzavnata uloga vo posrednistvoto ne pretstavuva mesanje vo crkvenite raboti tuku racionalna podrska za iznajduvanje na pravoto resenie. Ako ni toa ne uspee togas ke se raspravame ,ke se calamime,ke dokazuvame dali jajceto e postaro od kokoskata i se do nedogled...6109 |
| Iznenadjen i pocashcen, 27.10.2012 23:52:22 | Prijatno sum iznenaden od Nikolic. Ako ovaka prodolzi i go reshi crkovniot (edinstveniot) spor, ke mu bideme vechno blagodarni. Go pozdravuvam i mu posakuvam prijaten prestoj vo Republika Makedonija. Neka si ja proslavat stogodishninata na KB na Zebrenje vo mir i prijatelstvo, a nie ASNOM na 2.Avgust vo Prohor Pchinski. Onaka, bratski! PS: Me iznasmeja Itar Pejo so dzamiite. Taka e! |
| Pero do Petar.P, 28.10.2012 02:37:21 | bugarskata vojska go iscisti Balkanot od osmanliite. |
| PP Petarчитај belteror.wordpress., 28.10.2012 07:40:01 | Под турско опстанвме петсто години. Малите творби пашалукот , татарскиот северено од Софија и елинскиот јужно од Олимп добија дозвола од големите сили тогаш кои и ја победија империјата овие маливе да ја поделат Македониа а македонскиот народ го снема. До 1941 не асимилираа во Србио и српски се учеше а до денес се асимилирани во грци и Бугари околу четири милиони Македонци. Заради злосторот од 1912 се проблемите за име јазик и црква. инаку ќе имавме цела држава со осум милиони Македонци и еден милион малцинства. Има книги само вие баратате со гркосрбоблгарски лаги и пропаганди. |
| zagrizen, 28.10.2012 12:58:24 | Do Pero do Petar, a ti si procital,slusnal,videl za nekoj po ime Radomir Putnik (Vojvoda Putnik) ? Ili vo citankite i filmovite koi gi gledas nema takvo ime? Ne se spomnuva takov za I i II Balkanska vojna, za I Svetska vojna?? Nema,nema takvi..... I zapamti da ne sum prosrpski, no ne sum ni pro bugarski nastroen.Ednostavno, Makedonec sum!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Ведро
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C
|
Четврток
Грмотевици
Макс: 16°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (39)Зошто Јованка бараше масерка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|