31.10.2012, 18:02 Мое ќоше
Одлучуваат Александра и Александар
Ерол Ризаов
Ако ураганот „Сенди“ му помага да победи на изборите на Обама, на нашиот премиер Груевски му го чува тронот лично Александар
Кој ќе победи на изборите во Америка и во Македонија, по се' изгледа, ќе одлучат Александра и Александар.
Многумина се убедени дека ураганот „Сенди“ (нагалено од Александра) би можел да ги спаси Америка и светот од Ромни и неговиот радикален потпретседател Рајан. Колку и да изгледа тоа апсурдно, силниот ветер му дува во грбот на Обама, кој управува со кризниот штаб од Белата куќа и како претседател на најмоќната земја во светот се справува со најголемата бура што го има погодено источниот брег на Америка и Њујорк. Двајцата претседателски кандидати ја прекинаа предизборната кампања каква што беше планирана и тргнаа да го ловат ураганот. Во оваа нова улога е посилен Обама, бидејќи како на актуелен претседател му стојат на располагање сите механизми на власта и моќните институции на системот. На Ромни не му преостанува ништо, туку да ги лови пропустите, злоупотребите и неправдите на бирократијата вообичаени при вакви несреќи на што посебно се чувствителни луѓето.
Ако на Обама му помага ураганот „Сенди“ да освои уште еден мандат, на нашиот премиер Груевски му помага лично Александар. Двете несреќи се многу различни. Едната е според законите на природата и не може да се спречи, ама можат да се ублажат последиците, а другата е грешка на човечки фактор и како што одминува времето последиците се потешки. Штетите од бурата и ураганот брзо или побавно се надоместуваат и се пресметуваат до последниот цент. Човечките жртви остануваат ненадоместливи за навек. Катастрофата од митови во политиката и потрагата по пославно минато не можат никогаш ниту да се проценат ниту да се надоместат. Загубите се огромни, трајни и трагични. Нема човечки жртви, ама има исчезнување на цели држави и нации кои снемуваат во изолација. Има многу такви примери во историјата. Со политичка интервенција во науката и во уметноста да се постави Александар Македонски на скопскиот плоштад е рамно на катаклизма за интересите на Македонија и нејзините граѓани. Не го заробивме ние на скопскиот плоштад Александар Македонски како што извика лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, на митингот некни, туку Александар јавнат на грчкиот тројански коњ заедно со татко му Филип Втори не' зароби сите нас од Гевгелија до Табановце и ја оправда грчката налудничава политика на ултиматуми. Тоа го направи исто како пред 2.300 години кога го ширеше хеленизмот и грчката култура низ светот. Разликата е во тоа што тогаш беше жив и тоа го правеше со помош на својот меч и војска. Денес го направи тоа окован во петпарачка бронза од скопскиот плоштад со помош на умот на оние што мислат дека се негови следбеници и внуци. Пред да го поплави античката бура Скопје и пред да дојава Александар на скопскиот плоштад, малкумина во светот имаа разбирање и оправдување за грчките уцени и ултиматуми. Сите ја исмеваа таа грчка националистичка и шовинистичка политика кон безопасниот и мирољубив сосед. Денес сите ни се потсмеваат нам. Угледната медиумска агенција Асошиетед прес го нарече Скопје престолнина на кичот. Со неколку тона безвредна бронза како влог за освојување на власта ги избришавме меморандумите и декларациите на над 130 земји и исто толку влади и парламенти кои не' признаа под уставното име. Откако го поставивме Александар, никој од преостанатите позначајни земји не не' призна, освен некои проблематични диктатури. Обратно, оние што од поодамна не' признаа со уставното име, меѓу кои и големите сили Русија, Америка и Кина, се' погласно викаат дека ќе го прифатат тоа име што ќе го договорат двете земји.
Има уште една многу значајна разлика меѓу американскиот и македонскиот ураган. Таму бурата првпат по 1888 година на два дена ги затвори финансиските империи - Њујоршка берза и Волстрит. Вредноста на акциите што се тргуваат дневно изнесува 45 милијарди долари, а се тргуваат околу 1.6 милијарди акции. Дневниот промет на Њујоршка берза се движи од 20 до 60 милиони долари. Кај нас, откако оживеаја македонската империја и дојава Александар Македонски, Берзата од страв падна во кома. Дневно прометот на Берзата падна на ниво на една скопска самопослуга. Нашиот премиер често дига чалам дека сме прваци по реформи во светот и по реформскиот амбиент. Како поранешен брокер, сигурно знае дека нема попрецизна мерка за бизнис-климата во една држава од она што се случува на берзата. Таму е срцето на деловноста и на амбиентот. Македонската берза последните години тоне длабоко под вистинската вредност на компаниите. Ако акциите се под нивото на нивната вредност, односно се продаваат многу поевтино отколку што чинат, а никој не ги купува, тогаш се' е јасно и за амбиентот, и за климата, и за јачината на кризата и на ураганот и на бурата.
Дали Александар ќе јава и напролет на изборите зависи од тоа до каде дошла поплавата - до гуша или веќе е над устата. |
|
Статијата е прочитана 3953 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 01.11.2012 00:45:12 | Nie za nasata poplava ke doznaeme koga ke ni stigni smetkata za voda. Samo taka najdobro ke se svatime do kade e dojdena vodata. |
| cane sokolovski, 01.11.2012 02:02:47 | Земјата во која моментално живеам и искуството кое таму го имам докажува колку сте во право - Ние сме една од нај исмејаните земји во светот. Се разбира, заобиколувањето на Македонија од Хилари Клинтон докажува дека сме и една од нај изолираните. И се тоа во името на идол! |
| Zolta dunja zelen bor, 01.11.2012 03:28:43 | Cekam brz odgovor od tebe Erole Na moeto ednostavno prasanje:
zosto si protiv toa filiIp I Aleksandar da si octant makedonci kako sto sme I nie makedonci Sto ti preci toa tebe?
Da bese ti nekoj grk mozebi ke te razberev AMA ti kako turcin taka da insistiras se toa Pa toa mora da imas drugi motivi |
| Gpd, 01.11.2012 03:43:27 | Do koga so ova tvo e bla bla bla . . . hehehehe |
| pameten, 01.11.2012 06:05:42 | Aleksandar vo Makedonija ne e uragan, toku sindrom na krizata na identitetot, takov kakov beshe za vreme na SFRJ. Teshko e da veruvash deka Slovenite stanale Makedonci poshto koga tie se dojdeni, zemjava ne se narekuvala Makedonija. (Tie pochnale da se narekuvat Bugari, poshto Bugarskata drzhava se Slovenizirala). Teshko e g-ne Rizaov da se objasni identitetot so procesi za vreme na Prerodbata, poshto iako imeto Makedonija i Makedonci se koristelo, vo sekoe selo nashite se izborele za Bugarska crkva i Bugarsko uchilishte. Za zhal po 1992 prifakjaneto na istorijata kakva shto bila za mnogumina beshe neprifatlivo, navreduvachko, voznemiruvachko. Tokmu ovie emocii go porazija Ljubcho i go ubedija Gruevski da go javne Aleksandar. |
| пријател, 01.11.2012 06:35:31 | Кој ќе му каже на народот чии потомци сме ние кога МАНУ молчи за да не се замери на Груевски?Народот останува на милост и немилост на Велиновска,Неделковски,Томиќ,Латас и ред квазиисторичари,полтрони на власта од типот на Бранко Панов,Иљов,Ачковска,Жежов.Преку ноќ,наспроти сите докази,спротивно на она што го утврдила светската наука,се откажавме од словенското потекло,од својот јазик,култура,обичаи,историја и се прогласивме за потомци на Александар кој умрел 1 000 години пред нашите предци да дојдат на овие простори.Го крадеме Александар кој насекаде го проширил грчкиот јазик,грчкото писмо,грчката религија,грчките обичаи,грчката филозофија,култура,а кажуваме дека немаме никакви претензии према ништо грчко!?Груевски го постави проблемот- или светот ќе не`признае како потомци на Александар или нема опстанок за македонската држава и македонскиот народ.За жал,многумина кај нас му веруваат. |
| seirdzija, 01.11.2012 07:36:14 | Stanavme drzava za potsmev,kade smetkite od zadolzuvanjeto se krijat,kade debata e misloven poim,kade opozicijata demek nemala ponuda,a patrioti se ludje koi svoevremeno ne sakaa da pravat vlada so teroristi za na kraj i da gi amnestiraat,pa duri da im sredat i na Vrhoven da im pomine!!!Toa sto ne siroko zaobikoluvaat dovcerasnite podrzuvaci na nasata nezavisnost kazuva se!!! |
| Buntovnik, 01.11.2012 07:46:24 | Erole ubava statija, no, Prvo nikoj ne i se smee na Makedonija. Site se ramnodusni i ne ja ni primetuvaat(vidi Hilary Lewinski, izvini Clinton) a drugo vodata e do gusa ili nad usta, mi se cini podobro e da za sledniot period na ovaa vlast da ucite da ziveete pod voda. |
| ФЕЛИКС, 01.11.2012 08:02:32 | Вероватно се работи на недостиг на инспирација па авторот по 124 пат се наврати на омилената разработка на античкото споменичарство.Инаку за воља на вистината никоја од над 130 земји кој не признаа под уставното име многу не се префркнаа од инсталирањето на Ацика,ниедна од нив не настапи револтирано и да го повлече признанието.Инаку авторот треба да направи анализа (ах домашни задачи кој нервираат)зошто некој што те признава под уставно име ,бара признаеното да се смени.Многумина велат дека не е до Ацика туку до нешто многу поголемо и поважно.Инаку има разлика во ветриштата што дуваат и во САД и во РМ.Таму имаме временски непогоди со сезонски карактер,торнада,урагани и т.н Но тука го имаме веќе 7 годишниот ЕЛ Нињо со тенденција уште толку временски.Ова ветриште поразително ја фрла едната политичка опција час лево,час десно а постојано назад. |
| јас, 01.11.2012 08:22:58 | према она што го напиша во последниве денови ова што го пишуваш нема никаква смисла,ти веќе си убеден кој,кога и како ќе ги добие изборите.Не ми е јасно како и еден од поискусните новинари вината за се што не чини кај опозицијата а богами и во државата ја наоѓаш кај еден човек,демек Гревски е таков каков што е ама другиот ја утна работата со нешто некогаш. |
| Miki, 01.11.2012 08:25:45 | Aj malku za berzata - vo tek e reprivatizacija na privatizacijata! Steta sto nema kompetentni (i hrabri) novinari da zacepkaat po ovoj segment od grabezot na Gruevci! Firmite se obezvrednuvaat namerno za sto poeftino da se lapnat, i tuka nema levi-desni, kole sekoj koj stigne..So danocnata (se danocat kapitalnite dobivki no ne i stednite vlogovi) i kreditna politika parite se zarobuvaat vo bankite i preku drzavnite zapisi se prelevaat kaj rezimot! A za Aleksandar - ni go skroi ova nekoj odnadvor, ke da se cetnicite so evzonite. da ne raskara so svetot, da ne raskara vnatre, a *portokalive* se samo izvrsiteli, plateni i preplateni! |
| Itar Pejo, 01.11.2012 09:45:03 | http://www.huffingtonpost.com/2012/10/31/skopje-macedonias-kitsch_n_2048622.html Vazno e deka se povece i povece turisti doagaat da uzivaat vo skopskite spomenici! Taka veli Premierot. |
| Nikola, 01.11.2012 09:47:53 | Odlicen tekst od g.Rizaov.Originalen i surovo tocen. Propagjanjeto na berzata ja pokazuva APOKALIPSATA na Makedonskata ekonomija i toa e najcrniot rezultat od ova nedemokratsko vladeenje. No sepak vidlivo e i toa se oseka vo narodot deka na ovoj rezim krakot e mnogu blizu. Posledicite nazalost ke gi osekame dplgo... |
| Stipjanec, 01.11.2012 09:52:53 | Erole, Erole! Ne gi razbiras rabotite. Kako mozes da kazes deka Ace ne e nas. Pa civ e? Kako da ne si vo Makedonija! Pa slusni gi nasite EKSPERTI pa ke ti stanat rabotite pojasni. Prof. Dr. Latas, Akademik Milenko, Analiticar od svetski mastab-Mirka, Istoricarot Iljov, ke go zaboravev (najvazniot)-Tomic, treba li uste dokazi za da ja razberes antickata istorija. A Hilari Klinton, koja bese taa? Toa sto nema da dojde vo (anticka) Makedonija, taa ke izgube a ne nie Acevite potomci. Koga Hilari bi ja razbrala VISTINSKATA istorija, i naseto slavno makedonsko minato, ne samo sto ke bara da dojde kaj nas, tuku i ke ne moli da ja primime. No toa e toa, koga vo Amerika nema vrvni Istoricari koi bi ja soopstile vistinata za nas Makedoncite i za VOINOT NA KONJ. |
| Оливер, 01.11.2012 10:04:54 | Ерол, Премиерот не е како Бранко да се фали со манипулации,туку за реформите постои светска ранг листа направена по терк еминентни анализи од еминенти светски експерти во таа област и беше објавена брзо и сигурно рагирањето не ви одговароло подобро ви било 50 места подолу да бидеме. Македонија на дуиг бизнис исто така од 105 кога вие ширевте бранков ерес по весници дека е добро,денес сме 23 место од вкупно 185 и нормално според вас не е добро зошто со таква политика на оваа Влада СДСМ тешко дека ќе дојде на власт.Тоа е резултат на дирекните странски инвестиции. Гледам не пишувате за отворањето на нови 5 фабрики за 3 месеци, но и тоа не не е вокорист на СДСМ. Вие само за коњот сте се фатиле и не се пуштате од него,како слеп за стап.Доста пренесување на депресија од нереализирани кариери. Направете некоја анализа на реални слабости во работењето на Владата, а не сте се фатиле за Букефал секој ден.Можеби вака и помагате читателите да разберат колку се банални вашите овинувањата за Владата |
| M.m.e koj prv pocna, 01.11.2012 10:12:51 | Ako site relevantni svetski naucni avtoriteti i intitucii tvrdat deka Aleksandar pripadja na Helenizmot,na negovata istorija i kultura, a nie uporno tvrdime deka sme negovi potomci, toa navistina e seriozen mentalen problem na golem del od nacijata.I samiot ne znam koj go zapocna ova ludilo vo pocetokotr na 90-te godini.Tuka bese Todor Petreov so svoite nebulozi( kaza i ostana ziv deka sme imalke pismo staro 7000 godini?!) tuka bese i Tupurko, koj vo tie godini odese po skolite i prodavase negova kniga za makedonskata anticka dinastija i Bukef, tuka isto kumuvase i Blaze Risteski, koj vo nekoi togasni nastapina TV zboruvase za nekakvi si nasi vrski so dinastijata na FilipII. Pokasno kako pecurki na dozd se javija razni kvaziistoricari od tipot na Branko Popov, Zezov , Ackovska,Donski, a da ne zboruvam za Milka i Milenko koi kako telali razglasuvaa za nasata velicina kako nacija, ama pred 2330 god.I taka se stvori edna nalunicava sostojba, koja kulminirase so kicot na Skopje 2014 |
| Mudrec, 01.11.2012 10:37:31 | Ne e prvpat Erol da prodava ekonomska magla. Na primer, Albanija nema berza, a ima povekje stranski investicii od nas. Problemot so berzite od ex Yu e mnogu povekje vo regulativata i zaradi toa ne mozat da bidat pretstavnici na ekonomskata klima vo tie drzavi. Ne ti vika Gruevski deka biznis klimata e dobra, tie rangiranja gi pravat renomirani institucii kako Svetska Banka. Zarem vo niv da se somnevame, a na Erol da mu veruvame? |
| Коста Стоименовски, 01.11.2012 10:44:22 | Определбата не само на Х. Клинтон, но и на останатите американски политичари да ја заобиколуваат Македонија е поради жестокиот антиамериканизам што во последниве неколку години го шират една тајфа на неодговорни и „дебело“ платени (од власта) новинари и еден „искусен“ амбасадор кој јавно апелираше за протерување на американскиот амбасадор од Македонија! Таков антиамериканизам на јавна сцена нема ни во соседната Србија која, пред тринаесет години, беше жестоко бомбардирана од НАТО (читај САД) и претрпе огромни материјални штети и голем број (цивилни)жртви! Некои неодговорни македонски политичари, кои водат сметка само за „билдање“ на својот рејтинг и за победа на изборите, се однесуваат како да се лидери на земја која има (десетина) атомски бомби и на тој начин нанесуваат огромни штети на државата и народот! |
| od ostrijot, 01.11.2012 10:46:12 | da erole vopravosi vo drugite drzavi od prikazni bajki i mitovi se snimat filmovi a kajnas se pravi politika i toa samo za licna potreba. |
| robert, 01.11.2012 11:15:00 | za veke dosadnata ama mnogu frustriracka tema aleksandar.koja bese celta na toa ludilo na gvujo i kompanija.zamislete mesto takvo nesto nesvatlivo i glupo investirane tie silni pari da gi vlozea vo gasifikacija na drzavata.koj ke bese efektot za narodot i drzavata.dali nekoj moze da mi objasni ve molam.bilo koj od simpatizerite na ovoj vas gvujo.ajde nekoj neka me negira. |
| Баба Евда, 01.11.2012 11:52:18 | Шате бабино , и мене дедо ти Ефто , во билатералните односи ме викаше злато , но сите тапии беа напишани на име Евдокија! Слушам и ќе си бил на чело на синџирот портокали , што наредба на Пастирот ќе го одвлечкате Цане до Пела и ќе им го тупнете на клетите Грци со зборовите: „На ви го , не ни треба грчки п...р“! Ние сега ќе станеме ��емохристијани и и ќе раѓаме деца!
П.С. Ќе т ја качат ли платата 5% или сега дознавте дека во светот е криза?! Ах , таа Сенди , од неа ќе немате покачување на плата! |
| P.Petar, 01.11.2012 11:56:41 | Kako sto trgnale rabotite ne ni pomaga ni anticko ni slovensko poteklo, Ni treba poveke smisla za realnosta,za politicka itrina, za nacionalno EDINSTVO a bratstvoto neka poceka malku. Ziveeme vo federacija a ja kritikuvame predhodnata koja ne isfrli na svetsko videlo!! |
| Caki, 01.11.2012 12:37:59 | Avtorot zaborava , deka odluka za sp. na Aleksandar beshe donesena od vlast na SDSM , a sega gledame deka toa bilo nagazna mina za Grujo , demek da ucvika , i da go napadnat za kukavichluk!E pa sea shto gi akna Grujo so nivni kamen u nivna glava , neka analiziraat politikolozite! Napishav ednash deka za mene voinot e nozh vo srce na grchkiot fashizam , i shok terapija pr. nivniot shovinizam a istovremeno e fantastichen PR geg, i tvrdam deka voinot kje gi vrati site pari do denar vlozheni vo nego! Imame neshto shto e edinstvenovo svetot! p.s. Erol , ako e vistina ova tvoe pisanie , zoshto sudo vo Hag presudi deka RM so NISHTO merodavno ne ja provocirala Gr.? |
| луди Милојко!, 01.11.2012 13:05:17 | Г. Ризаов, поплавата е преку глава,на сламки се дише и треба појаси за спасување!! !А ти дуначе Евдино, броиш броиш! Ами човеците од митингот во неделата ??Или од уплав не ја “опсервираш“ твојата “експертско,подлизурковско материјализрана анализа“? Шате Еврино еве, написе 2 хелекса од 5мг ,ама апни нешто ,немој на гладно срце и погледни го видеоклипот на плусинфо !А овој твој Ел Нињо,5 години да ти ги ветросувал на суво и на вода 210000 луге отселени,починати раселени, разведени, азУланти.. злоупотребени гласачи! Внучко Евдино,во неделата на митинг да ти дошол братучедот на Сенди!?Почни дунече Евдино да броиш,ама избришани од избирачкиот ќитап.. |
| makedon arman, 01.11.2012 13:22:35 | edinstveni tragovi od staromakedonskiot jazik se torna vrate torna i iminjata na makedonskite kralevi i toponimi od vremeto na Filip i Aleksandar kako Heracleja na staromakedonski odnosno makedoarmanski ili domorodski jazik(vlashki ) Zelezen kluch,lokalitetot Marm(v)inci shto znachi spomenici ili grobishta prenosno bidejki se raboti za nekropola od toa vreme.Aminta znachi osvojuvach,pira -zena mu na Makedon plamenka Bukefal -mucka,Herkul zelezen,spartak -rushitel i mnogu drug zborovi. |
| komentar, 01.11.2012 14:38:57 | Опасноста од авансното купување на иднината, таа да биде ставена на коцка,особено кога престои редефинирање на се диво и живо како кичовски тренд,немајќи никаква понуда на јавачите на апокалипсата,е огромна.Да не ни се случи при лабораториското прибирање на податоци наеднаш големите експерти не вметнат во графата останати.Со време треба да ја дознаеме рамката и палетата на вредности во нивниот временски и просторен сумарум.Од фосилите имаме само предпоставки,а нивното преточување во теорематско толкување е познато.Никој инструментариум на нив скоро да реагира.Голото око пак ич. |
| do komentatorite, 01.11.2012 17:52:22 | Za ime na kolektiv,helenizmot kako poim ne postoel vo antikata.Ne mozel Aleksandar Veliki da sirel helenizam koga helenizam togas ne postoel.Crkva i ucilista od istocniot sosed bile nametnati na Makedoncite vo 19 vek,protiv nivna volja.Vlasite se doselile na Balkanot od teritorijata na apeninskiot poluostrov(Italija) za vreme na rimskata invazija.Vlasite se Latini i potekloto im e od Rimjanite.Sekako deka Rusija i Kina ke go koristea smenetoto ime ako Makedonija prifatese da si menuva ime.Ne moze Rusite i Kinezite da bidat pogolemi Makedonci od nas.No tie ne ne teraat da si smenime ime kako Amerika sto pritiska.Rusija i Kina kako i site drzavi(osven SAD) sto go priznaa tocnoto i ustavnoto ime gi podrzuvaat makedonskite stavovi za nemenuvanje na imeto. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 10°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (43)Дилемите по шлаканицата . Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|