Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.05.2012, 18:48

Што крие анексот на документот

Анексот на предлогот на Нимиц што го објави агенцијата МИА

Државната агенција МИА вчера соопшти дека до неа бил доставен оригинален документ од предлогот на Метју Нимиц од 7 октомври 2005 година.

„На документот, со ознака за доверливост, е содржано писмо на медијаторот Метју Нимиц до преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис, предлог за решение на името и анекс на предлогот во кој се прецизирани идентитетските прашања. Подоцна Игор Џундев од постојаната мисија на Република Македонија во ОН го испраќа предлогот до тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, тогашниот премиер Владо Бучковски и тогашниот министер за надворешни работи, Илинка Митрева“, се вели во текстот на МИА.

Во него понатаму се потенцира дека во предлогот во точка Ц, јасно стои дека идентитетските прашања ќе бидат содржани во анексот на документот, кој е даден во прилог.

„Во анексот на документот на кој се повикува предлогот, во делот на националност нема македонски, ’macedonian‘, туку постои терминот ’граѓани на Република Македонија‘, како ознака за националноста. Во делот за јазикот наместо ’македонски‘ –’macedonian‘, стои ’македк‘ – ’macedc‘“, тврди МИА и додава дека овој предлог во 2005 година бил прифатен од сите политички партии, освен од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски го напуштил состанокот.

„Црвенковски тврдеше дека тој предлог ги гарантирал идентитетските прашања, а во завчерашното интервју на една национална телевизија тој повторно истакна дека идентитетот е гарантиран. Анексот на предлогот на Метју Нимиц од октомври 2005 го потврдува спротивното. Во декември 2009 година, тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, во дискусија во грчкиот парламент истакна дека идентитетските прашања биле внесени во преговорите со предлогот на Метју Нимиц од октомври 2005 година, предлог што го одби сегашниот премиер Груевски од улога на опозициски лидер “, посочува МИА.


Статијата е прочитана 859 пати.


Испрати коментар



Пишман Тадиќ
Што се случуваше во октомври 2005 година
Не може секој да мавта со државна тајна
Државни тајни течат од џеб
Ракавиците на Црвенковски
Нов бран и во ДУИ
Георгиевски подготвен да коалицира со СДСМ
Јосиповиќ го одликува амбасадорот Марковски
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Доктор Чакаларовски на чело на Лекарската комора
Станот на Ставрески e во квартот Чеви Чејс



Петар, 30.05.2012 00:15:09
На неретардиран човек му се доволно неколку секунди за да свати дека фалат 2-3 сантиметри од десната страна на документот (Кај датумот наместо 2005 стои само 2) и дека macedc е всушност macedonian од кој се одсечени последните неколку букви. Провладините медиуми очигледно мислат дека во држава живее ретардиран народ штом се обидуваат да му продадат ваква приказна.
zoki, 30.05.2012 09:51:42
Ima dve raboti ovde: 1 Ne se komentira sodrzinata tuku formata.Taka, za nacionalnosta,Nimic vodel smetka na preambulata na nasiot ustav, velejki deka i albancite, srbite,romite i tn. se gragjani na Makedonija.A za jazikot go potenciral Macedonian ,kako stoi vo Ustavot, kako oficijalen jazik za megjunarodna upotreba. Panicnite potezi na vlasta, da se spasi sto moze da se spasi, gi teraat nevesto da manipuliraat so prezentacija na dokument na koj mu skratile del od dokumentot.Vprocem ako e taka zosto ne go prasale togas Nimic sto znaci macedc.No po se izgleda deka e nevest obid da se prikrie vistinata. 2. Ako e klasificiran dokument, sporno e kako toj izlegol od tamu kade mu e mestoto.Koj mu gi dal na Branko i sto e povazno na MIA.Dali branot tamu zadocnil????
mmk, 30.05.2012 10:35:44
Отварањето на овој документ јасно ја покажува лојалноста на владата кон македонските грагани.Не оспорувамдека може да има документи и со степен на доверливост.Мегутоа да се класифицира документ со степен строго доверливо за прашања што се од општ интерес за грагамите на државаа е исто како потсвесно да велите Кој го е.... народот.Уште полошо што документот е пропратен од нашиот претставник во ОН што значи дека авторот на документот ниту пак препракачот не оцениле дека овој документ треба да има степен на доверливост.Значи се работи за копија.Кој гарантира дека копијата е испратена само до тројцата во тоа време и дали некој од нив во мегувреме не направил уште неколку.На краој на краиштета документ кој само после неколку дена е оспорен од Грцљаија и е искоментиран во сите негови делови од средствата за јавно информирање не може веке да биде ниикаква тајна, и уште помалку кога после 5 години прв го пробива премиерот.Овој документ е само уште еден во купот пропуштени шанси за Македонија.
Трпе, 30.05.2012 17:44:54
Документот крие нестручно кратење аи нестручно копирање.Но овците имат страв од овчарот ќе ги стриже до гола кожа.Што сака да каже ова language-MACEDC и нецелосен датум.Ја крие вистината од народот да не го напагат лажниот патриот.
Vineam makedonski, 30.05.2012 19:08:14
Ke ve zamolam vas novinarite da go izdatete pred javnosta celiot dokument za da mozeme i nie da dademe svoe mislenje za se sto se slucuvalo 2005 i 1995 vaka samo ke se cudime ke se vregame a nema ni edna teza da se dokaze pokazete go celiot dokumet pa ad vidime koj e vo pravo...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“
82. Fats Domino - „Blueberry Hill“
Автори: Al Lewis, Larry Stock, Vincent Rose. Продуцент: Dave Bartholomew. Издадена: октомври '56, „Империјал“
Интервју - Шапка има потенцијал, и' недостига инфраструктура
„За одржување врвни скијачки настани се потребни вештачки снег, езеро - депонија на вода...“, смета Бојан Крижај, директ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |