Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.03.2012, 17:05

СДСМ бара и затвор за олигарсите-кодоши

Опозиционерите го поддржуваат новиот Закон за лустрација, но бараат тој да не важи до 2006 година, туку до денес

СДСМ е подготвена да ги поддржи сите законски решенија со кои процесот на лустрација би се одвивал непречено, транспарентно и без злоупотреби. За СДСМ е прифатливо со Законот за лустрација да бидат опфатени и лицата кои стекнале капитал во претпријатија со општествена сопственост согласно со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска-Данева, вчера изјави дека тоа не било доволно. „Уште пред ВМРО-ДПМНЕ и да помисли да ги спомене т.н. транзициски олигарси, во април 2010 година предложивме уставна измена со која ќе се овозможи кривичните дела поврзани со трансформацијата на општествениот и државниот капитал да не застаруваат. Еве го вистинскиот момент да изградиме консензус“, нагласи Павловска-Данева на прес-конференцијата.

Според неа, не е доволно лицата кои биле кодоши или агенти да бидат објавени на веб-страницата на Комисијата за лустрација, туку е потребно тие да подлежат на кривична одговорност и ако се докаже дека во процесот на приватизација сториле кривично дело, за тоа да одговараат согласно со законските одредби, а нелегално стекнатиот имот да го вратат.

СДСМ е против предлогот Законот за лустрација да се однесува на соработниците на службите само до 2006 година, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ. „На тој начин се амнестираат сите соработници на службите или народски кажано кодоши кои работеле и работат за Груевски од 2006 година па досега, односно од неговото доаѓање на власт“, рече Павловска-Данева.

СДСМ смета дека со овој закон треба да бидат опфатени сите, и оние што кодошеле пред, но и оние што кодошеле по 2006 година. Опозиционерите велат дека Предлог-законот за лустрација подготвен од ВМРО-ДПМНЕ содржел огромен број правни недоречености, пропусти и недоследности и се подготвени да дискутираат, да дебатираат за да се подобри законскиот текст.

СДСМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да отвори широка јавна расправа во која тие ќе се вклучат, а и останатите политички субјекти, институциите, како и стручната и научната јавност. (П.Р.)




Статијата е прочитана 1800 пати.

Испрати коментар



Добивам аритмија кога гледам вести
СДСМ нема да собира потписи за референдум за улиците
Патувачките шоуа ги заменија големите реформи
Што побара Европскиот парламент
Народна поддржува неселективна лустрација
Салвадор Алјенде му значи на светот, а нам не ни треба
Добредојдовте во Кодошистан



jovan, 26.03.2012 00:11:00
Oligarsite ne *kodosele*, potocno ne rabotele za drzavni interesi. Tie isklucivo toa go pravele za sopstvena korist i privilegii, sto vo praksa vsusnost napravile steta na drzavata. Isto taka ova *lustriranje* na oligarsite e poveke eden vid razotkrivanje na organiziran kriminal, bidejki ima razlika ako kodosis nekogo za kogo mislis deka raboti protiv drzavata, i da kodosis (ostranuvas) nekogo za da dojdes do bogastvo, funkcii i privilegii. Ova e cist organiziran kriminal podpomognat od kriminalizirani strukturi vo bezbednosnite sistemi. Zatoa mnogu po pozelno e da se rascisti so niv, da se razotkie cela taa takva mreza, i se da im se naplati. Onie koj kodosele bidejki go sakale Tito a go mrazele Vanco Mihailov (uslovno kazano) sepak toa go pravele i od ideoloski pricini. Mozebi i za nekoja korist, no sepak veruvale vo nesto. Ovie ne veruvale vo nisto. Celta im bila da prigrabat sto poveke za sebe i svojata familija, a unistija celi generacii. No toa da bide ne do 2006ta, nego do denes
bez trag, 26.03.2012 02:52:15
Bravos za SDSM taka treba, zakonot mora da bide za site ist a ne za negogo MAJKA a za nekogo MAKEA. VMROvcite sakaat da se zastitat ,neodi toa taka...Kaj niv se tokmu tie spiuncina i novokomponirani bogatafcina,preku ne cela nok tuku polovina nok i op miljoncina...
Istocna Makedonija, 26.03.2012 09:43:41
So vistinska i objektivna lustracija,period 1944 (1945)-2012,naselenieto vo Makedonija ke bide drasticno namaleno i desetkuvano,ako se prime- nat zatvorski kazni za kodosite!Svetski sampioni sme vo kodostvo,bez konkurencija!Isto i vo ozbo- ruvanje i podmetnuvanje,kade za cudo,mazite gi nadminuvaat zenite!
evropeec, 26.03.2012 09:56:06
Nema zosto da se baraat kodosi do 1980, Tito gi ocisti. Sega e redot na Grujo a posle 2006 ke gi cisti Branko. Mal e goli Otok da ja sobere bandata na Hitler Makedonski.
pile, 26.03.2012 11:32:59
Pod pritisok na dijalogot na visoko nivo pomegju EU i Republika Makedonija,vladeackoto mnozinstvo od nizata preporaki, sloboda na mediumi, nezavisno sudstvo, borba protiv visokoprofilni slucai na korupcija i drugo, so predlogot na sosema nov zakon za lustracija, svesno izbra edna od preporakite na EP sodrzjani vo Rezolucijata za R.Makedonija, koja ke predizvika najgolemi podelbi kaj gragjanite,ako ne i drugi opasni posledici vo opstestvoto.Za 6 godisnoi vladeenje na DPMNE imase uslovi ako sakase da zapocne da se spravuva so oligarsite, so nosenje na kvaliteten i sprovedliv Zakon, so formiranje na specijalno obvinitelstvo i specijalni sudovi za taa cel.No za takva obemna rabota potrebni se kvalitetni i dokazjani profesionalci,od tipot na Margarita Caca Nikolovska, Slagjana Taseva, Vane Cvetanov, i ........ dr. a so takvite DPMNE vo izminatiot period uspesno se spravi i se spravuva seuste, marginalizirajki gi i izvikuvajki gi vo sredinite kaj sto rabotat i zjiveat.
Мики, 26.03.2012 16:32:18
Дали неможе УТРЕ да се продолжи рокот на важење на законот и кој може тоа да го спречи?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  



Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |