Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
31.10.2012, 18:00

Поглед

Колку пари, толку ракомет и обратно

Роберт Димитриевски

Пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во Данска најмалку што и' требаше на машката ракометна репрезентација на Македонија е нарушена атмосфера поради неисполнети ветувања. За незадоволството кај репрезентативците јавно проговори капитенот Кирил Лазаров, иако во интерес на синоќешниот натпревар со Швајцарија деталите ги остави за подоцна, но јавна тајна е дека камен на сопнување повторно се парите. Се зборува за сума од околу сто илјади евра што Ракометната федерација на Македонија им ги должи на играчите за премии за петтото место на ЕП во Србија, за пласманот на СП во Шпанија и за дневници и патни трошоци. Од РФМ, пак, велат дека не бегаат од наградата за успехот во мундијалскиот бараж со Австрија, дека за историскиот пласман на еврошампионатот биле соодветно наградени од државата и оти Федерацијата одвај составува крај со крај во услови на економска криза.

Резултат од последниот курцшлус на релација репрезентативци - РФМ е тоа што првите се незадоволни, а вторите изненадени и навредени. Најновата драмолетка во меѓусебните односи е се' само не неочекувана, бидејќи е видена повеќе пати во минатото. Таа е доказ дека проблем има, дека тој тлее, се провлекува и одвреме-навреме еруптира.

А се' може да се реши со договорно регулирање на односите меѓу непосредните производители на теренот (ракометарите) и, условно речено, работодавците (Федерацијата). Нека се дефинира веќе еднаш што претставува успех за македонската репрезентација и како тој ќе се вреднува финансиски, нека се стави тоа на хартија и нека го потпишат двете страни. Кој нема да го исполни својот дел од обврските, нека му го отстапи местото на некој друг. Чиста работа.

Одамна веќе никој не се занимава сериозно со спорт од ентузијазам и не ги брани боите на својата земја исклучиво од патриотизам, туку и од професионални побуди. Настапите, посебно на големите натпреварувања, носат финансиски бенефит од реклами, спонзорства, ТВ-права, вносни клупски договори. Колку и да се гледа сентиментално на претставувањето на татковината, денес и тоа е еден вид бизнис, во кој актери се и репрезентативците и Федерацијата, па ред е рамномерно да го делат колачот, но и да го понесат својот дел од одговорноста во случај на неуспех.


Статијата е прочитана 497 пати.

Испрати коментар



Второто заминување на Борис Тадиќ
Мртва трка на три фронта во Америка
Математиката на опозицијата
ЕЛЕМ Ќе биде мелем за инвеститорите
Одлучуваат Александра и Александар



todor janevski, 01.11.2012 08:32:20
Znaci ona sto im se sluci na vaterpolistite na koi ni do denes im nemaat eden denar dadeno kako nagrada za osvoeno TRETO mesto na svetsko natprevaruvanje(univerzijada)vo Kina ,eve im se slucuva i na rakometaeite.No za razlika od niv koi dobija stipendii,vaterpolistite nemaat sega i BAZEN za treninzi a kamoli federacijata da im dade i nagradi.Sport.Komu mu e uste gajle za nego?
pretpriemach, 01.11.2012 15:30:53
Dajte da vidime kolku pari im dolzi federacijata na rakometarite.... potoa neka se otvori smetka i site ke uplatime kolku mozeme za da se soberat pari i da se isplatat...po isplatata marsh nadvor i rakometari i rakovodstvo na federacija... edni neblagodarni (bidejki si dobija i od Vladata i od Agencijata) a drugi nesposobni ( vetile nesto na zbor za sto nema na hartija nisto kako da se na zleno pazarce)..... Neka se pocne od pocetok.... so luge koi ke gi cenat boite na tatkovinata.... ivo idnina bez mafija ve molam..... P.S. Veren navijac sum na reprezentacija i na site nasi rakometni klubovi i zatoa ke im poracam: Sldete go primerpt na Pepi Manaskov - talent, no i disciplina i skromnost!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |