Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Тилен Лена Рос Блондо

Скандал со 10-годишната манекенка

Мајката на десетгодишното девојче Тилен Лена Рос Блондо, која неодамна позирала за француското издание на детскиот „Вог“, ја згаснала страницата за фанови, зашто, како што наведува, соочена е со неверојатно негодување на луѓето низ светот.

Во пораката што ја оставила пред згаснување на страницата, Вероника Лубри, француска актерка и ТВ-презентерка, на многу лош англис��и јазик напишала: „Поздрав на сите, јас сум мајка на малата Тилен. Нешто тргна наопаку и соочени сме со многу негативни коментари што доаѓаат од луѓето од САД поради фотографиите што ги сними моето девојче за ’Вог‘ пред осум месеци. Мојата ќерка не знае ништо за сето ова и сакам да ја заштитам по секоја цена, зашто е многу млада. Затоа одлучивме привремено да ја згаснеме страницата. Знам дека постојат многу добри луѓе што ја сакаат и на сите вас ви испраќам голем бакнеж“.

Таа ја донела оваа одлука по големиот притисок на јавноста и многубројните критики по модниот едиторијал што е објавен неодамна, а во кој десетгодишната Тилен е прикажана во многу предизвикувачки пози, облечена како возрасна жена. На една фотографија, на која носи златен фустан со длабок изрез, фотографирана е така што и' се гледа градниот дел и стомакот. Таа на фотографиите носи потпетици, предизвикувачки ги испакнува усните, а на некои слики лежи во многу провокативни пози на прекривка со тигрест дезен. Сите овие слики би биле примерни за манекенка, барем двапати постара од малата Тилен.

„Фејсбук“-страницата на малата Тилен имала повеќе од 700 фанови и покрај отворената поддршка што им ја даде уредништвото на францускиот „Вог“, како и дизајнерот на облека Том Форд на мајката и на ќерката, сликите предизвикаа општа осуда и згрозување. Така се огласија и претставнички на Унијата на мајки. „Многу сме загрижени поради постоењето агенции кои на ваков начин ги застапуваат децата-модели, зашто раководителите на тие компании очигледно не ги разликуваат децата од возрасните“.


#
Статијата е прочитана 1232 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Алчноста не е дел од мене
„Илинденски денови 2011“ - нов сјај на старите вредности
Забрана за Бред Пит да се гледа со Анистон
Сопругот ја молел Џеј Ло да и' се врати
Панирани ролнички од бело месо

"""