Надица Георгиевска
фотомоделка
Утринава, од 4 часот наутро сум на работното место на скопскиот аеродром „Александар Велики“, каде што смената ми е до 14 часот. Штом дојдам дома, секако, прво имам намера за попладневен сон. Па вечер, мало дружење со пријателите. Мирен ден, што ми одговара во периодов.
Васко Форти
пејач
Денот го започнувам вообичаено рано наутро, со моето утринско кафе, а потоа тргнувам за Бугарија, каде што ќе учествувам на меѓународен конгрес во Стара Загора. На конгресот ќе го презентирам мојот научен труд, каде што ја анализирам еколошко-туристичката ситуација во Македонија и економските ефекти од неа.
Филиз Ахмет
актерка
Деновиве сум ангажирана со снимање на серијата „Збогум, Румелија“, а тоа значи дека сум во Битола. Преку целиот ден, главно, сум во работна подготвеност на сетот, но затоа вечерта е планирана за релаксирано дружење со екипата. |