Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Македонија

Неизвесна туристичка сезона во Охрид

За првомајските празници речиси нема поголеми резервации од домашни и од странски гости

Симон Илиевски

ОХРИД - Пристигнувањето на првата група со 130 холандски туристи од најавените пет илјади што ќе престојуваат во Македонија вчера го означи почетокот на сезоната. Групата што вчера изутрина слета на аеродромот „Александар Велики“ со чартер-лет од Холандија, беше пречекана според македонските обичаи. Туристите беа послужени со леб и сол, но и со торта, која специјално ја подготви раководството на аеродромот. Холанѓаните ги слушнаа и звуците на македонските ора. Секој турист доби подарок од Градот Скопје, Министерството за економија и од винарската визба „Попова кула“.

И покрај враќањето на Холанѓаните како традиционални гости охридските туристички работници се во голема неизвесност каква ќе биде годинашнава главна туристичка сезона. Загриженоста е оправдана, бидејќи овој викенд што се совпаѓа со првомајските празници речиси да нема поголеми резервации од домашни и од странски гости. Погледите на хотелиерите се свртени спрема гостите од соседните земји. Сегашните процени велат дека летово најбројни ќе бидат домашните гости. Првенствено младите што за пониски цени во приватното сместување и со добра забава ќе го минат летниот одмор во Охрид.

„Доаѓањето на Холанѓаните е добар знак дека ќе го обновиме старото пријателство. Се надевам дека по нивниот пример ќе тргнат и гостите од другите западноевропски земји што пред две децении беа присутни на охридското крајбрежје“, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој вели дека ова лето ќе доаѓаат и гости од Израел, но тоа е малку за целосно пополнување на капацитетите. Сепак, за Петрески се најважни подготовките и креирањето понуда што ќе биде прифатлива и конкурентна барем на пазарите во соседните земји. Локалната самоуправа мора да направи многу, но тоа, според градоначалникот, е залудно доколку не се направи заедничка национална стратегија за поддршка на туризмот.

Туристичките агенции од земјите во соседството водат вистинска пропагандна војна за да привлечат што поголем број гости. Се нудат ниски цени на аранжманите, евтини авионски билети, плаќање на рати и други поволности. Од македонските туристички асоцијации, барем засега, никој не размислува за офанзива што подразбира понуда на конкурентни пакети за потенцијалните туристи и, се разбира, аранжмани со прифатливи цени.

Таквата пасивност може скапо да чини затоа што Охрид и летово може да остане полупразен.

„Продолжуваме со истата практика да чекаме гостите сами да дојдат, несвесни дека живееме во ново време во кое конкуренцијата е огромна. Потребни ни се нови луѓе, со нови идеи, кои Охрид поинаку ќе им го претстават на потенцијалните посетители“, вели хотелиер што повеќе години работел во голем капацитет, а сега успешно се справува со конкуренцијата нудејќи неколку современо уредени апартмани.

Агенцијата за промоција на туризмот учествува речиси на сите поголеми туристички берзи и остварува билатерални контакти со туристичките асоцијации во многу земји. „Тоа го правиме континуирано за да му помогнеме на македонскиот туризам, но резултатите не можат да дојдат преку ноќ“, вели директорот на оваа агенција Зоран Стрезоски. Тој сугерира дека во нивната кампања со привлечни и конкурентни туристички пакети треба да се вклучат хотелите, рестораните и сите бизнис-структури што се поврзани со туризмот.

Песимизмот за резултатите од годинашнава главна туристичка сезона го ублажуваат сопствениците на помалите хотели и апартмани, како и угостителите. „Сликата не е толку црна зашто, според наше искуство, од соседните држави во сопствена режија доаѓаат илјадници туристи. Тие меѓу себе си го препорачуваат Охрид, што е и најголема пропаганда за нас“, вели Митко Пендов од угостителскиот еснаф.


#
Статијата е прочитана 1011 пати.

Испрати коментар

Од: Gox
Датум: 30.04.2010 00:51:00
Naplakajte im 17 denari za kebap,pa mozda i ke se vratat pak dr. godina..
Од: tra -la- la
Датум: 30.04.2010 01:01:15
Ориѓани нека си го подобрат сместувачките капацитети, нека внесат новини, а не сивило,нека понудат поефтини аранжмани, хигиената на градот да биде на ниво а не да глед секоја год нечистотии, канти за отпадоци на секој чекор да има а нормално и да се казнува кој валка, насмевки и насмевки а не намуртеност, гостопримливост а не одбивност и ете го рецептот за успешна сезона позз
Од: izi
Датум: 30.04.2010 07:43:24
kakvise tije turisti jasum siguren tiese od socilniot slucaj vo holandija
Од: citatel
Датум: 30.04.2010 12:18:10
Ova mi licese na scena od "Borat". Kolku mizerno, kako da ne sme videle stranci, pa sega so oro, zurli i torta na pista. Ponizuvacki za nas. Kojznae kolku se smeele Holanganive
Од: Holandija
Датум: 30.04.2010 19:19:36
Vesta deka vladata ke dotirat za Holandskite turisti , ostanuvat otvoreno prasanje , zasto ?? Vo ovaj avion imt 30 turisti i 100 patnici , za kolku "turisti " stanuvat zbor , a za kolku se plakat dotacija od drzavata ??
Од: G. Stojanovic, Holandija
Датум: 01.05.2010 07:52:37
Ajde neka e so sreka pa do godina so 2 leta nedelno da se razvie turizmot. Holangjanite se ludi po Ohrid i Makedonija kako destinacija a eden vakov direkten let navistina nedostasuvase. Pomegu drugoto i za nas koi ziveeme i rabotime ovdeka. Inaku super sto nasite ja pokazaa tradicionalnata gostoprimlivost po povod carterot: 100 % sum siguren deka nikoj ne se 'smeel' kako sto sugerira eden od komentatorite - tuku naprotiv ova e eden ubav gest so koj se veli: dobredojde! Prijatelski pozdrav,

Најди! во Утрински
Македонија
Штипскиот градоначалник ќе ги сели станарите од „белата куќа“
Тетовското училиште ќе добие опрема само за 10 кабинети