|
|
|
|
|
|
Украинците по втор пат доцнат со испораката на автобусите
Наместо 84 автобуси, по скопските улици возат само 48. Транспорт и врски веќе осми ден и' пресметува пенали на „Лаз“
Украинската компанија „Лаз“ по втор пат го прекрши договорот тежок 11 милиони евра за производство на 84 нископодни автобуси за градскиот превоз во Скопје. По скопските улици во сообраќај се 48 нископодни автобуси иако Министерството за транспорт и врски и произведувачот се договорија до 31 јули да се реализира целата зделка. Но, Украинците и овој пат не го испочитуваа договорот, па така веќе осми ден од Министерството им пресметуваат пенали во висина од 0,1 отсто од сумата на неиспорачаните автобуси, вкупно за 36 возила. Со оваа испорака, всушност, требаше да се реализира целата зделка. Автобусите, пак, што возат низ Скопје стасаа во неколку наврати, а компанијата прв пат не беше дисциплинирана лани, непосредно пред Нова година до кога требаше да биде испорачана првата пратка од 15 возила. И во тој случај надлежните најавија санкции за компанијата исти како и овој пат. Автобусите тогаш доцнеа речиси два месеца.
Во случајов се шпекулира дури и дека „Лаз“ воопшто нема да ги произведе договорените четири зглобни возила, а надлежните немаат сознанија кога воопшто ќе биде испорачана последната тура единечни автобуси. Од ресорното министерство се оптимисти и веруваат дека компанијата, сепак, ќе го реализира договореното до крајот на месецов. Од Транспорт и од ЈСП Скопје се надеваат дека „Лаз“ ќе се дисциплинира, ќе го сработи договореното за градскиот превоз во Скопје иако, наводно, периодов фабриката е пребукирана со работа. Се зборува дека Украинците не можеле да стасаат со нашата нарачката оти приоритет им било производство на 1.000 автобуси што им ги нарачала државата за потребите на Европското првенство во фудбал, на кое в година Украина ќе биде домаќин.
Со колкави и какви се санкции ќе се соочи „Лаз“, официјална пресметка засега се' уште не постои. Инаку, Министерството за транспорт плаќањето на возилата го врши по секоја реализирана испорака. (Дс.Т.)
|
#
|
Статијата е прочитана 851 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: aleks |
Датум: 08.08.2011 08:46:16 |
|
za vakva drzava kako sto sme nie i voopsto ne treba ukraincite da gi isporacaat nekoj ke prasa zosto,pa gospoda vo skopje imavme fabrika koja bese 1 vo jugoslavija za proizvodstvo na avtobusi koja pokraj za poranesnite yu proizveduvase avtobusi i za bliski istok i za eu zemjite vo koja fabrika rabotese mojot tatko od koja fabrika jas porasnav se skoluvav zavrsiv masinski so namera tamu da se vrabotam no na steta taa se zatvori no zosto zatoa sto na nekoj mu odgovara da uvezuva a ne da proizveduva da ima rabota devizite da ostanuvat vo mk a ne da gidavame na nekoj ukrainci sramota |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 08.08.2011 09:12:47 |
|
Kako nema da gi isporacaat pa tamu go imame eden od najsposobnite ambasadori sto ja otkri navedenata fabrika za avtobusi koja ete kako da e ke isporaca nesto i za nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: stefan |
Датум: 08.08.2011 10:15:20 |
|
A ona reklama i frleni pari KUPUVAJTE MAKEDONSKI PROIZVODI bese laga,perenje pari ili nesto drugo.Koga lazea togas ili sega koga kupuvaat od ukraina. |
|
|
|
|
|
|
Од: Сообраќаен Инжинер |
Датум: 08.08.2011 11:05:49 |
|
ДОМА ВО ДВОРОТ ВИ Е ФАБРИКАТА СЛЕПЦИ !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Jole |
Датум: 08.08.2011 11:47:00 |
|
Dobro be decki , aj da naracavme avtobusi od Mercedes, MAN ili drugi, ama imajki fabrika pravese avtobusi so decenii, sega kinezi i ukrainci li ke ni pravat avtobusi. E aj ke vidime do koga ke vozat nasminkanive kanti. Sramota ! Sekade se poddrzuva domasnoto prozvodstvo. Toa e Patriotski ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Zoran |
Датум: 08.08.2011 12:25:36 |
|
A be sve golemi eksperti ste. Sve znaete. Dosta samo komentirate i se glupirate, a predlozete nesto popametno i kazete kako da se napravi istoto, a ne samo da plukate i da kudite. Pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 08.08.2011 12:47:20 |
|
Како да ги испорачат автобусите ако нашата влада им нема платено.Зарем и тие ке се лажат како нашите изведувачи кои работат за жабе,рекетирани од власта.А за тоа дека автобусите требаше да бидат произведени во нашата фабрика е дрга работа.Неможеше нашата влада да манипулира со цените.Иако од нашите произведени автобуси во Скопје,кружат низ градовите на повеќе земји.Еве најблиску е Белград каде може да се видат од нашите градски автобуси и многу се задоволни од нив.Но пералната на нашата влада не е приспособена за домашни производи.Домашните производи се добри ако се поклон а може и преку рекетарство. |
|
|
|
|
|
|
|
|