14.10.2008, 18:37 Пратениците бараат помош од ОБСЕ за инцидентот
Односите меѓу Македонија и Грција на најниско ниво: Лерин
Груевски изјави дека однесувањето на грчката страна ги преминало границите
Светлана Унковска
Протест и осуда за она што се случуваше по последните настани со претворањата на жители од Леринско и на македонските новинари, изразија вчера од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и од Здружението на новинарите на Македонија. Вчера околу пладне новинарите Горан Момировски од А1, Горазд Чомовски од А2, нивниот снимател Игор Јанковски, како и Мери Јордановска од „Нова Македонија“ повеќе од еден час беа задржани во локалната полициска станица и легитимирани, поради, како што им било образложено, недозволено снимање.
Апсењата на локалното македонско население и на новинари од Македонија во Грција е запрепастувачко и ги преминува сите граници и очекувања што може да се случи од грчка страна.
Ова го кажа македонскиот премиер Никола Груевски во телефонска изјава вчера попладнето за скопската телевизија Сител.
Премиерот Груевски наведе дека македонската Влада веднаш ќе ги информира сите меѓународни организации за инцидентите во Грција.
„Ние ќе бараме да се стопира ваквиот однос спрема македонските новинари, кои, уверен сум, со ништо не придонеле за таквиот однос од грчка страна“, изјави Груевски.
„Во име на македонската делегација во ОБСЕ би сакал да го искажам нашиот протест и осуда за она што се случуваше во Грција и писмено ќе побарам од Парламентарното собрание на ОБСЕ за оваа работа да се расправа на наредните седници на Постојаниот комитет и на седницата на Парламентарното собрание од што е можно да произлезе резолуција“, изјави вчера Андреј Петров, шеф на македонската парламентарна делегација во ОБСЕ.
Сите овие случувања ги осуди и неговиот сопартиец Емилијан Станковиќ, според кого, Грција најмалку што треба да направи е да се извини.
„Ја повикуваме Грција во најкус можен рок да стори се' да ги намали тензиите во Леринско и истовремено ги повикуваме и сите македонски политичари да постапуваат рационално, државните институции да побараат објективна информација, со цел да се помогне на Македонците во Леринско, а не да се прави популизам и ситуацијата да се користи за дневнополитички поени“, рече Станковиќ.
И Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, член на македонската делегација во ОБСЕ, рече дека за последните случувања во Забрдени, Овчарани и Горничаво ќе биде побарано високиот претставник за човекови права од ОБСЕ итно да јго посети Леринско и да достави извештај во врска со состојбата со човековите права.
„Ќе иницираме донесување Предлог-резолуција во врска со сето она што се случува во Леринско деновиве и изминативе неколку месеци, кое предизвикува сериозна загриженост во однос на основните човекови права“, истакна Ѓорчев, кој пак за приведувањето на новинарите рече дека „таквата постапка на грчката држава и полиција не одат во прилог на слободното информирање. Самата постапка е вознемирувачка и за секоја осуда“, истакна Ѓорчев.
Реагираше и координаторот на пратеничката група на ДУИ, Тахир Хани, и овие случувања ги нарече немил настан.
„Очекувам дека двете страни ќе се воздржат од примена на некакви дејства кои можат негативно да влијаат во меѓуетничките односи таму, а од друга страна очекува дека и Грција и Македонија ќе се воздржат од ваквата ситуација. Ние сме во преговори за името и не очекувам дека двете страни ќе создадат една нова клима“, истакна Хани.
ЗНМ го смета за крајно сериозен инцидент приведувањето на македонските новинари и нивно оневозможување на нивно професионално известување за случувањата во Леринско.
„Надлежните институции на Грција веднаш да го сменат начинот на однесувањето спрема македонските новинари, јавно да се извинат за настанатиот инцидент и во иднина да овозможат непречено остварување на професионалните обврски“, стои во реакцијата на ЗНМ. |
|
Статијата е прочитана 1989 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Albanec, 15.10.2008 00:58:29 | Dobro, ke prodolzam od predhodniot komentar, a toa e deka Makedonija ni po koja cena ne smee da vzestuva za ovoj slucaj sto se sluci vo Lerinsko. Ne bidete tvrdoglavi pa da barate da se izvinat grcite bidejki ne deka nema da go storat toa, tuku ke pravat deka nasite novinari se krivi i Evropa ke go prifati toa, i pak nasata diplomatija ke dobie samar! Nekako se naucija so samari nasite politicari, i nikako da razberat! Mali sme lugje, rzberet, mali! Ne mozeme protiv Grcija clenka na EU, NATO plus na kraj i anticka drzava!!! |
| Branko, 15.10.2008 03:46:17 | sega e momentot da se prekinat pregovorite za imeto.kakvo menuvanje kakov kompromis ne doaga predvid.zarem se uste ne im e jasno na Crvenkovski i Gruevski sto sakaat grcite ????sakaat da ne postoime kako nacija i9 zatoa treba cela Makedonija da stane i da kaze NE za pregovorite za imeto. |
| makedonka, 15.10.2008 08:45:57 | Do albanecot !
Da go prasam, dali taka kako sto kazuva toj reagira Albanija koga nesto vas ne vi e po volja vo Srbija i Makedonija , i kako se mesa vo vnatresnite raboti na site zemji bez pardon i go kreva glasot , a sega nas ke ne ucis da ne bideme tvrdoglavi. Postignavte sve i ona sto ne vi pripaga, samo so krevawe na glasot na Albanoja i vasata borbenost . Togas ne ve interesira nisto drugo osven vas samite. Sega zakutise tamu, molci i nebidi sebicen, zosto na cel svet pokazavte kako se pravat drzavi - so navodnata obespravenost. Ova sto se slucuva na nasite makedonci vo Grcija da vi se slucuvase vam, dali vaka ke komentirase? |
| Alban, 15.10.2008 09:32:14 | Se dvoumam koj e poveke vo pravo, Albanecot ili Makedonkata (no pun intendet!!! bez zlonamernost!!!). Pred se, smesno mi e sto i dvete licnosti se identifikuvaat po etnikumot a ne po imeto. No nejse, Albanecot gresi koga veli "mali sme", bidejki i Kosovo bese malo vo SFRJ pa sepak uspeavme da ja isterame pravdata, taka da ne drzi toj stav. Od druga strana, se slozuvam deka slucuvanjata vo Lerin se nabieni so emocija, no kako zemja imame stesnet prostor za manevar. Nasiot nastap treba da bide smiren, fokusiran i istraen, no sepak glavniot teret pagja vrz nasite lugje tamu, kolku i da e tesko za niv. Tie mora da osetat deka ne samo vladata, tuku narodot vo RM e na nivna strana i dava podrska. Makedonkata zaborava deka Grcite dosega kon Albancite od Albanija i Chamite imaat prevzemeno serija napadi, sikaniranja, apsenja, proteruvanja, no sepak reakciite od Tirana se umereni, poradi cisto pragmaticni pricini - ekonomija i clenstvo vo NATO, EU. Treba da se ima predvid i toj priod. |
| од внукот на ДЕЛЧЕВ, 15.10.2008 09:32:29 | Гледајки ги инсертите на ТВ,како грчката армија маршира по Македонските населби во Лерин,со свртена глава спрема народот-небаре ги поздравуват,всушност им се заканува,дека ако многу знаат,ќе ги снајде 1948год.Ми наликуваат како војниците на Пиноче-како да маршираат во Сантијаго.Всушност тоа е држава,која знае одвреме,навреме да се одржува со воени удари-тоа им е во крфта. |
| Marina-oh, 15.10.2008 09:36:01 | mnogu ubavo zvuci site ke pobaraat predlog rezolucija za covekovite prava vo Grcija. A nasite covekovi prava vo Makedonija ne se vazni. Nie 15 godini ne smeeme da kazeme deka sme od Republika Makedonija, osnovno pravo ni e odzemeno. Zosto ne se bunat za nas vo OBSE? Se mesaat vo tug dvor, bez razlika dali tamu ima Makedonci, tie zavisat od nas, nie sme Makedonija denes. Ne pikajte se kaj sto ne vi e mesto, Makedoncite vo Grcija samo ke dobijat pogolemi problemi od Grcite. Pobarajte pravo da go koristime naseto ime, zosto toa covekovo pravo ni e odzemeno. |
| јас, 15.10.2008 10:16:49 | Античките држави треба да одат онаму каде и припаѓаат - ВО МИНАТОТО. Ова е ново време. Нашите ентики како лицето БЦ, и неговите следбеници исто така припаѓаат таму. |
| Козле, 15.10.2008 11:47:41 | Не велам да ги оставиме сами Македонците во Грција ,но секое полевање на бензин на огнот мозе лесно да останеме и ��ез тие неколку илјади Македонци во Грција.Препорачувам исклучиво политичка и институционална борба за човекови права на Македонците во соседните земји ,а меѓународната заедница како и до сега ,така и понатаму ќе ги игнорира,нема фајде многу од нив ,тие се манипулираат од големите центри на моќта во светот. |
| Beba, 15.10.2008 15:56:56 | Za novinarite e povece od opravdano da se protestira, no na dostoinstven i odmeren nacin. Npr. moze da se izvesti Pretstavnikot na OBSE za mediumite ili evropopskite i regionalni zdruzenija na novinarite.
A za naselenieto ne smee da se zaborava deka se tie gragani na Republika Grcija, kako za taa drzava, taka i za site megunarodni organizacii, vklucitelno so OBSE, EU i Sovetot na Evropa. |
|
|
|
|
|
14.10.2008, 19:17 Претходен број
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 6°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|