Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.03.2012, 14:49

Мое ќоше

Добредојдовте во Кодошистан

Ерол Ризаов

И наредните 20 години ќе се храниме со нашиот бербат

Дефинитивно си го најдовме вистинското име: Кодошистан. Пред извесно време ја употребив оваа алузија со доза на иронија, но и со сомнеж дека Македонија може да се претвори во африканско сафари на кодоши или во голема општа судница во постојано заседание. Мислев дека неколку години ќе се соблазнуваме над злосторствата на комунистичките поткажувачи што ќе ни ги откријат вмровските власти и комисии, а потоа ќе уживаме во предавствата на вмровските шпиони кои во изминатите 70 години ги обработила злогласната Удба, кои како мезе од живи луѓе, пак, ќе ни ги сервираат социјалдемократите кога ќе ја освојат власта. И така, наредните 20 години ќе се храниме со нашиот бербат, а и на нашите предци, додека целосно не се просветлиме и сите не добиеме шап и лигавка, што е вообичаено по такво јадење. Кога оно гледај Уставниот суд на Македонија, докажано антидржавен комунистички рецидив, најде дека многу одредби од законот се противуставни. И, нормално кога една таква ненародна институција ќе се осмели на една демократска власт да и' каже дека нејзиниот закон е против мајката на сите закони, тогаш ќе го смениме прво законот, па потоа и Уставниот суд.

И би нов закон. Ами како. Сега ВМРО-ДПМНЕ не' води по скратен пат во земјата на колективна опаљотка. Ако не можеме да влеземе во Европа, можеме во татковината на кодошлукот. Веќе нема трте, мрте. Сите г...а ќе испливаат на површина. Убаво ќе се види чија мајка црна волна преде. Би било идеално опозицијата веднаш да го прифати законот со неограничен рок на важење до откривањето и на последниот кодош. Аплаузите во парламентот и сите силни труби во медиумите треба да го означат почетокот на пресудната битка за расчистување со темното минато и со трагичната сегашност. По победата над мрачните сили, ќе стасаме во светла иднина. Новиот закон на една храбра Јованка Орлеанка од Струмица е фантастична арена за конечната пресметка со предавниците и непријателите. Секој за секого ќе може да бара какви гурабии јадел во присуство на полициски агенти од 1944 до 2006 година.

И така, еве, се наближува завршниот чин на најновата македонска трагедија. Сите сме во чистилиштето пред револуционерниот суд на најпатриотската партија. Оние што кодошеле во време на Информбирото поради чии клевети луѓе завршиле на Голи Оток и во други злогласни затвори и предизвикале страшни човечки и семејни трагедии денес, доколку се живи, би требало да имаат околу 90 години. Тие се најмалку атрактивни за Лустрационата комисија и оваа власт, бидејќи се безопасни да ја загрозат. Оние што кодошеле во времето на тврдиот социјализам во периодот од 1950 до 1970 и нанеле големи зла и несреќи денес, исто така, не се интересни, бидејќи тоа, главно, се луѓе кои се во пензија и над 70-годишна возраст. Значи, главната пресметка ќе биде насочена кон луѓето кои соработувале со тајната полиција по 1980 до 2006 година, луѓе кои денес имаат сила и моќ и се на политички функции, или се јавни личности и деловни луѓе кои можат да ја загрозат денешната демократија. Всушност, во овој факт се крие историски фалсификат на штета на Македонија и нејзиното поблиско минато.

Ако вистинските соработници на тајната полиција што предизвикале трагедии или си заминале од овој свет или со едната нога се на тој пат никој не ги бара, што ни преостанува за лустрација. Остануваат оние што кодошеле и соработувале со тајната полиција, главно, од 1975-1980 година до 1991-2006 година. Изедначувањето на тој период на Македонија и Југославија со тврдите режими на Бугарија, Албанија, Романија, Источна Германија, Чешка, Полска, Советскиот Сојуз е навистина голема историска грешка и неправда. Во тој период Југославија и Македонија, со својата демократија, со сите мани на еднопартиски систем, за целиот Исток, па и за дел од Запад, беа апсолутно подемократски и похумани општества. Денешното изедначување на Македонија од 1975 до 1991 година со тие режими не е само груб и срамен фалсификат, туку доказ дека македонската лустрација служи за политичка пресметка, а не за просветлување. Ете затоа со полно право ниту една поранешна југословенска република не донесе закон за лустрација. Со Кодошистан барем во нешто ќе бидеме први, пред сите други држави од некогашна Југославија. Каков усп��х.


Статијата е прочитана 6776 пати.

Испрати коментар



Добивам аритмија кога гледам вести
СДСМ нема да собира потписи за референдум за улиците
Патувачките шоуа ги заменија големите реформи
Што побара Европскиот парламент
Народна поддржува неселективна лустрација
Салвадор Алјенде му значи на светот, а нам не ни треба
СДСМ бара и затвор за олигарсите-кодоши



EU, 26.03.2012 00:41:09
Za politicka presmetka, no i za zamajuvanje na narodecot. Imajki ja predvid poslovicnata sklonost na graganstvoto kon ozboruvanje, mesanje vo tugi zivoti, pa i kodosenje, kafeanskite revolucioneri, ke imaat koska za glodanje vo narednite 20 godini. Predlagame Parlamentot, paralelno so zakonot za lustracija, da usvoi zakon za nacionalni penzii za najagilnite ozboruvaci.
Mapkoc, 26.03.2012 00:44:18
Со Кодошистан - вели г. Ризаов - барем во нешто ќе бидеме први. Види, види, па нели тука скоро лондонскиот „Економист„ ја прогласи Македонија за шампион на мизерија?! Па не може во се` да биде прва.
Paja Patak, 26.03.2012 01:58:00
Kodoslakot e neznacaen ,ne me interesira ,pak zabeguvanje vo minatoto ,sto ne interesira e koi se ajducite sto ucestvuvale vo kriminalot so Telekom ,site na videlina od dvete partii.Se znae koj dava amin za takvo nesto.(najmocniot od partijata)Erole napisi za Telekom i toa sekoj den ,dodeka ne gi izvedat ajducite na megdan ,do togas ,nemame drzava imame Miki Maus druzina! Spomenik na Miki Maus na plostad,najdobro ni ja odslikuva drzavata!
USA, 26.03.2012 02:53:00
A, sto tolku nekoi se trznuvaat koga gi narekuvaat predavnici?? Pa tie predavaat na UKIM.!!!
pameten, 26.03.2012 06:54:14
Изедначувањето на тој период на Македонија и Југославија со тврдите режими на Бугарија, Албанија, Романија... Во тој период Југославија и Македонија ... беа апсолутно подемократски и похумани општества. Zhivotot vo Makedonija i Jugoslavija beshe sekako podobar. No ovo beshe sluchajna geopolitichka sostojba, po igrite na Tito so Ustokot i Zapadot. Rezhimot nikako ne beshe pohumanen. Vistinskoto lice na Jugokomunizmot go vidovme za vrema na vojnite 1991-1996. Iako Makedonija ostana nadvor od niv, site deneshni problemi doagjat od nesakanjeto zemjava da se oslobodi od fantaziite i mitovite od vreme na SFRJ
Stojance, 26.03.2012 07:02:22
Mesto da se zanimavame so kodosite,mnogu popametno ke stori vlasta da se pozanimava so kradcite na narodnite pari i toa da pocne so otkrivanje na kriminalot od denes pa nazad i na site kriminalci da im go odzeme ukradenoto. Tak ke ja smetame vlasta za neselektivna vo postapuvanjeto.Celiot narod pred oci go gleda kradenjeto na narodnite pari a molci,zadolzenite za otkrivanje na kriminalot isto gledaat,a nesmeat da postapovaat,opozicijata gleda i da ne se zameri so vlasta i kradecot molci.Se pretvorivme vo zemja na kradci na koi im se voshituvame. E bravo be batja !!!???...
P.Petar, 26.03.2012 07:39:31
Jas bi predlozil da pocneme so lustracii od denesniot den pa da se vrakjame nanazad do NASITE KORENI da vidime zosto Ace go otepa tatka si??
orde, 26.03.2012 08:03:46
g.novinar na ova partija se ismeta duri i sopstvenijot,narod. neka donesat nov ustav nekakzat vomakedonija mozat da zivjat samo onije sto mislat isto kako gruesni i se zavrseno
марко, 26.03.2012 08:12:38
Г-дине, Ризаов на ова нема што да му се додаде.Само ќе го додадам афоризмот напишан пред 35 години,прочитан во белградски весник, вие го цитирате во колумната, но сатиричарот го дополнил. Код нас нема трте мрте, код нас само трте.
Nikola, 26.03.2012 08:42:55
Lustracijata po urnekot na slucajot Milcin e ednakov na kodoshlakot od vremeto na Informbiroto! I spored toa, R.Makedonija e demokratska zemja? ne, tuku toa e tvrda diktatura po urnek na Stalinovata zamisla za drzava.
Stipjanec, 26.03.2012 09:06:01
Ua za Kodosite! Seta energija, raspravija vo Parlamentot, vo Partiite, vo kafeanite ke se sveduva na otkrivanje na kodosite od 1945 pa do 2006-ta, dodeka SDSM bara toa da vazi do den denes! Jas predlagam ovoj period da se prosiri-od vremeto na Aleksandar Makedonskiot (i togas imalo kodosi), pa Kodosite koi go namestile Goce Delcev, pa za Gorce Petrov i za mnogu drugi, znajni i neznajni licnosti. Da se formira komisija od OBJEKTIVNI i UMNI faci, a za Pretsedatel da bide Milenko & Mirka Company,LTD. Pa neli tie se edni od NAJUMNITE vizioneri vo Makedonski i Svetski ramki. Luge, zarem nemame popametni raboti, od ovie gluposti! Pa i da gi otkrieme (ne)selektivno Kodosite, ke se svedi na: Pu, sram te bilo! Zarem vremeto i energijata ne e popametno da ja upotrebime vo doizgradba na novi Spomenici, koi ke ni go ukrasat gradot uste poveke. Smrt na Kodosite-Da ziveat Kodosite!
citatel, 26.03.2012 09:25:12
Bravo za kolumnata no mislam deka ne treba ni so edna kolumna da se obrne vnimanie na glupostive so koi sakaat da ne zabavuvaat namesto da ja vodat drzavata
Богомил, 26.03.2012 09:28:59
Г-дине Ерол, дали во формацијата кодоши влегува и онаа братија со дефектен или испроблематизиран национален код, која упорно работи, и мора да се признае, доста организирано, на антимакедонска фрекфенција, а за туѓински државен интерес. Барем до денес, ниту еден од овие шпиони не се појави на листата за лустрација. Во архивското депо тие се иузгледа засолнити во блиндирани фиоки. На столбот на срамот ќе се најде секој што дури и под сериозни закани поткажал некоја полициска жртва, а овие инфицираниве од анационалниот вирус, парадираат, често и во редовите на власта. Тие се надвор од секој домет на лустраторскиот закон. Во секој случај, луди времиња.
Istocna Makedonija, 26.03.2012 09:52:17
Skromno i veke iskomentirano deka,ubedlivo sme svetski sampioni vo kodosenje,ozboruvanje i podmetnuvanje.Samo apstinira kompletniot re- kord,oti ke se lustrirame do 2006 godina.A,potoa ako kodosis za MENE,ne si kodos!Si,silno POSVE- TEN PATRIOT na sakanata majka-tatkovina!
Rezzilov, 26.03.2012 09:58:14
Каков уплав ги има фатено кодошите.Се’ ќе сторат за да не дојде до лустрација.Од досегашното искуство,оние кои се покажа дека кодошеле беа најгласни против лустрацијата и отидоа дури до Уставен суд.
angele mrtvakoska, 26.03.2012 09:59:56
Па како поинаку можат да опстојат на власт овие изроди македонски ,освен со кодошлуци и подмукли работи.Во ПРИЛЕП на неколку професори,кои не и припаѓаат на актуелната власт , во јануари 2012 година во техничкото училиште РИСТЕ РИСТЕСКИ РИЧКО незаменливиот доживотен ДИРЕКТОР ЧЕШЕЛКОВ ПЕТРЕ ИМ ПОСТАВИ КАМЕРИ ВО УЧИЛНИЦИТЕ за да ги кодоши кај ВМРО - овците како СИ ГО ДРЖАТ ЧАСОТ
Gjorgji, 26.03.2012 10:27:51
A zosto Erole tolku si opsednat so lustracijata na kodosite, koga i sam velis deka sme bile daleku ponapredni vo demokratskiot sistem za razlika od drugite komunisticki drzavi? Pa Erole, znaci ne ke ima kogo da lusttriraat togas. Pa Erole nemoj tolku da se vozbuduvas, ajde, ke ti projde, smiri se malce.
Пере, 26.03.2012 10:36:10
Кодошистан, Пакистан, Авганистан - Двособенстан...
Objekt na tovarsi Djugasvili, 26.03.2012 10:44:59
Erole. Bidejci kodosenjeto eve e najnoviot sport koj ce zeme golem zamav( fudbalot se vide ne ni odi) zosto ionaka se renovira vladiniot objekt vo neoklasicen ili barokten stil ( Bog da znae koj stil e) ne se izgradi vo negova blizina i nekoe zdanie kako Ljublanka vo vremeto na tovaris Stalin kade si go sproveduvaa svojot zanaet Djerzinski, Ezov jagoda i Berija i ja procistuvaa nacijata od kodosi i toa temelno.Toa ce bide najvnosna investicija. Terba toa Gordana da go prodiskutira so Saso i Grujo.
Gargamel, 26.03.2012 10:58:39
Ероле,брате,си дозволувам да се побратимам со тебе,поблиско ми е од “вас“,по сето ова што се случува во оваа моја татковина посакувам да добијам етикета најголем кодош,мега кодош од комуњарското едноумие,размислувам и сам да се пријавам и да бидам доброволец комуњарски кодош.Па како идат работите утре ке бидеме херои,ке добиеме национални пензии ако сегашниве ме обележат.Сакам да сум кодош,зашто во еднопартијската комуњарска Македонија верував во човекот,во соседот,во демократијата,со “испран мозок“ учествував на младински акции,ја градев нашата татковина,живеев без регулаторна комисија но со парно,бев рамноправен со малцинствата и мнозинствата во школување,во вработување,не го тепавме со качулките на глава и безбол палки соседот и што за мене беше важно се знаеше дека кодош е “човечка мизерија“,не како денес уставен судија,професор,транспарентен противник на фашизоидната теорија за нај наци,нај воин,барокни вртелешки во умот и визијата.Еј кај беме,шо беме,шо станаме.
ИВАН СПИРОВСКИ, 26.03.2012 11:23:27
Припадниците на идната македонска непријателска емиграција (сегашниве кодоши) ја преминаа линијата, од која веќе нема враќање. За нив веќе нема надеж и помош.
Оливер, 26.03.2012 11:28:41
Очигледно е дека повеќето се плашат од лустрацијата отколку што ја критикуваат дали добра или не. Сега кога ќе ги видиме докуметите јавно кој што правел, тогаш ќе видиме што е партиска виртуелност, а што е кодошлук. Жално е што дечињата или внучињата на тие веќе што заминале од овој свет или се на пат за таму, сега што прискокуваат за демократизирање на општеството, што им пресудија на ВМРОвциве однапред благодарение на високото образование што го стекнаа на плеќите на македонецот „ПО ЗАСЛУГА“(според некои од нив селанецот - простакот) кој од преданија не знал за друго освен за Македонија, но не, сега поважно е овие дечиња кои немаа нов ТИТО од фрустации сега да ја доуништат ПЈРМ бидејќи тие ја создадоа со ова име (мислам со помош на ТИТО, Колишевски, Темпо итн. како вештачка творевина народски) сметајќи дека е во нивна сопственост. Искрено задоција, оти се појавија и внучињата на селаните и тие се изшколкуваа со тешки маки и сега време е за вистината.
tihi, 26.03.2012 12:34:45
Mene povekje mi lichi na UDBAKISTAN.
кодошмајстори, 26.03.2012 12:51:36
Ако, ако,нека почнат, само кај ќе им биде крајот кога ќе почнат меѓусебе да се кодошат. Историјата ќе се повторува. Но, ние обичните граѓани ќе бидеме е _ _ ната страна...
Да мора да се испита олигархот и како беше од 1991 до 2006, 26.03.2012 13:24:40
Кој од еден обичен инжењер како млад оти имал убави очи веднаш стана нечиј заменик. Значи работно искуство далеку од други инжењери кои и без работа некои останаа. А тој заменикот вечен до олигарх стигна. Само двета негови деца на важни работни места со три илјадраки плата а тој дивиденди од газдинството а за да децата имаат толкави плати десет работника надвор избркани од работа. Несакам опструкции ако треба имиња објавувам.Значи ниту успешен бизнисмен кој на свое заработил туку социјалистички газда со закончиња ваму таму оп газда. Е мора за него да знам и вакви колумнисти кои политика удараат треба да се замислат дали нинвните со вакво однесување и пишување и воопшто на власт ќе дојдат.
Vinci, 26.03.2012 13:25:35
Angele mrtvakoska, ic ne me cudi sto ovie izrodi postavile kameri vo ucilnicite, pa sto drugo bi rabotele ovie kodosi-voajeri smesteni vo nivnite debelo plateni partiski fotelji, najmalku za dobrobit na ucenicite i vospitno-obrazovniot proces...!!!!????
seirdzija, 26.03.2012 13:55:22
Ne e nisto slucajno,tuku e dobro obmisleno.So proekti kako patuvacki cirkusi niz svetot i so lustracija za opozicijata i neistomislenici treba da se zamajuva narodot do i posle lokalnite izbori.Toa e celta!!!Nemajki sposobnost da ja unapredat drzavata i ponatamu ke si gledame cirkusijada.
Boshko, 26.03.2012 13:58:32
Sekoj shto NE e istomislenik kako segashnata vlada i DPMNE ke bide proglasen za shpion i ako ne bil Tie ke mu najdat dosie i ke bide osuden,taka shto ke se oslobodat od site ne isto mislenici,samo se chudam kaj ke najdat tolkavi zatvori da gi po zatvorat site.
od doma, 26.03.2012 15:31:39
Olivere, vnucinjata na selanite( sakas da kazes, na seljacistata) koi ni go unistija Skopje, nemshe da se isshkoluvaat,vprocem kako i nivnite roditeli, ako ne bese sistemot na onoj *komunjar* TIto koi bez bilokakva segregacija, im dade moznost na site da ucat,da rabotata,gratis da se lekuvaat, slobdno dvizenje niz svetot i sto ti ne sto gi pravese *tatkovcote na ovie vnucinja*srekni. Sé ovoa,mosaovno go skoristija*do daska*. Pa sega mozeme istite da gi vidime kako vozat dzipov.. A ako ne bese komunjarot TIto, site tie ke oraa negde so volovi ili ke gi cuvaa ovcite... leba ti Olivere, kjuti i ne pisuvaj gluposti.Sega, kako vikas* koga ke gi vidime dokumentite ..koj sto...* duri sega ke bide prav Kodoshistan oti ke se pojavat polno umni Oliverovci koi slatko ke se izzivuvaat. Oti Oliver SEGA moze da zivee *mo zasluga! A *utre e drug den* kako rekla Skarlet O Hara...
Мики, 26.03.2012 16:20:53
Не се согласувам со името Кодошистан. Тоа ме асоцира на Авганистан, Таџикистан, ... Подобро би било да избереме име кое е наше, македонско. На пример: Накодош, или Кодошанци, или Најкодош. Може за да бидеме интернационални да употребиме име на кое не би му требала географска одредница и би било Erga omnes како Кодошленд (angl. Kodoshland). Мислам дека би ги решиле сите наши проблеми. Дури би го зголемиле и приливот од туризам. Кој не би сакал да дојде во земја во која „Кодош, на кодоша му е кодош“.
deko, 26.03.2012 17:14:31
Uporno sakas vinata za kodosite od komunistickiot period da ja svalis na dvete partii iako znaes deka skoro site se od sdsm.Vmro-dpmne e formirana dobro zanes koga-90g. a sdsm e trnsformiran od KPM vo sdsm i zatoa kodosite se skrija vo taa partija.Ne ja bara Grujo lustracijata ja bara zapadot bidejki samo uste kaj nas ne e zavrsena poradi otporot na sdsm so svoite mediumi i dr strukturi.Dobro pravis sekogas koga sdsm e vinoven za nesto ti posocuvas deka i vmro e kriv za istoto i taka spored tebe ke iskoci nikoj ne e vinoven,dobro go stitis sdsm samo steta malku ti veruvaat na tvojata objektivnost.
cane sokolovski toronto-do pameten, 26.03.2012 23:38:05
..No ovo beshe sluchajna geopolitichka sostojba, po igrite na Tito so Ustokot i Zapadot. Rezhimot nikako ne beshe pohumanen....Pameten, kolku godini imas? Jas dovolno, i pamtam deka vo sedumdesetite mozevme cela familija da go ziveeme mesecot so edna plata, drugata da ja stedime za kuka. Imavme crven pasos so koj mozevme vo CEL svet da odime bez viza i vo SAD i vo Kina. Toa NIKOJ ne mozese, nitu Amerikancite nitu bilo koj drug. Mozevme da spieme nadvor na bilo koja planina, bez strav deka nesto ke ni se sluci. Dali e sega taka? Tvojata izjava deka Jugoslavija ne bila pohumana od drugite socijalisticki zemji e pisurija.Ona gore go dokazuva toa. Vprocem i Causesku suruvase so Zapad, Dali Romanija bese pootvorena? Smesna e idejata deka jugokomunizmot e kriv za vojnata. Jas togas bev vo Kanada i bev zaprepasten od omrazata prema Jugoslavija od hrvatskite i srpskite mediumi. Tie se direktno vinovni vo raspaluvanjeto na omraza i konecna podelba na zemjata so uzasna vojna.
efendija, 27.03.2012 09:48:06
Dragi moi drzavjani zalam za site vas sto ziveete vo vakva bedna drzava...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  



Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |