29.05.2012, 18:27 Станот на Ставрески e во квартот Чеви Чејс
Во анкетниот лист на министерот стои дека има стан од 90 квадрати во Вашингтон, вреден 200.000 долари, а моментно го издава по цена од 1.800 долари месечно
Соња Маџовска
Иако дебатата по интерпелацијата за министерот за финансии Зоран Ставрески навидум изгледаше здодевна, со веќе видени реплики и контрареплики, сепак повторно беа обновени некои стари обвинувања на опозицијата околу имотната состојба на првиот финансиер.
Тоа дека вицепремиерот Ставрески има стан во Вашингтон не е ништо ново. Тој сопственоста на овој недвижен имот ја има пријавено во неговиот анкетен лист. Во него има наведено дека станот е заеднички имот со сопругата, од 2002 година. Станот има 90 квадратни метри, се наоѓа во познат кварт во Вашингтон - Чеви Чејс. Според она што го има наведено министерот во анкетниот лист за имотната состојба, станот вреди 9 милиони денари, или 200.000 долари, а моментно го издава по цена од 1.800 долари месечно.
„Утрински весник“ истражуваше во кој кварт се наоѓа имотот на министерот, и колкава му е пазарната цена.
Чеви Чејс е населба во северозападниот дел на Вашингтон и се смета за една од богатите населби, карактеристични за американските предградија, каде што објектите се направени по сличен терк. Американските агенции за недвижности на нивните веб-страници немаат податоци по која цена се продава квадратен метар во овој дел од Вашингтон, туку само даваат процена на вкупната цена на становите и куќите. Според процените на најголемиот дел од имотите во населбата Чеви Чејс цените на становите се движат од 300.000 долари па нагоре. Излегува дека станот на министерот е еден од поевтините, а познато е дека по хипотекарната криза во САД во 2008 и 2009 година, цените на недвижностите доста се намалија.
Министерот за финансии станот го има купено уште во 2002 година, кога извршуваше функција во Светска банка, а таму живееше со семејството. Ставрески завчера остро ги отфрли обвинувањата на пратеничката Весна Бендевска од СДСМ, дека за овој стан биле издвојувани средства од буџетот, односно дека е плаќан со пари од даночните обврзници.
„Одговорно тврдам од оваа говорница дека чиста ноторна лага е дека оваа држава и даночните обврзници платиле и еден денар за стан на Зоран Ставрески што сум го купил во Вашингтон. Тоа е чиста лага. Имам купено стан со пари што ги заработував таму пет години. Ве молам ако немате доблест да се извините, барем во иднина замолчете и ова не го повторувајте. Срамота е!“, одговори Ставрески на обвинувањата на Бендевска, која излезе со обвинувања за тоа дека иако во земјава има огромна сиромаштија, македонските граѓани одвојувале пари за да му го платат станот на министерот во Америка и неговите кредити.
„Можам да прифатам дека живееме во тешки времиња и дека има многу предизвици пред економијата и не е лесно да се води економијата во вакви времињата. Ако има пропусти во тој дел, ако сум виновен што сум промашил проекција и ако е тоа причина за такви тешки зборови, во ред. Но, тежината на зборовите треба да ја испитате во вашата совест“, и' порача министерот на Бендевска. „Дали некој е должен како човек, не како министер за финансии, да биде на ваков начин квалификуван, и дали имате барем малку доблест кога дискутирате да се задржите во сферата на професионалниот ангажман на Зоран Ставрески“, ја праша тој Бендевска.
Според анкетниот лист, министерот за финансии, покрај овој стан, поседува уште еден стан во Охрид од 40 квадратни метри, од 1982 година вреден 310 илјади денари, неговата сопруга, пак, има стан во Скопје од 73 квадратни метри, во вредност од 1,2 милиони денари, и куќа од 279 квадратни метри исто така во Скопје од 3,5 милиони денари. Министерот поседува и два автомобила „хонда сивик“ од 2001 година, вреден 250 илјади денари, и „варбург“ од 1991 година, за кој вредноста ја проценил на 25.000 денари. Ставрески поседува и неколку штедни денарски и девизни книшки во Шпаркасе банка и една во американска банка. |
|
Статијата е прочитана 5676 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 30.05.2012 00:47:36 | Kakov e ovoj stan vo Ohrid so vrednost od 310 iljadi denari (5000 evra) i ovoj vo Skopje od 73 kvadratni metri vo vrednost od 1,2 milioni denari (19500 evra)??? |
| Da se pochituvame, a ne vredjame, 30.05.2012 02:07:26 | Ne znam shto e vistinata, ama neshto premnogu *ima*. Dokolku e neopravdano napadnat, apsolutno go podrzuvam so odgovorot kon Bendevska. No, vo ovoj moment da se zaprasha i toj i posebno negoviot shef, kako li mu e na Branko veke so godini, po nivnite neosnovani, pa i osnovani, ama krajno navredlivi napadi. A i toj e chovek, od krv i meso i so osecanja. Da Zoki, ako nemate doblest da se izvinite, barem zamolchete vo idnina. Mnogu umno kazano. Sekoja chest, ama i vie da go ispochituvate istoto. Pozdrav! |
| amerikanec, 30.05.2012 03:23:16 | i vkupniot imot na stavrevski iznesuva poveke od 1 000 000 $ prasanjeto e kolkavi se vkupnite primanja negovi i na soprugata i na koj nacin e steknat imotot! neka ne kazuva prikaski za deca, stanot vo washington dc e najmalku 450 000$, kolkavo e odrzuvanjeto i danokot na imot za istiot e prasanjeto! gospodine stavrevski ke vi dojde i vam denot! |
| vike, 30.05.2012 04:38:14 | e makedonija e makedonija nekoj ima premnogu nekoj kora lepche nema to ti je makedonija zoshto nashita ligje se prodaeni dushi da znajte znam kako e eeeeee znajte kako e teshko da nemash pari narodot odit po kanti si barat korche leb |
| Bitolcanec od Kanada, 30.05.2012 06:01:01 | Do ministerot koj se zbogatil kako i ostanalite politicari. Snajdise pa zivej. Makedonija e najbogata zemja vo svetot. Site politicari ja kradat i ima bogatstvo za narednite generacii na politicari. Ako politikata e kurva kako sto veli narodot togas politicarite se rospii. |
| Стан во ОХ од 5 илјади евра и стан во СКопје од 73м2 за 19 илјади евра!!!! Ставре, на менти ли ти личиме бе ние, или стварно сме сите ментолки?, 30.05.2012 07:01:51 | Браво бе Ставре, демек ќе ставиш поголеми бројки изразени во денари да ги замаиш овие глупо македончиња, тие се толку глупи па нема да пресметаат дека станот во Охрид си го проценил на огромни 5000 евра, а оној во Скопје ти чинел 0д 73 м2 19 илјади евра! Па ти си бил ептен скромен бе Ставре, ем аргоантен ем скромен, ваков министер со борина да бараш нема да најдеш. Само ќе го кркате сега на локалниве, за да ви дојде малку памет оти ептен забегавте, а не дека тие што ќе дојдат се поарни. правите бранови, изведувате сурферски вештини со некои непознати од седма екипа цицибани, а бе земете тоа Цао Офцата, тој Алексов, Перо Дебелио, оној манекен талевски од Битола, тие менувајте ги, тие ќе ве коштаат пораз, а потоа се знае-Шутка! Ама немој ставре жити охдирски акценат да не правеш понатаму ненормални наведувајќи астронсомки цени на твоето имање изразени во неконвертабилни валути, немојјјјјјј не се сите овци во оваа земја, а ти не си толку паметен сите да ги стрижиш, има ножица и за тебе |
| Itar Pejo, 30.05.2012 07:29:21 | Go nemam videno stanot vo Vasington, ama ako ministerot resi da go prodava, nudam 250 000 evra. Mislam deka so toa ce napravam odlicna zdelka! Ama neznam kako da go kontaktiram za da mu ja predadam ponudata. Slusam deka ni sudot nemoze da go pronajde, niti nego niti Bicikliski! |
| Istocna Makedonija, 30.05.2012 07:35:26 | Masala sto bi rekle Turcite,stance od 200.000 do
lari vo Vasington!I toa zaraboten za pet godini
rabota tamu,po licni iskazi.A,nie graganite zalud
no cekame od nafatirani politicari da ni gi resat
osnovnite egzistencijaln prasanja za da ne s,
bukvalno umre od glad!i |
| Marioec od Azija, 30.05.2012 07:57:43 | Sto se cudi Utrinski od kade mu se na covekot parite za stanot.Ako se znae deka platite vo Svetskata Banka se od 150 do 200 iljadi na godisno nivo zavisi od mestoto i visinata na skalata spored koja se placa,moze da bidi i povece od navedenata suma.Ako sega rabotel 5 godini tamu,i vo toa vreme imal i pokacuvanja na platata i povisoko mesto na skalata,a plus moznosta na zemanje kredit so 0% na kamata,treba da si laik ili neobavesten novinar da neznaes da soberes 22.`Ajde prasajte go Ljupco od kaj mu se parite ili Zaev,od farmersko paltence i od kaputce iznoseno do milioneri i biznismeni vo Evro ne vo Denari. |
| penzioner, 30.05.2012 07:59:24 | Купувајте македонски производи, салатки и крастајци, ќе отворите нови работни места. Тоа ти е народе македонски, данисе живи и вечни нашите мили водачи. Сам БОГ знае што се имаме ние македонциве спечалено во странсто.Каков стручњак тој појде во америка и тоа фамилијарно, и која плата, а исто така требало да живее, и да купи едно станче од 90 квадрати. и тоа за само пет(5) год. Сето тоа нашиот народ ќе го позлати. |
| Jovanka, 30.05.2012 08:15:25 | NE tatkomu e dadel parite, KRIMINALEC neviden, opljacka narodo ke kupuva stanovi, ama toj nre razbira ni od sram ni od grev |
| mene, 30.05.2012 08:17:35 | Aj kazete kaj ima tolku eftini stanovi i nie da si kupime? |
| toni, 30.05.2012 09:11:40 | ovie si kupuvat stanovi a narodot si trpi za leb...pak gi glasajte...narode svesti se ovie od prerodbata ne odraa zivi!!! |
| tulko drdeski,tetovo, 30.05.2012 09:38:04 | Stanot na imenovaniot vo Vasington vredi mnogu povekje od navedenata procena,toa go znaat i vrapcite.Vo sekoj slucaj dobro mesto za povlekuvanje vo mirni vodi.Negovata uloga vo celosno raznebituvanje na Makedonija se uste ne e zavrsena,sleduva finaleto,a potoa Cuvajte mi Jugoslaviju. |
| Nudam dobra cena, 30.05.2012 09:38:10 | Ajde ako Stavreski go prodava onaj stan vo Ohrid od 40 m2, koj ete vredel 310.000 den. da mu go kupam za 500.000 denari . Ili onaj vo Skopje od 73 m2 ak ete vredel1,2 miliona den, jas da mu go kupam( ako go prodava ) za 1,8 miliona den.Pa ete imal i kuca od 279 m2 a i stan vo Vasington, vo Cejvi cejs. Abe na kogo frlate prasina vo oci? |
| Prijatel, 30.05.2012 09:50:08 | Bendevska javno da mu se izvini na Stavreski, ova shto go tvrdi ne e tochno! |
| pile, 30.05.2012 11:01:55 | Pred nekoj den citam Vladata na prijatelska R.Bugarija ke prezema Zakonski meri za nelegalno steknatiot imot na poedini oligarsi vo drzjavata, so formiranje na specijalizirani organi za ispituvanje na potekloto na imotot.Takvo nesto vo R.Makedonija pod rakovodstvo na ovaa vladeacko mnozinstvo e nezamislivo a poptvrdeno so neizglasuvanje na izmeni na KZ za nezastaruvanje na krivicnite dela od privatizacijata.Taka da gragjanite ke pricekaat za odzemanje od odzamacite na nezakonitiot kapital.No zatoa citam vo denesen ,,Fokus, na tribina na DPMNE vo Vinica, aktuelniot Premier na R.Makedonija, na prasanje od clenovi na DPMNE cii bliski se pritvoreni vo akcijata ,,Detonator, do koga nivnite bliski ke bidat vo pritvor, odgovoril, se nadeva deka nema da ima dokazi za da bidat osudeni.Taka funkcionira pravnata drzjava pocituvani clenovi na DPMNE, pod rakovodstvo na Gruevski i Familijata.A citam cupeto od MVR ne bilo na tribinata,sigurno go cita izvestajot od Stejt departmentot na SAD.OSTAVKI |
| eli, 30.05.2012 11:06:13 | slucajno procitav eden komentar od nas iselenik i go prasuva stavrevski kaj se 50.000 usd sto gi baravte kako donacija za izgradba na starecki dom mislam vo veles toa bese pred nekolku dena i kkako go kupivte stanot vo vasington i ete odma izleze na videlina bravo za nego ovaa ne moze sekoj tesko na ovoj narod mozam da kazam so ovie primanja ima nesto vo ovaa samo gospod znae |
| srebre, 30.05.2012 11:11:08 | kako moze stan vo ohrid 40m2 da e 5ilj evra i vo sk trosoben 20ilj?kaj ima takvi stanovi i jas da kupam.......znaci i toj bvo sad nee 200ilj dolari tuku 1 milion....sega sfacam zosto toj celo vreme ni veli vo mak nema recesija nema kriza pa normalno deka nema za tia takvi kako nego....na golemo spomenici a eve kaj gi investirat parite ukradeni od zdelkite so spomenici,crkvi,fasadi na zgradi o ogradi na mostpvi za 2 mil evra....a nerod nema za lek ,vo bolnica nemas ni lek nit postelnina nit inekcija nit nisto se treba od dzeb da platis a eve kaj odele parite...e kaj si bese sds koga participacija bese 20denari vo zdravstvoto..ama togas nemase spomenici..... |
| od ostrijot, 30.05.2012 13:24:18 | pa kako minister na najbogatata drzava vo sveto ovaj luksus moze dasigo dozvoli so drugi zborovi receno od drzavnata kasa moze dasi zema kolku saka . |
| vapski, 30.05.2012 14:22:59 | go kupil stanot od parite zaraboteni vo periodot
od 5 godini dodeka rabotel na funkcija vo Svetska Banka... vo red...
kolku zarabotuvahse godishno vo periodot od 5 godini dodeka beshe tamu, G-dine Stavrevski ?
pokazi so dokumenti primanja godisho, kredit, zaem...otvori karti bidi poshten, togash ke im zatvorish usta na onie shto te trsat batka,
ako ne go storish toa, imaat polno pravo da prodozat da... maltrefiret... |
| milko, 30.05.2012 16:02:10 | i pokraj toa sto znam deka nema da bide objaveno mojeto mislene, sepak ke se obidam.
ako pet godini se 260 nedeli a prosecna nedelna plata bez prekuvremeno izneseuva 400$ plus na drugiot vraboten iplus mnogupovolnite kredite(plus power of sale) proizleguva deka ne samo sto e mozno i ostvarlivo tuku moze da se kupi i poveke stanovi. a za stanovite vo ohrid i skopje smetam deka mu e namalena vrednosta no sepak i jas imav ponuda vo ranite 90ti da kupam stan za pomalku od deset iljadi evra. poz milko |
| Трпе, 30.05.2012 16:39:51 | Човек што не е способен за себе,како може некој да очекува од него да работи со народните пари.Па ние сме имале министер за жалење и плачење а има америчко искуство.Иако јас како мал бизнисмен.За да му помогнам на нашиот стручњак по финанси му нудам дури 120 илјади евра за имотот во Охрид и Скопје со се возилата.Иако пресметав дека ако се точни податоците неговиот имот во РМ не вреди повеќе од 80 илјади евра.Заклучокот ке биде дека тој многу македонски пари изнесува надвор од државата.Ако треба само за куката во Скопје му нудам 90 илјади евра иако тој ја проценил 279 квадрати за 60 илјади евра.Гревче за жалење е. |
| AA, 30.05.2012 16:54:13 | Човекот заштедувал 3.333 $ секој месец . |
| Nikola, 30.05.2012 17:09:12 | Eve i da e tocno deka stanot vredi tolku.Za populisticki celi ovaa konstatacija e poln pogodok.No, faktite bi trebalo da kazuvaat nesto drugo.Kako prvo,Stavreski kako vraboten vo SAD(bez ogled kade) imal pravo da kupi nedviznina i toa pretpostavuvam na kredit(kako i site normalni gradjani vo SAD)Kreditot,normalno treba redovno da se otplaka.A kako se otplaka? Pa normalno,so iznajmuvanje na stanot pod kirija ako sopstvenikot ne zivee vo istiot.Toa e sistemot buy to let, tg.kupi za da iznajmis.I, kade e tuka kriminalot?Pa toa e cela industrija na zapadot kade sto postojaqt bezbroj agencii(se razbira legalni) koj posreduvaat vo ovoj biznis. |
| eh da bev stavre, 30.05.2012 17:23:37 | ...ne samo vo Vashington,imase I stan vo Dubai da mi kupite I na Palma de Majorka ...rajo prosta... |
| koco amsterdam, 30.05.2012 18:27:48 | Neka im macka oci na protokalovite, ako doticniov stanot go izdava za 1800 dolari toj stan kosta najmalku 500.000 - 600.000 dolari. Toj sto ne mrdnal od MK i prostite masi (za zal gi ima preterano vo MK) neka mu veruvaat, jas sum na zapad i znam po mene. Prodazna cena na mojot stan e 350.000 evra, a jas plakam kirija od 900 evra za 98 kvadrati. Pozz. od tamu kade sto lagite na deckica ne vrvat. |
| Tito, 30.05.2012 18:39:37 | G-dine minister Stavrevski dokolku resite stanot vo Ohrid da go prodavate jas vi nudam 610.000 den.,pa razmislete imate dobra sansa da zarabotite duplo...... |
| ајде да направиме пазар, 30.05.2012 19:44:42 | Министре, еве ти можност да заработиш: продај ми ги становите во Охрид и Скопје ти нудам дупла цена од онаа која се на навел во имотната картичка. Чекам одговор |
| defender, 30.05.2012 19:59:25 | На овој линк се дадани дел од платите во Светска банка и тоа во бруто износ, намалете за околу 40% после даноци.http://www.glassdoor.com/Salary/The-World-Bank-Salaries-E41195.htm
Инаку вредностите за стан во строгиот центар на Скопје (50 метри од споменикот на Александар) и куќата над училиштето Кочо Рацин, се повеќе од смешни. Поскапи се викендиците на 4 воденички. |
| od kumanovo, 31.05.2012 00:16:04 | a bre ministere pa kazete ako gi prodavate po ta cena pa ve molamdali nekoj vo ova drzava ke poveruva stan vo skopje za 20000 iljadi evra pa ve molam jas sedam pod kirija ajde pomognete ni nam da stigneme do ovakav stan ke ve glasevme cel zivot ama upss ova e samo za ministri,premieri. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|