Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Ни камери ни слика од игралиштата во Аеродром

Исчезнаа камерите што требаше да ги контролираат активностите на децата низ Аеродром

Бојан Шашевски

Многу кратко траеше еуфоријата околу комплетното модернизирање и инсталирање на 24-часовен видеонадзор на новите детски игралишта во општината Аеродром. Иако имаше спектакуларна најава од општинските власти, а градоначалникот Ивица Коневски неколку пати го фалеше проектот за монтирање камери со кои родителите преку интернет-конекција од домовите во секое време ќе можеле да ги контролираат и следат активностите и игрите на своите деца, сепак, само две од осумнаесетте предвидени еколошки игралишта добија камери. Но, сега ги нема ни тие две камери. Неколку граѓани од Аеродром велат дека по брзата акција на Општината, инсталираните видеопомагала кај градинката „Синоличка“ и новиот парк во Ново Лисиче постојано биле или блокирани или во дефект, па одреден период претставувале повеќе декорација за игралиштата отколку што ја вршеле основната функција. Сега, пак, воопшто и ги нема на игралиштата.

„По толку фалење и најави, вистинска премија беше да се конектирате на линкот на општинската веб-страница и да ја вклучите камерата. Џабе ги поставија. Камерите стоеја само како украс. Па, сепак, кога мислевме дека, конечно, ќе профункционираат, надлежните ги тргнаа“, вели Никола Велковски, жител на општината Аеродром

Марија Стојановска, чиј дом се наоѓа близу детскиот парк во Ново Лисиче, вели дека за поздрав е проектот со новите игралишта, кои се градени од еколошки материјали, гумена подлога, урбана опрема и модерни реквизити, како што се вртелешки, нишалки, клацкалци и лизгалки, но, сепак, според неа, сосема е неодговорно од Општината да им овозможи на граѓаните видеонадзор за своите деца, за потоа да тврди дека уредите се неисправни или дека добиваат прекори од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

„По објаснувањата за технички проблеми и тешкотиите за нивно одржување, на крај, излезе дека била нарушена приватноста на дечињата. Како може Општината да прави договори со фирми и да рекламира видеокамери без претходни усогласувања со Дирекцијата за заштита на податоци. Па, тие законски рамки, прописи и правилници за приватност не постојат од вчера. Ниту, пак, ние сме од вчера“, вели Стојановска.

Од Општина Аеродром потврдија дека по првичната идеја за поставување камери заради зголемување на безбедноста на децата, проектот бил стопиран по сугестија на Дирекцијата за заштина на лични податоци.

„Проектот стартуваше со поставување две камери во детското игралиште во населбата Ново Лисиче, но во меѓувреме Дирекцијата за заштита на лични податоци посочи дека на тој начин се нарушува приватноста на граѓаните, по што Општината реши да се откаже од реализацијата на овој проект и ги отстрани видеокамерите“, информираше Маја Манчевска, портпаролка на Општина Аеродром, и додаде дека од истата причина воопшто не биле инсталирани вакви уреди на другите игралишта.


#
Статијата е прочитана 1372 пати.

Испрати коментар

Од: Sasko
Датум: 08.08.2011 00:46:40
Што не излези сега градоначалникот да ја обвини комисијата, како што го напаѓаат уставниот суд кога ќе поништи некој закон?
Од: roditel
Датум: 08.08.2011 01:34:49
Ne e do zashtitata na privatnosta na decata, tuku vido kamerite da ne nimat nekoj nervozen policaec kako puka sred bel den i koga ima deca, vo nekoe kuche. Shto da pravime, koga ima takvi nervozni revolverashi, brzi na chkrapalo. Se` beshe shminka predizborna...jasno e kako den...polovina raboti ostanaa nedopraveni, a kako trgnalo taka i ke ostanat. Ekonomska kriza imalo. Ja majkata, vcera da ne zapochna ekonomskata kriza. Dobro e shto spomenicite se izgradija pred krizata! Psihotichna odlepenost na vlasta od realnosta!!!!
Од: Risto Nacevski
Датум: 08.08.2011 10:16:48
ZIveev vo N.Lisice a sega se preseliv vo Karpos 2 - Opstina Aerodrom e za 10 god ponapred od Karpos kade nema ni igraliste sovremeno nitu ulicite se cistat kako vo N.Lisice 2 pati nedelno. Dvorovite okolu zgradite vo Karpos se UZAS od GUBRE. Se nadevam deka nekoj odgovoren ova ke go procita...
Од: До Ристо Нацевски
Датум: 08.08.2011 14:34:42
Врати се во Ново Лисиче,ти не си за во Карпош!

Најди! во Утрински
Скопје
Украинците по втор пат доцнат со испораката на автобусите
Животинско царство пред Зоолошка

"""