Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Квотата пропадна, барањето остана

Само двајца пратеници од малцинствата го поддржале предлогот на СДСМ за загарантирани мандати

Пратеници од помалите заедници не се откажуваат од барањето за загарантирани мандати и откако пропадна обидот на СДСМ за решавање на ова прашање. Предлогот на социјалдемократите да им се овозможи пропорционална застапеност на малцинствата во законодавниот дом не успеа затоа што немаше поддршка од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Всушност, предложените измени во Изборниот законик добија зелено светло само од пратениците од СДСМ, од Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците и од Анита Кипаризовска-Крстевска од ВМРО-ДПМНЕ, која се декларира како Влаинка. Косана Мазнева-Николиќ, која се изјаснила како Србинка, се приклонила кон ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам и Иван Стоиљковиќ не биле во салата кога се гласало, а Авдија Пепиќ не гласал.

За понеделник се најавува средба во Тетово меѓу претставници на партиите на малцинствата и на ДУИ, на која се очекува да присуствува и Али Ахмети. Оваа средба е планирана како дел од директните преговори меѓу овие политички субјекти за воведување пратеничка квота за малцинствата, со која не би се нарушила доминацијата на пратениците Албанци при гласањето според Бадентеров принцип.

„Во моментот кога ќе постигнеме компромис со ДУИ, а блиску сме до тоа, би сакал да ја видам таа партија од македонскиот блок што ќе биде против загарантираните места. Не верувам дека СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстават на таков компромис, бидејќи тогаш ќе треба да ги понесат консеквенците за кои фактурата пристигнува на избори“, вели Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите.

Откако на иницијатива на социјалдемократите се реактуелизираше дебатата за 10 нови пратенички мандати, Стоиљковиќ ја пласираше опцијата според Бадентер да гласаат само пратениците што ќе бидат избрани од т.н. национални листи (од квотата за малцинствата и од листите на партиите од албанскиот блок), а не и пратеници од заедниците што би обезбедиле мандат од листите на партиите од македонскиот блок.

Оптимизмот на пратениците од заедниците дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да се спротивстават на иновираната идеја за малцинската квота се темели на тоа што двете најголеми партии излегуваа во јавност со свои предлози за решавање на ова прашање. ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година во два наврати настапи со таков предлог, а СДСМ неодамна ја актуелизираше истата тема.

Од СДСМ вчера појаснија дека партиските органи се' уште не расправале дали откако ќе заврши рокот од три месеци, во кој во Собранието не може да се пласира истата иницијатива, повторно ќе излезат со предлог за загарантирани места. Сепак, социјалдемократите се подготвени да ја поддржат опцијата што ја нудат Стоиљковиќ и ДУИ, доколку таа е прифатлива и за ВМРО-ДПМНЕ. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 452 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Приватноста на увид кај тајните служби
Македонија со флип-флоп дипломатија
Со независен Совет до независно судство