Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
26.10.2012, 18:30

Макрадули во нова улога

Долгогодишниот пратеник влезе во битката за локалните избори, најавувајќи дека ќе го урне митот за Скопје како вмровски град

Александра М. Митевска


Напуштање на „кич-идеологијата на споменици и на трупање барок на секоја фасада или зграда“ и фокусирање на функционалните потреби на граѓаните, вети Јани Макрадули (47) откако партиската централа го лансираше за кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избори во март следната година.

Во првиот настап по номинацијата, Макрадули, очекувано, го критикуваше владиниот проект „Скопје 2014“: „Тоа не значи дека ќе бидеме деструктивно настроени кон она што е веќе изградено, туку единствено значи дека ќе го ставиме граѓанинот на прво место“, рече Макрадули.

Неговата кандидатура за градоначалник на главниот град предизвика големо изненадување во политичката јавност, која во последните денови беше бомбардирана со разни комбинаторики околу можните адути на опозицијата за главниот град. Но, во ниту една од комбинациите не се споменуваше долгогодишниот член на раководството на СДСМ, кој подолго од една деценија е еден од најекспонираните пратеници (моментно е потпретседател на парламентот), носител на партиските листи во Петтата и во Шестата изборна единица на парламентарните избори и жесток критичар на владејачката гарнитура во изминатите шест години.

Членовите на Градскиот (скопски) одбор и на Извршниот одбор на СДСМ, со акламација, го одобриле изборот на Макрадули. Сепак, повеќето од нив, исто така, биле изненадени кога на состанокот што се одржа завчера им било соопштено кој ќе ја добие главната улога на локалните избори откако Стевчо Јакимовски цврсто одлучи и оваа изборна битка да ја води во Карпош, а секретарот Андреј Петров и потпретседателите на партијата не покажаа поголема амбиција директно да се вклучат во битката за локалните избори, на кои опозицијата и' даде плебисцитарно значење, од аспект на можноста тие да бидат увертира во смена на централната власт.

Другите номинации што ги утврди завчера раководството на најголемата опозициска партија, главно, се очекувани: Александар Наумовски, член на Скопскиот совет, ќе биде кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, во Бутел ќе се кандидира Коста Начевски, а Кисела Вода му припадна на Љупчо Васовски. Диме Велков, претседател на разгранокот на СДСМ во Аеродром, ќе биде градоначалнички кандидат во оваа општина. Другите скопски општини им припаднаа на партнерите на СДСМ во опозицискиот фронт. Во Центар за градоначалник се кандидира лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, а во Гази Баба - поранешниот градоначалник Борче Стефановски, како кадар на ВМРО-НП. Шуто Оризари се очекува да го добие партија на Ромите од опозициската коалиција, а за Сарај и Чаир допрва ќе се одлучува, иако се очекува опозицискиот фронт таму да им даде поддршка на кандидатите на ДПА, освен ако Мендух Тачи викендов не ја реализира најавата за раскинување на техничката соработка со СДСМ.

Опозициските кандидати за градоначалници на Скопје и на општините во состав на главниот град, официјално, ќе бидат промовирани на протестниот митинг што ќе се одржи в недела на плоштадот „Македонија“. Со овој митинг завршува проектот „Работно лето“, но, велат во СДСМ, почнува уште позасилена кампања против владејачката гарнитура.

Со оглед на досегашниот политички багаж на Макрадули, битката за локалната власт, всушност, ќе биде сосема ново искуство за него, ако не се смета неговиот неколкугодишен советнички стаж во Општина Центар.

Номинацијата на Макрадули, всушност, претставува промена во практиката на избор на кандидатите за градоначалници за главниот град што социјалдемократите ја практикуваа во изминатите дваесетина години. СДСМ првпат се осмели за најважната функција во локалната власт да кандидира автентично партиско решение. Во изминатите циклуси локални избори, македонската левица, главно, се потпираше на кандидати надвор од партиското јадро - независниот Јовица Угриновски - во 1996 година, Ристо Пенов од ЛДП - во 2000 и 2005, Тито Петковски од НСДП - во 2009.

Макрадули влезе во изборната трка за градоначалници со изјава - дека ќе докаже дека „Скопје не е вмровски град“. Нему и на кандидатите за градоначалници на скопските општини, веројатно, ќе им треба многу енергија во обидот да ја исполнат оваа амбиција, ако се има предвид дека во изминатите две децении социјалдемократите немаа многу среќа на локалните избори во главниот град.

Нивните досегашни градоначалници во скопските општини се бројат на прсти. Со исклучок на Карпош, кој речиси цело време на под контрола на левицата, социјалдемократите, досега имале и по еден градоначалник во Кисела Вода, Ѓорче Петров и во Центар. Овој пат од „Бихаќска“ велат дека избирачкото расположение е сменето во нивна полза, при што особено типуваат на општините Карпош и Центар, а потоа и на Ѓорче Петров и на Бутел.

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидат за пораз


Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа вчера на изборот на опозицијата за кандидат за скопски градоначалник: „Секому му е јасно дека Јани Макрадули е изборот на Бранко Црвенковски не за победа, туку за пораз на наредните избори. Ниту најблиските соработници на Црвенковски не веруваат дека е возможна политичка победа и затоа тие избегаа од можноста да се кандидираат за градоначалници“, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, Макрадули уште првиот ден како кандидат за градоначалник почнал да настапува агресивно и, како што се наведува, со навреди и манипулации.


Статијата е прочитана 2440 пати.

Испрати коментар



На Груевски не му се брза со одговорот до Грција
Малку јунаци за Судскиот совет
Црквите не можат сами да го решат проблемот



jovan, 27.10.2012 00:18:17
Neznam sto da napisam vo vrska so ova, no na mislenje sum deka SDSM pocna da mu pomaga na VMRO da pobedi. Prvo zenite na SDSM bile *uvredeni* od Premierot, deka rekol zenite poveke da ragaat, pa pobaraa izvinuvanje, drzea tribini, debati...,(po mene se izglupiraa) sega izborot na Makraduli e nekako kako *grom od vedro nebo* i ne e bas docekan so voodusevuvanje(iako Makraduli mozebi e kvaliteten kako covek). Nekako*mlako* zapocnaa. Ostanuva uste da go prosledime mitingot(vo Nedela mislam e)koj bi trebalo da dade najdobra slika i pokazatel kako narodot ke gi prifati i oseti. Dokolku i toa im projde*mlako*, moja preporaka do Gruevski bi bila da ne trosi pari na predizborna kampanja, bidejki SDSM sami ke napravat toj da pobedi.Vo toj slucaj neka im*prepusti* sve na niv. Moze duri i podobro oni da odrabotat za nego. Dali svesno ili nesvesno, za toa ke treba podlaboka analiza.
Hari, 27.10.2012 00:20:41
Skopje nikogas ne bil vmrovski grad. Bese kidnapiran poslednive godini od grupa delikventi i kriminalci i vreme e da zaminat vo nepovrat. Jani e odlicen izbor i po reakcijata na dpmne, panika e vo prasanje.
Трпе, 27.10.2012 00:35:34
И лисицата која неможела да го достигне гроздот си рекла : Гроздот е зелен.Така и за дпмне-овци никој не чини тие се самобендисани.Затоа последните 6 години квалитетот на македонскиот народ е зеро поради нивните способни министри и грабоначалници.
В. Кратовалиев, 27.10.2012 01:11:30
СДСМ, но и целата опозиција се исплашени од Коце Трајановски, па затоа понудија кандидат само колку редот да им помине. Иако до изборите има доста време, неполни пет месеци, но уште сега, може да се каже дека Скопје ке го добие градоначалникот уште во првиот круг, Коце ге го добие својот втор мандат, а за доброто на градот.
Makedonec vo EU, 27.10.2012 03:05:46
Iako e za pozdravuvanje sekoj kandidat za gradonacalnik koj ne e od selo i znae kako da se brici, sepak Makraduli e dokazan luzer koj samo razocaruva kade i da vmesa prsti...
marjan.pp, 27.10.2012 08:00:25
mislam treba da zavrsi erata na spomenici i lazen patrotizam,vreme e za nesto produktivno,sto ke i donese benefit na ovaa dezava vo site sveri,a, ne so neproduktivni vrabotuvanja
Risto na Majka, 27.10.2012 11:29:48
Po zaguben i poisplashen kandidat nemam videno, znaci kako go namestija sopartijcite toa e nesto nevozmozno, ovoj uste prviot den e osuden na poraz, poraz sto ce mu ostave crna damka na negovata nezavidna kariera za cel zivot! Ako so ovoj poteg sdsm vadi teshka artilerija protiv VMRO za izborite togash cuvaj ne boze. Ova ja pokazuva samo bezidejnosta na zakrzlavenite stari strukturi vnatre vo taa partija! @A za cirkus koalicijata na BC i LG narecena koalicija od temnoto minato da ne pravime muabet!!!
Dimitar, 27.10.2012 12:50:55
Izvadok od tekstov: Овој пат од „Бихаќска“ велат дека избирачкото расположение е сменето во нивна полза, при што особено типуваат на општините Карпош и Центар. Ode se gleda deka se nema iluzija deka ke se pobedi vo Skopje. No uste pointeresno e deka fiksovite gi dadoa na LDP, Stefce i Zernovski. Znaci ako e taka, SDSM ne ocekuva niedno gradonacalnicko mesto vo Skopje i skopskite opstini. Iskustvoto od izminative godini dokazuva deka Stefce e seuste LDP, spored lugeto sto gi vraboti vo Karpos, A za Zernovski se znae. Sovetnicite na LDP, skoro vo site opstini deluvaat zaedno so DPMNE. Najvpecatliv e primerot vo Centar, no ne samo vo ovoj mandat, tuku i vo izminatite 2 mandata na Alarova.
slavco, 27.10.2012 12:58:56
kakva greska na SDSM,koja go izbra Jani Makraduli za kandidat za gradonacalnik na Skopje.Denes da odberis cesen,pameten,nekompromitiran,gradski covek,za kandidat za gradonacalnik bilo greska.Za nekoi ocigledno kompasot se ushte ne e izmislen.
Smelo Jani i ne plashi im se ni pod razno!, 27.10.2012 12:59:15
Patriotite nastapuvaat neverovatno odvratno, a koga im se vozvrati, plachat kako mali deca. Se fatile za Koce kako da e *specijalniot*(Murinjo) koj izgradil demek mnogu shto i shta, posebno imidz ??? Onaka zaneseni, seushte ne svacaat deka proektot SK-14 ne e dobra, nego uzasna rabota (nevidena pljachka) so nesogledivi posledici. Zatoa ima da dobijat takov nokaut (mangupite bi go drukchie rekle), da so godini nema da se oporavat. Od nizata patriotski gluposti shto gi katadnevno slusham, sinoca go slushnav neverovatniot biser od Mirka: Zoshto mitingot na ploshtadot? Pa SDSM ne e protiv ploshtadot, nego protiv ona shto e na ploshtadot ili potochno, za odbrana na ploshtadot od zloupotreba! No tie toa ne mozat da go svatat, kako shto ne mozea da svatat po koj princip opozicijata ke se smatra za pobednik. No nivniot mentalen sklop (dzeb) si go chini svoeto, pa i porazot na Koce nema voopshto da gi pocrveni. Parite se vece vo dzebot.
cobe, 27.10.2012 14:25:31
Паника кај Ким Гру Јонг и тајфата..........
tome, 27.10.2012 14:35:22
Jani e pmeten i cesen politicar i sigurno pobeduva vo Skopje iako Vladata istura ogromni pari za gluposti.Skojani se osvestija.
Istocna Makedonija, 27.10.2012 14:57:07
Koj ,,agenda,,,da se urne mitot deka Skopje bil Vmrovski grad?!Non sens!Skopje ne treba da bide, nitu vmrovski,nitu sdsmovski grad,tuku moderna evropska metropola na site gragani na Republika Makedonija.Skopje e nase,na site Makedonci i gragani na ovaa drzava,bez ogled na nivnata nacio- nalna pripadnost.
gjoko, 27.10.2012 15:00:27
Kolku zagrizeni izrazi na prisutnive.. Ne odi covekv za Kabul !
Математика, 27.10.2012 16:17:12
Ќе излезе ли јунак и да даде факти дека Скопје 2014 се гради и со парите од цела Македонија а не само од скопјани. Зошто наместо моето место да напредува од моите пари само Скопје тоа го прави, А кредитите ќе ги враќаме сите ние. Некои од нaс Скопје не го виделе од времето кога оделе на екскурзија низ Југославија. Тоа е исто како да се гради некој град во странство ни тој го видел ни Скопје го видел.
prist, 27.10.2012 17:28:42
ushte edno poglavje vo burleskata sdsm i nivnoto slavno minato. novi svezi neiskorumpirani lica, so novo svezo chesno rakovodstvo toa vi e lekot. no koj da ne slusha, nie sme samo vmrovski vojnici.
milan, 27.10.2012 17:35:23
Vie DPMNEVCI ste stvarno za nikade.Prvo vikavte deka ima razdor vo opozicijata i ne se istaknuvat kandidati,a sega koga se istaknaa plukate po niv.Opozicijata da go postavese za kandidat za gradonacelnik Protuger vie pak ke plukavte po nego, bidejki ne znaete deka e desna raka na Grujo i mu gi pisuva govorite,no toa e vas problem.Jas samo da dodadam napred Jani ti si pameten covek i sigurno nema da sadis palmi i vrbi,pored Vardar,toa oni go pravat i perat pari.
evro-makedonec, 27.10.2012 20:33:49
Panika kaj ovcite na Gjujo, pagja Skopje
GO SAKAM SKOPJE, 27.10.2012 22:26:07
Ne,Makraduli ne e *grom od vedro nebo*!Toj e izbran kako eden od,nekolkute, za sto SDSM ni kaza odamna,* imame nie koj i ke go kazeme koga ke dojde deno...*i go storija! Ako nekomu ne mu se bendisuva,neka toa go kaze bez svoi komentari i*predviduvanja* za (ne) usehot na partijata vo Skopje, poradi kandidatot.Nie skopjanite, vistina ostanavme malkubrojni,od kako gradot ni se kidnapira od dojdeni koi zaboravija da se vratat vo rodnite mesta, smetame deka Jani M. e odlicen predlog koj i do sega mu gi branese interesute i beshe protiv kicot vo nego! Licnost so izgradena politicka i opshta kultura,iako ni dovagja od bitolsko semejstvo, e lik od nasata sredina.Sosema e na mesto sto Stevce uspesen vo Karposh i A.Petrov koj sekako ke ima edena vidna uloga vo idniot politicki zivot,ne bea predvideni vo ovaa *program*.A Skolje koe ne bese nikogas VMRO -ski grad,so Makraduli ke ni se izbrise sramot, na nam skopjanite, izmoreni od dosegasnata podmukla politicka postapka kon sakaniot ni grad
Svetec, 27.10.2012 23:09:04
Tesko e deka ke pobedi, no covekot si ja odraboti kaj liderot doverbata da go verglaat sekoj den vo javnosta kako pobednik do izborite. I toa vazno vo odnos na drugite koj ke trosat vreme i pari za negovo reklamiranje.
Realen, 28.10.2012 00:36:23
Izborot na SDSM e odlicen, bez ogled sto za site e iznenaduvanje.Sepak najiteresno e sto najneprijatno gi iznenadi DPMNE.
Klaber :P, 28.10.2012 08:01:54
Dosta e so spomenici na ojlevci i dojlevci treba realniot zivot i idninata da bidat prioriteti.
bezanec, 28.10.2012 11:37:30
Господа коменатори кои велите дека Макрадули е жртва за да пак вмровците да победат се лажете. Единствената можност на вмровците пак да победите е што парите на народот ќе ги употребите за купување на гласови. Еден од многу те аргументи е што сите филмски сценарија што ги спроведовте со полицијата, за наводни апсење поради криминал ви паднаа во вода, бидејки немаше ништо од тоа што го изјавувавте на народот,само го лажевте и го задолживте да враќат средства и парафнуците ако ги има.Од тоа произлегува дека криминалот е во владејачката гарнитура.
Verce, 28.10.2012 16:52:08
Moeto semejstvo i bliski prijateli i rodnini ke agitirame ushte poveke za pobeda na Jani i kandidatite od Opoziciskiot front ZA SIGURNA POBEDA VO MART

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |